Мислам дека нема ваква тема. Како сакате да одете на плажа? Дотерани со интересен накит, убава шапка за на плажа, голема чанта и сл. или пак воошто не се заморувате со тоа како изгледате? Јас сакам да носам нешто интересно и минималистички, ама не ставам шминка. Се крстам кога гледам како некои се шминкаат и за на плажа.
на плажа јас конкретно убави наочари, квалитетен костим за капење, косата фатена во реп лицето чисто се разбира(во неделата во Охрид ја видов една имаше ставено 100кила пудра на лице едно кило фосвор карамин косата пеглата хаос) голема чанта со крпа добро списание масло за потемнување и заштитна крема со фактор лабело за уста Росал го обожавам чешел за коса шешир јадранчиња во боја иста како костимот за капење фустанче ленено претпочитам или памбучно се разбира и Миме е спремна за на плажа ова сум јас а и се разбира шише вода и сокче при рака
Апостолки или гумени сандалки, костимот да ми одговара со облеката (тоа најчесто сукњичка или шорцеви и некоја маичка со минимална големина). Пешкир по потреба. Крем со заштитен фактор или масло за сончање (зависи по кој пат одам), карти, можда книга или списание. Косата зависно од расположение, може пуштена, може и во репче или пунџа, може и со марама. Обавезно очила за сонце, а некогаш и сламено шеширче. Спојлер Едит: шминка во НИКОЈ случај, па дури ни тогаш
нема нешто поодбивно од нашминкана девојка на плажа. исто така и штикли не доаѓаат во предвид. мн ми е селски тоа. се знае на плажа како се иде. шеширче, наочари, купаќи, апостолки, голема ташна ( со лосион и други 300 чуда во неа ) ... може алкички или обетки ама се во граници на нормалата . сигурно нема некој со штрас ili циркони за на плажа. што не иде не иде.
со штикли и со кило пудра може да се видат девојки само на некоја охридска плажа и на ниедно друго место се знае добри наочари за сонце , лесна облека (кратко фустанче или некои кратки панталончиња ) , косата задолжително фатена , шеширче може и не мора зависи од приликата и обавезно добра торба за на плажа која ке одговара со апостолките и ке биде практична да си собере се она што ми е потребно ....телефон , млеко , книга можеби и пешкирче
Купаќи,некое лесно фустанче или близичка со пантолончиња,косата фатена во реп,шешир,апостолки и голема ташна во која ги носам работите кои ми се потребни за на плажа (млеко за сончање,мобилен...) Без грам шминка Многу ми е одбивно кога ќе видам нашминкани на плажа
Никако не ми иде на плажа да одам со штикли, шминка или па накит....треба да се разграничи што и каде се носи. Строго коса собрана во пунџа, лесно фустанче, апостолки, купаќи и торбица. Единствен моден детал ми се наочарите и литро вода во рака. Ни мање ни више.
Наочари за сонце, минимална облека, костим за капење, апостолки или сандали, косата зависи од расположение, торба, масло за сончање, пешкир, може и шеширче и нормално се во тон шминка во НИКОЈ СЛУЧАЈ
Купачи,наочари,некое лесно фустанче или шорц,апостолки,торба внатре во неа има лабело,малку пари,некои грицки,вода,телефон,крпа воглавно тоа е.
За да не се повторувам истото како другите еве вака идам на плажа опуштено без штикли и шминка, па не идам на бендисување туку да се одморам и да уживам. Единствено обрнувам внимание на тоа што го носам да ми е ускладено.
Купаки, наочари, шешир, млеко за сончање, вода, голема торба, пешкир, некое фустанче или шорц и маичка, никаква шминка мн нормално, косата исто така обична, пуштена или врзана сеедно, и апостолки.
