„Проодевме, но сè уште цицаме и какаме во пелени. Болни сме и не одиме во градинка. Ни порасна првото запче!“ Во секојдневниот говор, на социјалните мрежи, пред своите деца, голем е бројот на родители што на овој начин, во множина, раскажуваат за сè што се однесува на нивното дете. Како ова се одразува врз усвојувањето на мајчиниот јазик, која е психолошката причина за ова масовно однесување на родителите, како влијае врз децата? Дали ве нервираат родители кои зборуваат во множина? Дали вие раскажувате за вашето дете во множина? Дали сметате дека ваквиот чин има негативни последици врз развојот на детето? Спојлер: Истражено Предизвикува намалена самодоверба кај детето Станува збор за продолжена симбиотска врска на родителот и детето, вели магистерот од областа на клиничката психологија, Надица Скепароска-Петковска од скопското советувалиште „Мозаик“. Според неа, симбиотската врска е специфична за првите месеци од животот на бебето, кога мајката или таткото ги задоволува базичните потреби на бебето за да се развива и расте, а бебето е зависно од грижата и негата на родителите. – Во одредени случаи таа симбиотска врска опстојува и во подоцнежниот период. Така, детето не може да помине низ наредните развојни фази, како: сепарација и индивидуација. Продолжена симбиоза во превод значи – родителот има тешкотии со прифаќање, почитување и разбирање дека другата личност (во случајот детето) е посебен субјект. Во тој случај станува збор за родители кои веруваат дека нивните деца имаат еднакви желби и потреби со нивните – вели таа. Според Скепароска-Петковска, родителите што користат ваков говор, на социјално ниво праќаат порака дека тие заедно со детето поминуваат низ сите развојни фази и доживуваат сè како ним да им се случува. – На имплицитно психолошко ниво испраќаат порака дека се идентификуваат со детето и дека ја негираат детската самостојност и индивидуалност. Еден од можните исходи е намалена самодоверба кај детето, која се поткопува преку имплицитната порака: детето не може да размислува со своја глава и да споделува мислење. Друг исход е појава на пасивност кај децата и тинејџерите. Пасивност во препознавање на своите лични потреби и желби, како и нивно изразување – вели Скепароска-Петковска. Не би требало да се одрази трајно врз говорот на детето Како се одразува тоа на раниот детски говор? Според проф. д-р Благица Петковска од Педагошкиот факултет во Скопје, оваа тема е интересна за интердисциплинарни, психолингвистички проучувања. Таа долго време работела во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, а нејзините научно-стручни интересирања се поврзани со повеќе македонистички теми и со методиката по предметот „Македонски јазик“ во одделенската настава. Петковска објаснува дека во раната постнатална фаза јака е врската меѓу мајката и детето, така што таа се идентификува и говорно со него – говори во множина. – Не верувам дека тоа е тренд зашто и јас сум била таква мајка тогаш, дури и сум зинувала уста кога сум го хранела. Подоцна, кога децата го развиваат алтер егото, свеста за индивидуалноста, мислам дека родителите веќе прекинуваат со вакво општење во множина. Ваквиот пристап не би требало да се одрази трајно врз говорот на детето – вели Петковска. На прашањето дали го забавува природниот тек на совладувањето на јазикот, особено што логопедите сè почесто нагласуваат дека децата во Македонија подоцна прозборуваат, Петковска вели дека доцнењето со говорот не е во врска со начинот на кој родителите им зборуваат на своите деца. – Проблемот е многу покомплексен и заслужува сериозно истражување. Треба да се размислува за еднонасочната и долга „јазична комуникација“ со телевизорите, телефоните и таблетите со цртани филмови, отсуство на јазичен говорител кој треба постојано да е со детето, наместо електрониката, и други фактори поврзани со психофизиолошкиот развој на детето – вели таа. Според неа, во образовно-воспитниот процес воспитувачот, а потоа наставникот треба да е модел за акустичка очигледност на правилен, култивиран говор на нормиран македонски јазик. – Јазичните содржини, т.е. јазичната писменост треба програмски да се усовршува, да се развива во наставната работа. Претходните наводи, уште во градинката, треба да се само минато искуство кај ученикот, детето. Значи, не треба да има пречки во говорниот развој зашто во наставната комуникација се коригираат и други јазични недостатоци (присутност на дијалект, жаргон, нестандарден говор) – појаснува Петковска. [/SPOILER]
Да, ме нервираат и тоа многу. Па кога ќе речат какавме зелено, што да правиме?! Па на лекар одете пример Јас никогаш не се изразувам во множина, дури ни на шала
Не ме нервира, и јас понекогаш се изразувам така, затоа што тоа што го преживува детето го преживува и родителот со него, како расте детето, така расте и родителот, па од таму доаѓа тоа изразување во множина.
