Влакната по цело тело ми се познаваат. Ситни, поголеми, на стомак, на грб, насекаде...Ми е срам да облечам кратка маичка, а не пак да се соблечам во бикини. Знам дека постои крема за ибелување на влакненца, меѓутоа не можам никаде да најдам таква крема. Дали знаете каде можам да најдам такво нешто или пак дали во козметичките салони постои таков третман. Молам за совет или помош очајна сум
Јас порано користев средство за избелување на влакненцата, ама само над усните... купував во парфимериите прашок во ќесички кој се меша со 6% хидроген и се добива како паста која треба да стои 5-15 минути. Не знам дали има за цело тело, ама колку е тоа добра опција? Ќе треба да ги избелуваш редовно, исто како што е со депилацијата - не си размислила за таа опција ако толку ти пречат влакненцата?
на таков прашок не сум наишла а во парфимериите и аптеките ми нудат само крема за изретчување и истенчување на влакна. А таква крема, за избелување има на Чупко и LYCIA ама никаде не можам да најдам од неа
VEET имаат ваква крема, не сум сигурна дали ја има во супермаркетите кај нас ама сигурно ја има во Бугарија и Грција.
za izbeluvanje se koristi i 3% mlecen hidrogen. ama za celo telo....ne e resenie posto cesa so susenje i novite sto rastat treba da se belat. ova so hidrogen moze za pomala povrsina.
Другарка моја користеше од парфимерија како што се за потемнување на тело, ова беше за избелување на влакна. Не знам точно како се викаше, но таа беше многу задоволна Прашај по парфимерии да не има нешто такво.
Јас порано ги избелував влакненцата над усните и на стомакот, не се сеќавам како точно се викаше средеството за избелување. Но преминав на депилација, која според мене е поефикасна.
ја користев кремата од чупко ама веќе ја нема никаде кај нас а сега пред 1месец ја купив андина од јуник и ептен ми се погоди ..инаку ги избелувам влакненцата на рацете...
a, te molam kazi mi na kolku vreme treba se vrsi postapkata, t.e. da se izbeluvaat? zs jas sakam na nadusnicite i pod papokot da gi izbelam i da, kolku cini taa krema andina?
има две смеси и треба да се измешаат пишува во упатството ...откако ќе се нанесе треба да се остави 10 минути па да се измие со млака вода ...и после ти се бели јас ја земав 350 или 360 денари ..убаво е што месец дена трае ефектот на избелени влакненца прашај уште нешто ако треба тука сум
Навистина ли трае ефектот еден месец Бидејќки јас сакам да ги избелам влакната над усните. Но размислував и за депилација со Veet.
па од прилика 1 месец трае ..јас порано ги избелував влакната над усните ама после почнав да се депилирам со ленти (трае подолго) сега ги избелувам само влакната на рацете .. барби ич незнам дали ја има таму мислам дека не .. оди во јуник во центар сигурно ја има таму
не не таман работа има ете од прилика на пример -за 5пати да си ги избелам влакната на рацете ...сега количински незнам како да ти кажам
Еднаш нанесов избелувач, пред неколку години, мислам дека беше а Веет, се мешаа некои две смеси. Можам да ти кажам дека резултатот беше катастрофален. Влакната станаа бели, но некако се здебелија, станаа остри и многу повидливи. Сите ме заприметуваа, и беше стварно грозно. Од тогаш се депилирам, влакната станаа поретки. Само депилација и тоа кај козметичар кој знае што прави. И евентуално консултирај лекар, дерматолог и ендокринолог. И не се секирај повекето жени мака мачат со влакната, повеќе од колку што може да се примети.
И јас ја користев оваа ама ја немаше во Јуник пред некои 10тина дена а пребарав и по парфимерии и аптеки не ја најдов никаде. Инаку таа од Чупко беше уште подобра ама таа одамна ја нема. Ако некоја знае каде има било каква нека сподели со нас.
Значи со крема за избелување само бели стануваат, не малку посветли од природната боја на влакното ? Прашувам за веѓиве
Моите обелеа, баш бели, уште кога ке застанев на сонце, катастрофа. Можеби најдобро е пред да го нанесиш да направиш проба, на пример со влакна од коса. Не ризикува директно на веги.