Јас сум од оние кои доста се замараат со тоа како ќе изгледаат на плажа, дури на моменти мислам дека претерувам! Еве периодов се спремам за одмор, купувам се што ми треба па гледам да ги усогласам работиве! Си купив туника за на плажа (не знам како се викаат тие тенки (прозирни)што се носат за на плажа де ), и спрема тоа купив и апостолки исти, па и торбата ја намерив слична (а имам дома многу торби за на плажа ама ни една не одговараше на новата комбинацијата ) Косата ја носам собрана па и стегачот ми е во иста боја како купачите,ставам и венче за да не ми испаѓат шишките (бојата на венчето исто не е случајно одбрана ), задолжително си носам наочари за сонце! Сега може смешно ќе биде но дури и на лакот за нокти пазам (претерувам знам)Деновиве се подновив со лакови во иста боја како купачите! Не обожавам нашминкани и накитани тела со накит па затоа си носам мали обетки кои одговараат на купачите. Ова можев да го избегнам ама не можам да бидам без обетки(стало носам) па затоа одбрав помали и едноставни обетки само за да не ми фали нешто на ушите оти се таму ќе ми е раката! (и за тоа претерувам,знам, ама уживам во секој детал од мојот физички изглед за на плажа) Другоооо...ме мачи еден проблем , шешир не најдов во замислената боја па си купив кремаст, мислам дека ќе ми одговара на сите костими за капење па нема да имам утка! Спојлер Дечко ми на сето ова вели-лигавеееешш,ама тоа е...поинаку не знам и искрено сакам да бидам тип-топ средена за да се осеќам убаво!
-купачи -очила за сонце -некое летно лежерно фустанче- кое секако ми оди на купачите или шорц и маичка -апостолки -шешир или марама за на глава -некој ситен аксесоар-обично обетки кои не паѓаат лесно -торба за плажа, а во неа сите потребни ствари( крпа, млеко за сончање, добра книга, вода/сок) -косата собрана високо Мислам дека тоа е тоа, не испуштив ништо.
jas od doma sioblecuvam kupaci ама од горе или некое фустанче или кратки пантаонки и маичка...ташна во неа се неопходно нормално (мобилен не носам на плажа) си сакам цел ден релакс наочари за сонце обавезно,сок/вода некој чипс или други грицки апостолките на нозе и шибам шминка јас освен на излеване не ни ставам во обични денови камо ли за на плажа Морам да споделам од овој викенд нешто: иде типката на фармерки штикли и маичка на плажа шминка еден тон очите само и шетат горе доле лево десно,после некако свати дека сите ја гледат како вонземјанец (на плажа во фармерки мама миа) се соблекува одма топлес и плас во вода,и ок тоа излева од вода шта да ти причам црно кафено црвено лицето хаос и одма седна да си се среди пред огледалцето во рака,за на крај типката да биде од Струмица (моја сограганка) ама од кајда ја знам кога е 91-ва година родена и нај јако од се беше кога ми рече...не знаев дека има Македонки во овој дел од Словенија ( е не ние само до граница идаме )
Кратки пантолони (црни или бели)или скуна(црна или бела),блуза по рамчиња обавезно.па мора да сум црно-бело,цела имам една ташна,спортска црна е скроз и патики бели,костумот ми е црно бел..косата во реп,шминка не,убетки и ланчиња не,лонсион за сончање,мобилен,слушалки,вода..
Околу тоа како ќе изгледам на плажа не се преоптеретувам многу. Одам таму да се релаксирам и да избегам точно од ова добро познато секојдневие во кое секојдневно се замарам со изгледот, а не да глумам лудило на плажа замислувајќи се дека чекорам по модна писта. Купачите облечени од дома, врз мене само една марама интересно заврзена, наочари за сонце , шешир , косата собрана високо горе. Со мене носам малку поголемка ташна во која имам сретства за сончање, пешкир, некоја добра книга или списание, наочари за под вода ( водна жаба ) , мобилниот и слушалките (сончањето без нив не е тоа ) и некои други и не толку потребни работи. Шминка за на плажа во никој случај. Накит не практикувам да ставам, некако не ми е практично. Ќе одам да се бајнам со ланчиња и нараквици по мене. Неможам ! Повеќе се замарам со тоа како ќе изгледам пред да одам на одмор. Тогаш внимателно бирам купачи, и навистина сум пребирлива и повеќе време ми треба додека да ги пронајдам совршените за мене. Ташна,шешири, апостолки , наочари се купувам тогаш и кога веќе сум таму буквално не се замарам. Опуштена сум 100% без да размислувам кој ме гледа, како изгледам и што мисли.
со изгледот на плажа може би звучи лошо но не се замарам купачи на мене, врз мене некое летно фустанче, на нозе апостолки, ташна нешто поголемка да собере се за сончање, пешкир и некоја книга, косата фатена во репче или пунџичка и стигам на плажа и веднаш во вода. Оној стил шминка, 100 кила пудра штикла на плажа ме ежи (упс ова беше за друга тема ) не баш така е не идам да терам шема туку одам да се релаксирам, одморам и тргнам од секојдневието.