1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изнајмен или купен фустан

Дискусија во 'Свадба' започната од ciribiribela, 7 октомври 2010.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Девојки што мислите дали е подобро да си купите фустан за венчавката или да го изнајмите? Јас кога ќе се мажам , ако не најдам фустан по мој вкус за толку пари колку што имам, би изнајмила. Поарно да изгледам супер една вечер , отколку после само прашина да ми фаќа во ормар :)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Повеќето млади невести инспирирани од филмовите ( во главно шпански серии ) и семејната традиција ( онаа пренесување од колено на колено , со гордост и носталгија |( ) ги купуваат со надеж дека еден ден нивната неродена ќерка ќе го носи на сопствената венчавка. Нема ви кажувам тоа ќе биде демоде , тоа е нејзин ден посветен на неа , а не на исполнување туѓи каприци или почитување на непишани правила со цел да се задоволи суетата на мајката . Повремено работам во бутикот за венчаници на мајка ми. Верувајте ми како да нема ден да дојде некоја да не преколнува и досадно убедува да купиме фустан што го носела на свадбата пред 20 години, да сме го преработеле ако не ни се допаѓал ..исто како и на нејзините две ќерки. Нема ништо добро да извлечеш од веќе сиво перде кое собирало прашина со години. Не ги фрлајте парите попусто ,венчаницата изнајмете ја. Добро распрашајте се , има доста поволни пакети за организирање на венчавки кои вклучуваат и попуст за изнајмување на венчаница и сите останати детали поврзани со целиот настан воопшто.Кога ние го отворивме дуќанот венчаниците ги издававме по 5000 денари , а 8000-9000 чинеше пакетот кој влучуваше фризура , шминка , депилација , средување на веѓи , надусници ,релаксирачка масажа , детоксикација, бидермаер ( простете ако го згрешив пак никако да го научам :lol: ;) ) ракавици и слично. Промоцијата траеше кратко и сеуште важи само што цените се нешто повисоки и се за поедноставните венчаници . Инаку стандардна цена на изнајмената венчаница е 9000 -12 000 и нагоре ( п.с предходно се потпишува договор дека ќе платите ако ја оштетите , бидете внимателни да не истурите вино врз неа скапо ќе ве чини ;) )
    А за да ја купите/сошиете 400 евра нагоре , можеби и подолу , се зависи од тоа што сакате :)
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас ке изнајмев зашто не ми се фрлаа пари за тоа арно ама не си најдов по мерка. Ај што сум висока 180цм исто ми беше проблем, ама проблем беше и што си бев трудничка :D . Не инспирирана од шпанските серии родив син, така да на снашката сигурно нема да и го подметнам да го носи ;) .
    Мислам дека финанските средства играат многу улога тука за тоа каков избор ке направиш, дали ке си купиш т.е купат или изнајмиш ааааа и колку вереничкиот прстен и еуфоријата ке те тресне по глава па целата ке се изгубиш во време и простор.
     
  4. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    За мојата свадба,воопшто не ми беше важно дали ќе биде купен или изнајмен,само го сакав истиот модел. На почетокот ја плаќаш целата цена,а кога ќе го вратиш ти враќаат 25% од целата сумата само на фустанот. Велам само на фустанот, оти ракавиците, бидермаерот, подвезицата, украс за главата и наметката за рамења коштаа 25% од фустанот. И кога на крај увидовме од 36 000 ден,само 6000 ден. ќе добиевме назад. :^)
    Одлуката ја оставив на свекорот и свекрвата (сепак тие го платија), ама не го вратија. Ми стои фустанот дома,така во една прозирна навлака.
     
    На fs-fs-fs му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Примамлив пакет , се е тоа супер , ама ме замисли малку, што ако се оштети :?: Кој ке го плаќа :lol:
     
  6. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Јас за мојата свадба најпрво сакав да изнајмам но откако не ми се допаднаа моделите си порачав како јас што сакав.
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Ако финансиите не ни се проблем, би сакала да си го купам, и да го чувам :) Сепак само еднаш во животот сме невести и убаво е да го имаш дома :)
     
    На K.Karanfillova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Нормално дека секогаш проблем се финансиите , за да се одлучи некоја девојка да изнајми фустан , па ако разликата е мала како што пишаа погоре, тогаш да си купиме :emo: Така барем нема да се секираме дали некој ке не полие со пијалок или не знам што :!:
     
