Имам 25 години и имам еден проблем. Цел живот си набивам невидено темпо и сакам да бидам совршена, најдобра во школо, најслаба и најзгодна најубава најдобра. Така живеам уште од седмо одделение. Во школо бев секогаш најдобра, но тоа како да не ми беше доволно. Длабоко во себе се сметав за глупава и безвредна. До шесто одделение бев дебелка и тој комплекс ме следи се до ден денес. Развив разни пореметувања во исхраната, се изгладнував до ненормален степен, јадев, се прејадував како луда па пак на диета и некако ја одржував тежината што ми варираше по 3-4 килограми. Станав опседната со храна, немаше минута а да не помислам на неа. Бев многу затворено девојче и никогаш со никого не се карав, бесот си го чував во себе. Дома моите ме гледаа дека јадам но не правеа ништо за да ми помогнат ме оставаа и за се така ми правеа од страв дека ако ми речат нешто ќе се налутам и ќе ги мразам. Уште од многу мала бев многу различна, дури на моменти мислев дека сум мрдната. Паѓав во депресии и јадев, па ќе се расположев и на нова диета и се така дури не дојде тој во втора година. Тој беше посебен, совршен и најубав и јас се заљубив уште првиот пат од кога го видов. И покрај заљубеноста продолжив со јадењето. И тој се заљуби во мене и за некое време, после прилично сплетки се фативме. Заедно бевме непобедливи. Тој ми помагаше мене со моето пореметување во исхраната, ме тешеше во најтешките моменти, со еден збор ме извлече од длабоката дупка во која тонев. Ме чуваше како мало детенце кога ми беше најпотребно се грижеше за мене. Ми беше се и јас на него. Нема збор да опишам каква љубов беше тоа. Јас бев уверена дека тој е вистинскиот, дека ќе се венчаме и ќе имаме деца. Единствениот проблем беше што неговата сестра ме мразеше и секојдневно ни ја уништуваше врската. После пет години се изнаслучија триста глупости и ние раскинавме. Тогаш јас имав 21 година. Оттогаш па наваму јас сум едноставно изгубена. Не живеам. Во последно време прекинав и со диетите и сега само јадам. Веќе облеката не ме збира а не сакам да купувам нова со надеж дека ќе ослабам. Животот ми е пекол. Избегнувам да излегувам, веќе не сакам да се дружам, се оддалечив од фамилијата и постојано само мислам начини како да си го сменам животот. Ќе почнам два-три дена нешто ново и пак се враќам на старото. Што да направам, како да си помогнам?
размислувај позитивно !! излегувај со другарки зближи се со твоите помагај нешто по дома не мисли на тоа што поминало мисли како да продолжиш ! биди позитивна смеј се и за мали работи тоа ке ти помогне ако мислиш на лоши работи се повеќе ке запаѓаш во депресија ти посакувам се најубаво од срце!
Имаш криза во животот од која итно ти е потребна да излезеш. Моја препорака е да се посоветуваш со психолог. Ако си заинтересирана, можам да ти помогнам, познавам еден добар психолог
Мариса, мораш да посетиш психолог, ние тука навистина не можеме да ти помогнеме, ниту пак мислам дека можеш самата.Целата состојба предолго трае, со добар психолог можеш да си го врати животот во нормала. И ако мене ме прашуваш, мислам дека во тој дечко повеќе си гледала како на човек кој те извлекувал од сета збрка, отколку како дечко во права смисла на зборот. Не се измачувај, млада си и среди си го животот побрзо.
Побарај стручна помош,штом проблемот подолго трае. Дали знаеш зошто започнало се ова?!Која е иницијална каписла,која е таа точка каде што се ова почнало?! Јас мислам дека тој дечко тебе ти бил само продолжение на делот кој ти го немаш,тоа е твојата сигурност.Мора да стекнеш доверба во себе за да можеш нормално да продолжиш да живееш,во спротивно се ќе оди надоле. Треба да разбереш дека животот не се состои во тоа да станеш совршен,туку да го направиш да биде удобен,а удобен ќе биде ако живееш балансирано во секој поглед.Контролата врз себе мора да ја имаш,а со тоа твое јадење само губиш контрола,а со тоа и самодоверба те потсвесно знаеш дека кршиш свој критериум и се разочаруваш.Во секој случај,перфекционизмот кај тебе е контрапродуктивен(за разлика кај некои кои водат уреден живот во секој поглед до лудило),а плус постои кај тебе оној страв од успех и сама себе си се сопнуваш.
Мисли на убавите работи во животот кои, понекогаш колку и да ни изгледаат скриени, постојат Мисли на тоа дека се ќе се среди, ќе најдеш повторно некој што ќе те сака со сето срце. Дај си сама желба за излегување, за тоа да изгледаш убаво, заводливо, да се дружиш, да посетуваш забави, настани, да се мешаш со старите луѓе и да запознеш нови... и како и предходните феминки, мислам дека колку и да збориме ние тука, најмногу би ти помогнал психолог.. Ти посакувам се најдобро
Фала многу срцки... и јас подолго време мислам да посетам психолог затоа што веќе не можам вака, но некако ми е срам и плус да им кажам на моите мислам дека ќе се разочараат во мене сега за сега ќе пробам да бидам позитвна и знам дека ве имам вас барем и сајтов кој секогаш ме расположува... ќе пробам сама повторно, ако не оди - не оди ќе побарам професионална помош
итно да си најдеш некој покрај тебе.. другарка или дечко сеедно. Ти треба поткрепа и комплименти. Некој кој ќе знае да те цени и да те расположува. Се пронајдов во мачните напори за совршеноста. И јас сум иста. Тоа можеби не е ни најмалку добро но неможам да се задоволам ако не е се совршено. Не плачам и не паѓам во депресии туку од петни жили се трудам да усовршам. Најпрво од се немој дебелината да ја сметаш за проблем. Мораш таквата помисла да ја пребродиш и ти знаеш дека го можеш тоа. Јас вложувам големи напори за да се поправам. Да не бидам слаба. Ни тоа не е лесно.
Мариса ти најпрво САМАТА треба да си помогнеш. Имаш 25 години, а си преполна со толку песимизам во тебе, жално е тоа. Кога почнав да читам помислив што ли и се случило на девојкава? Вреди да го уништуваш твојот живот со храна, со комплекси и да се чувствуваш “изгубена“ заради една несреќна љубов ? На секому му се случило и покрај толку голема љубов заради некој и нешто да раскине, ама заради тоа да се самоуништува, запоставува и спасот да го бара во храната и затворањето во себе? Каде се твоите соништа, желби, планирања за иднината ?? - Веројатно си ги оставила да заминат заедно со твојот бивши м? Не вреди во никој случај да си уништуваш живот за некој кој повеќе не е присутен во твојот живот, во твојата сегашност. И ако сакаш да “живееш“ да не бидеш повеќе изгубена треба прво во сегашноста да си расчистиш некои работи, зарем цел живот планираш да го поминеш дома? Ако сакаш да постигнеш нешто, не се потпирај само на надежта, пробај да ја поткрепиш неа, превземи нешто, така ќе почнеш да ја храниш надежта и кога ќе успееш тогаш верувај ќе бидеш МНОГУ ГОРДА НА СЕБЕ. Немој залудно да се надеваш, ако не правиш ништо за да си помогнеш џабе е надевањето, треба акција Мариса и размислување. Кажи им на родителите ако не сакаш да одиш кај стручно лице (бидејќи не е многу сериозна работата иако може да стане) тие ако те разбираат сигурна сум дека ќе ти помогнат, веројатно те знаат најдобро и сигурно ќе приметат ако нешто не е во ред со тебе, и ајде размислувај ПОЗИТИВНО , СМЕЈ СЕ и не дозволувај да бидеш роб на храната ! Како дополнителен совет ти порачувам сега одма кога ќе го прочиташ постов да земеш лист хартија и да ги напишеш твоите желби, соништа и планови за сегашноста и иднината и обиди се да ги РЕАЛИЗИРАШ една по една, со тек на време сакам да пишеш пак тука како се е во ред и да се пофалиш дека си постигнала барем една зацртана цел јасно?
