Избор на автошкола

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од PetiteCherry, 4 август 2011.

  1. PetiteCherry

    PetiteCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    35
    Наскоро планирам да почнам да земам часови за кола, па ме интересираат искуства и добри понуди од некои автошколи. Многу одат во АМСМ, ама претпоставувам дека нема голема разлика во квалитетот со други автошколи, се е до инструкторот, ваљда разликата е само во цената.
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.463
    AMCM мислам беше поскапа од другите. Така збореа и не знам нешто врските повеќе пасувале, ретко да паднеш. Ова што сум слушала само. :)
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.380
    Пол:
    Женски
    Јас замав часови во АМСМ па поштено си паѓав градска( неколку пати :lol: ), а полигон и тестови од прва. И не само јас туку сите си го поминуваа редот, додека возев често се случуваше да му треба на некого колата за да полага и одев во парк или на полигон, и не сретнав ни еден што положил од прва, рекорд е од второ полагање да се положи, а буткаат и по 7 пати. Нема врска дека ако земеш часови во АМСМ полесно ќе положиш.
    Така да нема правило, во принцип комисијата е фина ( со неколку усклучоци ), се зезаат особено тие старите, не те паничат, ама таква им е политиката, демонстрираат строгост затоа што им се може, дури и претеруваат. Една комисија е, немаат конкуренција, немаш избор и така оди тоа.
    Важно е да си упорен ( и да имаш пари затоа што првото полагање е околу 6 000 денари, после секое е по 2000, а после третиот пат мислам дека е 1700, секој час т.е два часа- еден ден дополнително возење, вон редовните часови е 1200 денари, плус таксени на уплатница за полагањата, плус редовните часови, плус 1200 лекарско, 1200 прва помош, 1200 пробен тест...тоа ми текнува сега, во секој случај многу пари се)
    Сеедно е во која школа ќе ги земеш часовите, важно е да ти се погоди инструкторот, да има нерви и да знае да ти објасни, исто така треба да ти ги покаже цаките каде што буткаат ( сокриени знаци во лисја, извадени знаци, некои безвезе улички, возење по Ленинова во шпицот... ) а не да те вози по празни улици па после оди полагај.
    Ако случајно бирате инструктор и не ви се погоди немојте да се срамите да го смените.
     
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.904
    Јас полагав со автошкола Џовани. Кај бензинската Макпетрол во ДМ. Добри се.
     
  5. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    некоја добра автошкола во Скопје ( Центар, Кисела Вода) дали знаете?
    и колку се плаќа одприлка , дали може на рати ?
     
  6. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    10
    Авто школа Шкорпион инструктор Тана жената е врв,во петокот положив градска обуката и трпеливоста е тоа што му треба на секој почетник.Пишете ако сакате број може и на рати мислам
     
  7. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со авто школа Ада и ако може да сподели?
     
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    16.139
    Пол:
    Женски
    Прашањево си го поставила одамна, ама тек сега го видов па си викам да ти пишам, доколку се уште бараш одговор. Јас полагав во автошкола Мартин, таа се наоѓа веднаш до градска општа болница „Св. Наум Охридски“, спроти Собрание, и имам само пофалби за нив. Секогаш спремни да те ислушаат, да ти помогнат со трпение и разбирање, колите им се на место, никогаш не ми прекинале час порано зошто му требало колата на некој друг, не сум возела само по прави празни улици туку инструкторот ме тераше да возам до приградскиве населби на подолга релација, низ центар во сообраќајот, па нагоре на Водно, па до Матка, па во различно доба од денот (сред пладне, наутро, навечер), за да научам како да се снаоѓам во различен сообраќај, на различни патишта, и во различно светло.
    За цена не можам да ти помогнам бидејќи одамна полагав, а оттогаш знам дека се сменија и цените и начинот на полагање, така што би можела да се јавиш и да си прашаш за сигурно (единствено што знам е дека тогаш можеше на рати, па сигурно би можело и сега). :)
     
    На marijaz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    220
    Пол:
    Женски
    Некој сега да помогне околу избор на Авто Школа? :)
     
  10. nadcence

    nadcence Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Nade instruktorka I nikoj drug
     
  11. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    5.220
    Пол:
    Женски
    Која авто школа би ја предложиле како резултат на сопствено или туѓо искуство? Која би ја искритикувале негативно?^_^
    Не е да се помине само поевтино, работата е да се најде авто школа која ќе те направи солиден возач за пример.:handshake:
    Сите знаеме дека најдобар пакет би било солидна авто школа со примерна цена. Постои таква? :)
    Верувам дека темава би била од корист за многумина и нема да се смета како реклама, туку помош.(fingers)
     
  12. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.211
    Пол:
    Машки
    Еден мој другар сега бргу полагаше преку Мобилити, па беше задоволен. Релативно е. Зависи од поединец до поединец. Ова е за Скопје.
     
    На Insatiable13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    5.220
    Пол:
    Женски
    Секако зависи и кој инструктор од одредена авто школа на кого бил нели... :)
    Кога сме кај тоа, смее да се бира инструктор?
     
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    88.121
    Пол:
    Женски
    Искуства со автошкола Шкорпион? И кој инструктор од таму би ми го препорачале?
     
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    88.121
    Пол:
    Женски
    Воопшто не сум задоволна од АС Коко, ама воопшто. Тотален непрофесионализам, немаат доволно вработени, доволно коли, те влечат со месеци за 18 дена да извозиш. Згора на се исфрустрирани инструктори шо очекуваат да знаеш како Шумахер да возиш, ништо да не се помачат да те научат.
    Катастрофа, на никој не му ја препорачувам, да знаев порано, никад немаше да уплатам тука.

    Другар ми со М22 има ептен позитивно искуство, другарка ми со Селика. Да требаше сега да почнам М22 ќе ги изберев, другар ми се најдобро кажа за нив, а и во поглед на цена супер поминал. За месец дена и теорија и часови и се си заврши. Ја од почеток на јули почнав, еве уште ме влечкаат. :)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ZAHRA

    ZAHRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    12.294
    Пол:
    Женски
    Вчера кога поминував према Аеродром и во автомобил на АС Коко ученик и инструктор.Ученикот си вози и збори на телефон инструкторот ништо си гледа право и ќути (facepalm).Јас вчера бев во Селика па се мислам дали таму да уплатам или Зебра.Дали има некој задоволен од Авто школо Зебра?
     
    Последна измена: 28 август 2019
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    88.121
    Пол:
    Женски
    И мене истото ми го прават. На телефон си седи инструкторот и не ме рецка. Ако не им е денот ми викаат.
    На почеток какви навреди добив, одамна немале ваква што не знаела лента да држи, за џабе му биле парите што ги земал, како од дома не пуштале вака да не знаеме да возиме, а ја првпат пред волан седнав и нагласив дека ептен првпат ќе возам, не знам што очекуваше, од први 2мин возење јас да сум експерт. :)
     
    На Moon.Girl, ZAHRA и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Marina*F

    Marina*F Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Пожали се кај газдата, има снимки може да провери
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    88.121
    Пол:
    Женски
    Долга приказна е тоа, кој бил во автошколава знае што зборам... :)
    Инаку извозев така да готово веќе, туку чисто може на некој да му послужи како искуство ако случајно бира и се мисли за автошколава. :)
    И една познаничка не била задоволна од автошколава, иако и била друга инструктор што мене не ми беше, не и објаснувала ништо и воопшто не била посветена на работата. Касно ми текна да се распрашам. :)
     
  20. Marina*F

    Marina*F Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Жал ми е, распрашај се за дополнителни часови во друга авто школа (ако постои таква можност). Со лесно! :)
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.