Здраво на сите! Го пребарував форумот и не успеав да најдам ваква тема. Дали некогаш сте изработувале аматерски филм? Тешка ли беше неговата реализација? Што е потребно за негова избработка? Би сакал да слушнам некое искуство, мислење или совет т.е. се што би можело да биде корисно. Спојлер Доколку темата е дупла, избришете ја
Имам изработувано неколку и моментално сум во процес на снимање. Во недела ќе го завршам. Што сакаш конкретно прашувај ме, вака не знам од каде да почнам
Значи вака, треба да изработам краткометражен филм кој би требало да го презентирам на настан за филм. Бидејќи претходно никогаш не сум снимал видеа или филмови и затоа што се осеќам малку изгубено би сакал да добијам некои насоки за како да го реализирам тоа. Како за почеток ме интересира како се снајде за камера и преку која апликација го едитираше филмот? А секако дека ми требаат некои hacks за таа намена. Благодарам однапред!
Јас за камера се снајдов со позајмување, ама сега ретко е да наидеш на некој кој би ти се доверил со камера. Сите филмови и видеа ги едитирам во Премиер Про, но имаш и други посимпл апликации, но премиер мене ми е најдобар од сите што сум ги пробала. Спреми ти синопсис, сценарио и сториборд прво. Малце ќе пуштиш ладна пот за снимање и пост продукција ама ќе вреди ако добро го изработиш тоа.
Ај да пишеше пашон проект или незз што ама ова ти е реален платен проект, финансиран од спонзорите на настанов? имаш приказна? сценарио? буџет? идеја? убав рок?
Немора да значи. Има настани каде ти сам си правиш со свој буџет, и го праќаш. Ако им се свиѓа ќе заврши на фестивалот.
Имам веќе одамна подготвено сценарио, а со тоа и идеја. Темата ја отворив за да продискутираме за начинот на кој можам тоа да го реализирам. Токму за таков филм станува збор.
кажи ни повеќе за жанрот, општо за идејата и колку пари каде би можел да вложиш. Филм содржи мнг елементи во себе, јас најмнг сум специјалиризана за специјални ефекти за sci-fi/horror/fantasy, значи сум работела за странство во големи продукции и познати филмови. Мислам дека за почеток најбитен е тимот, безразлика колку добра ти е идејата, ако немаш барем 2, 3 кои би те поддржале и помогнале, идејата ќе си остане само тоа. Можеш сам да направиш краток цртан (2D), или краток 3д филм, нормално ако твоите вештини дозволуваат, бидејќи можеш комплетно да се потпреш на компјутер, но за филм филм каде битни се локациите, глумците, тонот, сценариото, диалогот, акцијата, едитингот итн дефинитивно не иди комплетно сам. Ако сакаш да го продолжиме муабетот слободно пиши порака. Позз
Jас имам страница за филмови и серии на инстаграм instagram.com/cinemstormmk може слободно да ми пишеш за да ти го споделам кога ќе е готов