Немој поради тоа да се срамиш, многу грешиш. Се работи за самата тебе и тоа ти е единствен лек. Кај нас во Македонија таков е менталитетот но батали го тоа, гледај да си направиш за тебе добро.
Мариса нема зошто да се срамиш да побараш помош од стручно лице.Не толку одамна и јас самата бев во слична сотојба и доста разочарана од се и сите.И јас како тебе не сакав да побарам помош и се измачував самата себе си.Денес се каам што толку сум дозволила да помине толку време од мојот живот на тој начин. Ќе си помогнеш сама ако си најдеш нешто што ќе те исполнува душо, земи си милениче, најди си хоби,запиши си на некој курс, ете може аеробик или нешто кое ќе ти помогне и со тежината, пишувај за тоа како се чувстуваш, едноставно најди си некој издувен филтер.И не заборавај дека секоја криза те прави посилна за понатаму. Човек без лузни е човек без борби.
Некој што може најмногу да помогне во тешка ситуација, тоа си ТИ, па после тие што те сакаат највеке (родителите, или некои со кои си блиска) Мој совет е да почнеш повеке да ги сакаш другите, и да почнеш да помагаш на сите! А ако незнаеш како, тогаш почни да ја читаш Библијата! (никогаш нема да се покаеш)
Да не ти биде приоритетно во животот што ќе зборат другите од страна. Ти живеј првенствено за себе, а потоа за другите. Искажи ги слободно твоите чувства и проблемот на твоите родители, така и заедно ќе се потрудите да најдете решение за проблемот. Мислам дека ќе те сфатат, и секако дека ти мислат само најдобро за тебе. Те гушкам
Мариса,во ред е да сакаш да си нај,нај во 7-мо одд.ама ти веќе имаш 25год.и еден од доказите дека созреваме е да се прифатиме себеси,онакви какви што сме,со сите наши доблести и маани.Ако размислиш убаво сигурно има квалитети кај себе кои си ги цениш,негувај ги и развивај ги.Научи да се сакаш себеси дури и со недостатоците.Најтешко е кога човек се соочи сам со себеси,со своите очекувања и стремези,верувај ретко кој мозе да ти рече дека реализирал баш се‘што сакал во зивотот.Само храбро,поставувај прво полесни и поостварливи цели,потоа ќе се соочиш и со потешките полесно.Воспостави ја контролата врз храната пр.после 18часот да не јадеш др.освен овошје и зеленчук,нешто во тој стил.Контролата е во твои раце,јачината на твоите чувства исто ја контролираш ти колку ќе бидеш радосна или тазна,одбегнувај негативни мисли и емоции.Млада си,друзи се повеќе,најди активности кои ќе те направат среќна(запиши некој курс,теретана,повеќе читај-ова се само предлози). Ако сепак ти е потребна и натаму стручна помош,искрено разговарај со твоите и нема тука срам,ништо не е повазно од здравјето на еден човек. Се‘ најубаво.
Испитај си ги хормоните, да не имаш случајно некаков дисбаланс. Ако се ти е во ред со хормоните тогаж почни повеќе да излегуваш и да се дружиш, многу побрзо ќе се организираш ако денот ти е во акција.И немој да го криеш проблемот од најблиските, седни и отворено разговарај! Секогаш се трудиме да бидеме најдобри но во таа трка забораваме да го цениме она што го имаме.Барај повеќе, но биди задовола и со она што веќе го имаш.прифати се себеси
Кога почнав да го читам форумов добив впечаток дека си се откажала од многу работи во животот, верувај ниеден психилог нема да ти помогне ако ти самата не сакаш да си помогнеш на себе, и ова не го тропам од не дај боже од каде туку од лично искуство. Мене ми изгледа како ти никогаш да не си имала самодоверба во себеси... Зошто? Дали мислиш дека ти заслужуваш нешто помалку од другите? Или си помалку вредна од нив? Остави ја перфектноста на страна, дали некои две работи во природата се комплетно исти или перфектни? НЕ! Во крвта ни е да имаме маани и да не сме перфектни, па боже мили да бидеш најдобар во се е лудило. Остави ја префекцијата на страна некое време, и нека не ти биде ич гајле за тоа дали нешто било перфектно или не. Ако работите треба да си дојдат на свое ќе си дојдат, и ќе бидат онакви какви што отсекогаш требало да бидат. Само почни да веруваш во себеси
Мариса Ти си навлезена во навистина длабока депресија, и за да излезеш од неа, навистина ти е неопходна стручна помош (психолог , психијатар) и колку побрзо дејствуваш, толку поголеми се шансите да се вратиш на нормала. Во мегјувреме дружи се со позитивни личности, примај и давај позитивна енергија, и ке видиш, ке биде подобро Од се срце ти посакувам се најдобро па пиши како се одвиваат настаните
Не знам што би додала на претходните коментари, освен тоа дека не можеш во текот на целиот живот да се потпираш врз некого во врска со твојот проблем. Самата кажуваш дека откако сте раскинале со дечкото се чувствуваш изгубена. Треба да сфатиш дека не ти е потребен никој за да се соочиш со твојот проблем и да стекнеш самодоверба дека можеш самата да го решиш тоа.
