Идолите и нивниот приватен живот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од irrelevant, 13 март 2019.

  1. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    1.665
    Од таа темата за Мајкл Џексон ми дојде инспирација прво да се запрашам јас дали моите идоли се добри личности и доколку не се дали би ги сакала исто како до сега и видов дека ко за инает пола се луѓе за никаде, еден имам дури и силувач и киднапер. И што знам пак неговите филмови ми се омилени и пак него ќе го кажам кога ќе ме прашаат за омилен режисер, небитно неговиот карактер и живот ама ич воопшто. Како човек е катастрофа, ама како режисер е генијалец.

    Сега, дали вас кога ќе ви се спомне некоја омилена личност или идол, си замислувате и барате комплетно оформена личност или небитно каков човек е приватно додека добро си ја работи работата за која го обожавате?
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Elenpelen

    Elenpelen Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Омилените личности од светот на уметноста и спортот, пред се, ги ценам поради делото кое го творат. Но, да бидам искрена, секогаш ме интересира и какви се во приватен живот. И да, за работата си останува ставот и почитта, ама доколку се работи за личност по мој вкус, уште повеќе се воодушевувам.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    До сега сум немала ниту идол ниту омилена личност од познатите, ниту сум се замарала со нивните приватни животи бидејќи не ме интересира тоа.

    Но ако некој пеач или глумец или што и да е го слушам/гледам ме интересира само тоа професионалното, ако добро си ја работи работата и е професионалец во неговата област што има да ме интересира неговата приватност, никој не е совршен ниту идеален па така и они.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    20.786
    Па искрено баш ме заболе ку*ов ако некој праи добра музика и филмови или добро глуми, ако е е*ан педофил, силувач и слично.

    Али ок, затоа истите си ги прчат, поради луѓе без морални вредности, исто како нив..
     
    На Lella, sj *O*, Justicija и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Џеки

    Џеки Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2018
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Ако некој уметник ми е идол тоа значи дека покрај тоа што одлично си ја врши работата треба да е и приватно добра личност.Ако не е тогаш не му се восхитувам и нема да ми биде идол.Затоа што прво треба да бидеш човечен па се друго по ред.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    7.506
    Допаѓања:
    35.617
    Пол:
    Женски
    Немам идол, имам само личности чие дело го почитувам повеќе за разлика од некои други. Едноставно, ми се допаѓа како глумат, како свират, каков глас имаат, каква музика прават и слично. Ако во приватен живот се скромни, приземни, хумани, тоа само им е плус во мои очи. Но, и кога нивниот приватен живот би бил проследен со скандали, тоа не значи дека нема да го ценам нивното дело. Така да, она што ме освојува е сепак кариерата, а не приватниот живот.
     
    На sj *O*, AnnabelLee, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. cash

    cash Активен член

    Се зачлени на:
    5 март 2019
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    182
    Како што кажа @Bitter-Sweet она што го ценам е нечие дело (песна, филм, глумење, лидерство, откритија итн), додека карактерот не е секогаш нешто што може лесно да се процени зашто ние го гледаме она што таа личност нам ни го покажува. Мислам дека многу попознати личности што ги сметаме за идоли, се лишени од приватен живот, што е тргично. Како и да е, тоа не ми е точка на интерест, туку нивните дела.
     
  8. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    27.377
    Пол:
    Женски
    Немам идол, но кога ми се допаѓа некој актер/ка пејач/ка или било што секогаш проверувам на Википедија за нив од кариера па се до приватниот живот.
     
  9. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    3.568
    Nemam idoli, no glupi potezi a osobeno kriminalno pedofilsko shovinisticko prevarantski karakteri lesno mi se odmiluvaat i kaj obicni luge i kaj zvezdi/umetnici. Siluvach - nema da plakjam za da ja konzumiram negovata umetnost. Nit pedofil. A dali bil alkos il se drogiral kockal, malku mi vlijae. Pedofilija i nasilstvo se dno dna.
     
    На sj *O* и Gosh им се допаѓа ова.
  10. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Идоли ми се отсекогаш и инспирација Еминем од машките и од женските Бритни Спирс. Сепак мислам дека некој кога има идоли има некоја насока на животот и став. Ценам ги посебно тие што од ништо направиле нешто без криминал итд...
     
  11. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    3.508
    Допаѓања:
    10.012
    Пол:
    Женски
    Идол ми е татко ми, не е јавна личност ама идол ми е.
    Цел ми е во животот да бидам подобра од него и да го надминам.
    Од јавни личности може да се каже дека Меси ми е ,,идол”.Не дека сакам да бидам фудбалерка хахахај ама го обожавам и фаворизирам уште од мала.
    Ми беше secret crush.
     
  12. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.029
    Допаѓања:
    3.468
    Имав идол една странска пејачка која не е многу позната во светски рамки, туку само во нејзината земја. Откако на тв емисии ја гледав како зборува колкав пенис имал партнерот нејзин, и со рака покажуваше цм, и откако видов дека на една емисија буквално цицка и испадна од фустан, а таа се смее, па видов дека за пари инсталирала дома камери да ја снимаат што прави 24 часа, а имаше и секс сцени, се згадив. Не мора да е мојот идол којзнае што, сите сме луѓе, но барем ако има некоја скромна, и хумана димензија, ќе го ценам. Ако е арогантен, а добро пее, глуми, нема да ме импресионира. Друго луѓе од јавниот живот во земјава, со дел се знам, заради работа, ретко некој скромен, сите фалбаџии, умислени, глумат ниво, а немаат култура, само за јадење и за пиење гага, било што гага, секаде каде ќе се појават го прават тоа од интерес за градење на лажен имиџ, хуманост скоро ич. Катастрофа.
     
