Здраво, Дали има некој што ќе запишува прваче во школо оваа година, или пак искуство со некои од основните училишта во општина Центар? Некоја препорака, критика...
Јас завршив во ОУ Кочо Рацин наставничките од 1во до 4 беа прекрасни стварно, не беа престроги, а не научија многу и ни дадоа добра основа.. предметните наставнички беа добри, само што јас учев во клас со премногу врски, ова-она и класната премногу ги бираше и делеше децата, со цел да се истакне самата себеси .. но пред се се здобив одлична основа и сега во средно ми е многу полесно отколку на други деца... Всушност сега сите предметни наставнички се менуваат ,повекето одат во пензија, така да се надевам дека ќе дојдат подобри Сега интериерот не е многу фантастичен но ги реновираат тоалетите и го кречат школото..така да тоа е супер и мензата е целосно реновирана ..училниците се прилично добри и тоа е тоа... Топло препорачувам,само да се погоди класот и наставничките од 1 до 4 и НЕ би ги препорачала Гоце Делчев ии 11 Октомври..мислам спред резултатите што ги покажуваат децата во средно иии Песталоци е исто така добро со среќа со изборот
Тоа со врските во КР уште повеќе било изразено сега. За Песталоци слушам негативни критики за кадарот, а се мислиме за Гоце Делчев
^ Гоце Делчев немојте, немало дружба никогаш и многу двоење меѓу децата имало, пред се за финансиите, а и не се добива некое квалитетно фундаментално образование. Всушност, во Центар училиштата се со поделби на децата и гооолемо сепарирање, недружба и групирање, т.е раслојување на децата. Јас имам учено во едно основно во Центар, братучетка моја во друго, а и наши пријатели го отпишаа од школото ради она што го спомнав погоре... Многу комплекси за мали деца, мој совет немојте.
Зашто 11 Oктомври не? Глупости, тоа е едно од најдобрите и воедено и најстарите школи во Скопје. Прашајте само колку деца од тоа школо се запишале после во добри средни школи и каква основа добиле. Имало и ќе има лоши наставици, ама одсекогаш имало и предобри. Геос нема кој не го знае, наставник ипол. Малку се смениле работите од порано, но дaлеку од тоа дека е лошо школо или не е за препорачување.
Ми требаат повеќе имформаци за основното училиште "Кирил Пејчиновиќ", сакам да го префрлам детето. Може и приватна порака да ми пишете