  9. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Јас сум повеќе за тоа да се купи фустанот. Е сега ако веќе финансиите се проблем и постои голема разлика во ред е и да се изнајми,ама да се сошие по своја мерка и желба,па после да остане за изнајмување
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.989
    Пол:
    Женски
    Според мене, најдобра варијанта е да го изнајмиш фустанот, ама да го шијат за тебе и да бидеш првата што ќе го носи - сепак, тоа е можно само во бутици кои штотуку почнале да работат и немаат доволно фустани за изнајмување на лагер. А инаку, некако шубе би ми било да облечам нешто што не знам колку девојки пред мене го носеле. Да, ги носат на хемиско чистење и тоа е во ред. Ама јас не можам да облечам веќе носен фустан.
    Јас си го купив, и го платив 300 евра. Многу, ама пак, не можев да најдам фустан каков што сакав, оти се живо е како од некој кичерај излезено - пренакитени, претешки, прегломазни фустани - еден немаше асален, или може мојот вкус е проблем. Ама мајко мила, па не мора секој фустан сите шљокици и бисери и мониста и чипки на светов да ги има. Сите од ужасен поужасен. А за број, немаше проблем. Си најдов слика на интернет каков фустан сакам, си го сошив по мера, и единствен украс ми беа сатенски ружички во темновиолетова боја. И да, ќе ми стои во плакар, ама нема друго чаре. Сигурно нема ќерка ми (ако имам ќерка, здравје Боже), да ја терам да го носи.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.087
    Пол:
    Женски
    Да се оштети во смисла да го вратиш на два дела мислев :D , а виното беше само спонтан пример ..мислев на црвено вино . Досега не се случило да си имаме работа со некоја неспретна дотолку што ќе го искине фустанот. Но , којзнае со целата таа свадбарска еуфорија се случуваат незгоди :tmi:
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Мајка ми го купиле, па го преправиле малку за тетка ми, и на крај третата не сакаше ни да чуе да го носи :D . И сега ене го тука во плакар, си стои, изгужван, кремов станат, па дури и има некоја точка лак за нокти од братучедка ми која го носеше на Прочка |( :D И се за џабе, а пари вреедл и тогаш. Јас би го купила само доколку не можам да најдам некој соодветен фустан по моја мера и како што кажа Ана, да го шијат за мене, па после која сака нека го носи. Ама искрено не би дала 500 евра ко сега брзо една познаничка моја. Многу е тоа, и плус ич не и го погодија, така го носела, без нешто ќеиф :tmi:
    И сепак, се е до финансиите :!:
    А да, сега мамичка моја сигурно не очекува јас да го носам, оти ќе ми биде нешто до под колена, кога го носела тетка ми(пониска од мама) шнајдерката и извадила цел ред фалти или како се викаат, долу еден набор :lol: поткустрена ќе бидам :rofl: затоа специјален ќе ми шијат :D
     
  13. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.736
    Допаѓања:
    8.125
    Пол:
    Женски
    Сестра ми си изнајми,ама бидејќи го шиеја специјално за неа и прва го носеше си доплати уште 50 евра,а после тоа си го врати фино лепо во салонот и,и волкот сит и овците на број. :)
    Бараше само да изнајми ама никој од готовите модели не и се допаѓаше па само ова доаѓаше во предвид,а за купување не ни стана збор.Од мајка ми немаме(мислам :?: ),а и да чувала се сомневам дека ќе се решевме да го преправаме или не дај Боже да го носиме таков од пред нашата ера. :D
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Купен!
    Искрено девојки, ако треба нека ми виси после на закачалка, ама сакам да го имам за мене. Многу непријатно чувство е да видам после девојка која го носи мојот фустан, или да носам јас некој веќе носен. Не знам зошто, ама така мислам. Па еднаш ми е свадба мајка му... ќе се трошам ако треба ама сакам еден и единствен фустан!

    А инаку и мајка ми си купила, ама потоа сама му додавала некои детали. Ептен ја бива со машина и не и било проблем. Мислам дека го чува некаде кај баба ми низ плакарите... ама за носење, нема шанси да го носам јас или сестра ми. :)
     
    На Divinebutterfly и karak им се допаѓа ова.
  15. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    ма ке ми купат па шо сака нека биде, ја еднаш ке сум невеста (добро де, рано е уште ама)!!
    мајка ми купувала, вујна ми купувала, тетка ми го шиеше, епа сеа дан сакат ја коа ке сум на ред така да ме прокарат?? нема шанси, ке си имам мој, сопствен и ке си го чувам и на никој не го давам ТАКА ДА ЗНАЕТЕ :lol: :lol:
     
  16. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    203
    Јас си го сошив за 200 еур. Сите мои блиски си купија нова облека за мојата свадба, па и јас си сакав нов фустан :) А тоа дека ги купуваат фустаните за да ги носат нивните ќерки, искрено прв пат слушам.
     
  17. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Изнајмен !!!
    Иако не се замислувам нешто мн како на свадба, повеќе би сакала уникатен свечен фустан со убави детали, не класично бел. Но, ако треба да се купува венчаница класична, а и со неа таква свадба(што нема да биде по моја желба сигурно) ,ќе биде изнајмен и ништо повеќе. Банално е да се фрлаат пари за само 8ч. а потоа вечно да ми стои и да ми бере прашина, не само тоа туку и место да ми зафаќа.
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Абе поекономично е да изнајмиш, ама па.... ќе ме фати носталгија некогаш на 40 години и криво ќе ми е ако го немам во орман. А да го купам за ќерка ми да го носи? :o Нема шанси! Нека си купи таа друг, мојот не го давам јас :D :D
    Шала на страна, секоја девојка ЗАСЛУЖУВА СВОЈ венчален фустан. И јас не би го носела од мајка ми. Си сакам МОЈ.
     
    На K.Karanfillova му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    За мојата свадба си шиев фустан како и останатите невестулки, ми го погодија ептен, си платив убаво 400 евра и сега фаќа прашина кај мајка ми во плакар :D . Е, сега со овој памет да треба да правам свадба воопшто нити би изнајмувала нити би шиела. Би отишла да си купам убаво фустанче (зависи од годишното време) коешто би си го носела и после. ;)
     
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мојата идна свекрва е толку оптоварена со поимот свадба , што мислам дека дури она и ке го одбере и ке го купи , а мене нема ни да ме праша, ке има повлечи потегни тука , гледам јас :lol: