Измамници

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од SummerGirl, 15 февруари 2018.

  1. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.134
    Пол:
    Женски
    Нема ваква тема, па решив да отворам. Ако не е во ред, тогаш канта.

    Дали сте имале искуство со луѓе кои измислуваат само за да ви земат пари?

    Пред да се омажам на врата често доаѓаа разни луѓе кои кажуваа дека имаат болни деца/родители и бараа пари. На никој не сум дала. А истите тие секој пат доаѓаа со различни приказни. Ако им спомнеш жиро сметка, одма бегаат. Имаше и такви што се претставуваа дека се од црква, па собираа донации. Татко ми еднаш даде пари на еден таков и се зафркна. Излезе дека се работи за алкохоличар. Знам и за случки каде што таквите нуделе производи, во стилот - во дуќаните се поскапи.

    Како реагирате спрема таквите? Дали веднаш ги препознавате?
     
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    18.462
    Пол:
    Женски
    Да, циганчњана на Рекорд што просат демек за леб и после ги гледам прцлиња со цигара во рака и кеса со лепак(facepalm).На врата ни доаѓале за болно дете тинтири минтири моите им даваат бидејќи можеби и не лажат никад се не зна.Свашта има по светов,чин можат да лажат дека се болни за да лапнат пари мери им го умот.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.134
    Пол:
    Женски
    Другарка моја имаше случка со еден од глувонемите. Се шетала со комшика и им пришол еден од таквите. Комшиката му дала пари. Поминале преку улица и слушнале како некој се дере. Се свртеле и што да видат. `Глувонемиот` се дерел на некој човек. Тој не сакал да му даде пари. Свашта има.
     
  4. WarriorMind

    WarriorMind Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Имаше еден човеκ κој не беше стρанец собиρаше паρи демеκ болен бил. Потоа се дозна деκа лажел и пρед неκоја недела си κупи κола со паρите што ги собρа.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Koj sum Toj sum

    Koj sum Toj sum Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2018
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Imashe eden decko shto proseshe po Aerodrom.
    Mi beshe zal i nekolku pati mu imav dadeno po nekoj dinar za leb,ednash koga go vidov kako iznakupil grepki i sednal na edna klupa I gi grebe....Tolku beshe...
    Inaku imashe i edna babicka isto niz Aerodrom porano ja sretnuvav koga odev da kupam neshto za dorucek ,mnogu mi beshe zal i za nea.
    Sekogash koga ke ja sretnev i velev da me poceka i i kupuvav dorucek.
    Sekogash go zemashe jadenjeto so solzi i blagoslov.
    Ja nemam sretnato povekje meseci.
    Pari ne davam,ama jadenje ponekogash im kupuvam,koj e gladen ke go prifati lebot koj ne e ke insistira pari da mu dadete.
     
    На SummerGirl и SV1911 им се допаѓа ова.
  6. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    Денес пред час и пол- два налетав на измамник. И замислете нема пари за превоз, (а прво ми вади пасош и ми покажва име, презиме), ми кажува прво дека не бара пари, само да ме прашал дали сум знаел некои друштва, луѓе што одат со кола во соседниот град од градот во кој живеам. Му кажав, му велам има едно комбе што го плаќа еден хотел за да го носи персоналот и оди до тој град (соседниот град од градот во кој живеам). Попатно јас инаку се враќав од еден маркет (што работи 24 часа во денот) и имав купено 2 килограми банани (му понудив една, од ко ја изеде, а ја изеде за 5, 6 секунди како ја фрли лушпата неколку метри зад него, а канта на два чекори...) Ми вели без пари сум цел ден, татко ми е во болница ај ќе одам во казино да се напијам нешто жеден сум, по пат има едно успатно казино (таму бесплатно давале). Му велам ( во тие неколку 40-50 секунди од ко тргна по мене „а ти по кој повод си тука“-еми ете така малце шеткам :o.
    Јас фацата :o, отпрво мислев стварно има мака чоекот одма личната карта ми ја покажа, ми кажа дека не бара пари...
     
    На WarriorMind му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Има такви фаци, треба да се внимава. Не знаеш за каква личност станува збор, дали навистина е сиромав или некој измамник, ама за ситни пари никој нема да осиромаши, а на тој што лаже нека му служи на чест.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.611
    Допаѓања:
    48.908
    Пол:
    Женски
    Можеби ме измамиле, ама јас не знам. :D Некогаш ми барале пари за сомнителни операции или за болни дечиња, еднаш кај Континентал еден тип ми побара пари божем за автобуска карта. Другарка, пред не знам колку години, редовно ми бараше пари, некогаш можеби со лажни причини. Ако, не ми менува мене ништо тоа. :D
     
  9. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    10.559
    Пол:
    Женски
    Мене често пати ми доаѓаа луѓе на врата и ми покажуваа слики од луѓе кои се во инвалидска количка или луѓе кои немаат раце или нозе и ќе ми речеше дека тој човек на сликата му е некоја роднина и собирал пари за да му направат операција демек. Првиот пат се излажав му дадов но вториот пат дојде друг човек со различна слика и од тогаш веќе не им давам. А и сите комшии ми кажуваа дека тие се измамници.