  13. nextredstyle

    nextredstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    3.565
    Пол:
    Женски
    Имам идоли кои се познати личности.Не ме интересира секој аспект од нивните приватни животни,туку само нивното однесување кон луѓето насекаде,односно дали искажуваат повеќе позитивни од негативни емоции.
    Ја ценам нивната работа,а нивните маани не ми се битни.
     
  14. Emma2

    Emma2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    3.534
    Пол:
    Женски
    Стара сум за идоли,ама ако некој ме бендиса со глума, пеење, водител пр. или можеби и политичар, а и од други области општо, знам да ѕирнам во приватниот живот од тоа што е објавено за истиот. Ако прочитам нешто што се коси драстично со моите погледи и ставови, нема да ме бендиса тоа и после ми влијае врз понатамошното "симпатишање" , приватниот живот ми е основата, шо знам, сакам комплетни личности :)
     
    На Nausicaa, Tanjamm и Џеки им се допаѓа ова.
  15. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.490
    Допаѓања:
    34.263
    Пол:
    Машки
    Твитер не е приватен живот, ама темава ме потсети на ова:
    51685942_287979828544717_1664537369648579084_n.jpg
    :lol:
     
    На Snow-Star и sj *O* им се допаѓа ова.
  16. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.414
    Допаѓања:
    21.312
    Пол:
    Женски
    Искрено, не знам како некој може да почитува јавни личности за нивните дела и покрај тоа што се покажало дека се одвратни личности. Не викам да им се почитуваат делата, ама самите тие да бидат имуни на критики бидејќи имале големи дела, не доаѓа предвид. Баш вакво нешто се случи во МЈФ за Милчо Манчевски.

    Има многу луѓе на кои потсвесно им се восхитуваме како резултат на нивните дела, а воопшто не треба, земајќи предвид какви личности биле. Никој нема да ме натера да почитувам личности како Фројд, Ловкрафт, Гогољ, Кристофер Хиченс, колку и да им се генијални делата.

    За идолизирање не станува ни збор, за некој да ми биде идол, пред сè треба да ми биде репер за однесување во секој поглед, а не да треба да замижувам на нивните испади. Тоа што си уметник, научник или писател не ти дава право да бидеш лоша личнсот.
     
    На Someonespecial, Briar Rose, Heavencanwait и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Heavencanwait

    Heavencanwait Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    A zasto Frojd?
     
  18. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.414
    Допаѓања:
    21.312
    Пол:
    Женски
    Па, на пример, ја има спуштено целата комплексна човечка психологија на ниво на сексуални инстинкти, веројатно пробувајќи да ги оправда своите налудничавости.
     
    На Briar Rose и Heavencanwait им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    1.918
    Допаѓања:
    9.031
    Пол:
    Женски
    Талентот или интелектуалната способност не го сочинува целиот карактер на една јавна личност, и секако тие не се единствените аспекти кои им се прикажуваат на општеството.

    Со други зборови, не е доволно само да си талентиран или паметен за да бидеш добра личност, а воедно и role model - целокупниот човеков карактер е широк и мошне комплексен спектар.

    Меѓутоа, "halo effect" како когнитивна пристрасност, предизвикува константна грешка во перцепцијата која човекот ја создава за една јавна личност, односно базирано врз талентот или интелигенцијата, се креира чувството на оправданост на негативните прикажани карактеристики.

    Поради тоа, од психолошки аспект, сосема ми е јасно зошто некои луѓе идолизираат јавни личности, и покрај тоа што тие не поседуваат добри и примерни особини.

    Што се однесува до генијални научници и други творци кои инаку во реалноста се покажале како одвратни личности, имам тенденција да ги почитувам само нивните дела, пронајдоците и научните придонеси, но само до тука е мојата граница.

    Типичен пример за ова е Jack Parsons, кој и покрај тоа што бил брилијантен ракетен научник, изумител на првиот ракетен мотор и пионер во развојот на течни горива и цврсти горива за ракети, тој исто така бил и окултист - бил фатен како танцува гол околу оган за време на ритуал и се обидел да го повика античкиот бог Бабалон на земјата. И токму поради неговата поврзаност со окултот, тој повеќе не можел да работи во својата научна област.

    Така, и покрај тоа што тој имал голема улога во ракетната наука, јас лично никогаш не би можела целосно да го почитувам Parsons како достоинствен и почитуван научник.
     
    На Lella, Someonespecial, BoneMachine и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    78.780
    Зависи од големината на личноста и за какви пороци или дисфункционалности станува збор. Некои личности мора да се почитуваат за своите изуми или достигнувања и тука нема простор за лични чувства на симпатии и антипатии. Може нема да ти е идол заради одредени негови карактеристики ама генијалноста заради која светот се променил на некој начин, мора да е почитувана. Друго, колкав ни е нас прагот на толеранција за одредени работи или какви морални начела имаме и не е мерило за правилно или не. Сепак, секој според нив одлучува кој ќе го земе за идол а кој не. Субјективно.
    Трето, колкава самобендисаност, високо мислење за себе треба да имаш за да ги сумираш книгите и личноста на Фројд во една потценувачка реченица ко да збориш за збирка песни на комшивка ти Маре? О да, модерен феминизам.
     
    На M.B. и Peppermint им се допаѓа ова.