19-20 се неколкуте часа што ми оставија печат за цел живот...тешко да се наканам да искочам со дечко или некој толку да ми се засвиѓа...можда и господ ми донел болен начин за да запознам некој мој роднина..Уште пред 1 месец , уште на првиот поглед кога го видов знаев дека ке остварам контакт по било кој услов со дечкото..одма го адднав на фб..зборевме он имаше женска 7 месеци...раскина .. желбата ми се оствари...и по секојдневен муабет решивме да искочиме баш вчера..еднаш ми имаше спомнато дека неговите братучедки ми се роднини, знаејќи го брат ми..искочивме...и баш кога адреналинот ми се качи на 50-ка...кога се разбуди чувството пред да се муваш со дечко...ме пресече со муабетот...Изгледа сме роднини, татко ти го имаше купено моторот од нас..му се јавив во истиот момент на татко ми и ми рече дека ми е трет братучед..ни од далеку неможете да замислите како ми беше..во моментот ми поминаа 300 филма...и 1000 прашања...зошто сум толку несреќна, дали Куманово градот е премногу мал..или пак јас сум најголемиот пророк? Се гушкавме и бакнувавме 3-4 часа. се возевме на мотор...муабетот и моментот од предмувачки се сврте во братски..ме гушкаше и двајцата се запрашувавме зошто мораше вака да биде..иако дечкото е женкар, и покрај се, не му беше сеедно...нозете ми беа како пресечени...цел ден кога се спремав се тресев-имав предчувство некакво..и ете...колку се трудев, колку патев за бившите 2ца, и зошто пак Господ ми праќа вакви паѓања и рушења на моите сништа кога со цело срце ги очекувам...цел ноќ и цел ден го поминав прашувајќи ги моите околу него, дедо ми, татко ми, ми поминуваат секакви прашања и одговори низ глава, му вртев-не ми креваше , можеби сака да застане на спротивна страна, или можеби му е сеедно? Во моментот ми дојде да се обесам кога си отидов дома, дали да побарам помош од психијатар , немам сила да продолжам понатаму, секогаш бев цврста и се борев , зошто барем еднаш не ми возврати Бог со добронамерство? Зошто секогаш живеам во надеж кој згаснува ? Зошто, Зошто , Зошто.. Мил мој братучед , мила моја љубов, дали Бог те испрати да ги сретнеме нашите души во неповрат или само ме казнува безмилосно ?
Марисса и јас го имав истиот проблем како тебе мислам усте го имам понекогаш,ама јас се фатив со еден дечко којшто ми го разубави животот и сега ми е многу полесно,верувај дека тоа е се на психицка база ама потруди се самата да ја подобриш,затоа што само ти можеш да направиш неш,се зависи од тебе дишич и јас знам дека ке ти биде подобро како што ми е и на мене сега,најди си несто сто те прави срекна без разлика дали тоа е дечко,другарка,милениче,цвекенце,сликање било што што тебе те исполнува и ке видиш дека ке помине.Поздравче и пиши ни.