Го прочитав, ама мене детето ми е 5 месеци и затоа некогаш така се изразувам бидејќи е многу мало. Што и во текстот се спомнува тој дел дека врската помеѓу детето и мајката е длабока па од таму доаѓа тоа така да се изразува. И со тек на време кога детето веќе е поголемо никој така не се изразува.
И мене ме нервира ,а некогаш самото ми се испушта... Сум приметила дека е во моменти кога некој "ја прашува неа " а уствари чека одговор од мене. И после во текот на денот може пак да ми се деси. Или со друга мајка да зборувам и таа да зборува така ,па некако и мене ми иде така да вратам. А кога зборувам за неа како единка да речам ,други мајки чудно ме гледаат....како да се очекува множина.
Да многу често добивам прашање "растете ли"? Да да секако. Мислам дека не зборувам вака, може многу ретко кога разговорот ме води на тој начин да кажам нешто во тој стил. Ми звони другарка " да не се успивате" Да повеќе она мене ме успива.
Мене повејќе ме нервираше мојот маж на почеток кога ке се јавеше некој што правите и он ЕВЕ ЦИЦАМЕ Срам ми е да слушам и читам
Не ми е пријатно да ги слушам. Многу мои врснички во моментов имаат бебиња/мали деца и за жал забележувам дека вака се изразуваат. Избегнувам да сум во нивно друштво бидејќи и онака немаме заеднички теми за разговор, но кога се случило така да се изразат пред мене, сум им кажала отворено дека не ми се допаѓа. Можеби се навредија, можеби не - не знам. Ама ужасно звучи.
Сосема нормална појава кај нови родители и нема ништо чудно тука. Толку сме вклучени во сите активности што доаѓа природно да зборуваме во множина зашто ги правиме сите работи со нив и се чувствуваме како и ние да сме го правеле истото, па оттаму и изразувањето. Ништо страшно, се губи како расте бебето и се осамостојува, се губи веќе симбиотската врска, а со тоа и изразувањето. Во текстот погоре се зборува за подоцнежното, односно задоцнетото изразување вака, што не сум го приметила баш кај многу родители, претежно е кај родителите со бебињата, баш како што кажав, што прават се заедно. Ништо чудно, нити алармантно.
-Изразувањето кај родителите? Правилно е ова напишано? Заборавам со тек на време што и како е правилно ама ова не ми звучи ок. Намалена самодоверба кај бебе од неколку месеци оти мајка му зборувала во множина Или уште една тема да докажеме колку се лигави мамичките? Не ми смета. -Јадеме, нормално кога не може само да јади туку јас сум со него постојано. -Какаме, нормално ако седам до него еден саат дур е на нокшир и го одвикнувам од пелени. -Си играме, читаме... јас сум со него цела ноќ дури е кенкаво и плачливо и вади заби. Затоа -вадиме заби. До одредена возраст е ок, со тек на време само се губи. Не драматизирајте.
Не ми смета искрено зборување во множина. Ако за изразување на родител зборуваме многу повеќе ми смета кога ќе ти кажат детето дека има 35 месеци на обично прашање како колкаво е детето, стварно немам намера да си го мачам мозокот да сметам зошто некој има потреба да се лигави. Да е до година дена јасно дека мора да се изразиш во месеци, понатака веќе не знам како не им е јасно дека повеќе од култура е прашано, не за да решавме текстуални задачи.
Во група за ковид искуства прочитав такво изразување на мајка за "дете" од 28 години, каква самодоверба има "детето" не знам. Ама дајте во една тема да се изнакажеме што се не нервира кај другите родители, и побогу зашто вакво нешто би ме нервирало, тоа за мене би кажувало нешто, за мојата психа, а не за тоа како таму некоја мајка го расте своето бебе/дете. Не се изразувам така ама ми е слатко да го слушам, во време кога се околу децата е учење како побрзо да се осамостојат и пораснат, ова нека е најголемиот грев на мајките
Минатата година кога одевме со физичко присуство на настава, една мајка во една од групите на фејзбук имаше пишано "Мајки, ние се запишавме во средно, го имаше напишано името на средното школо и прашуваше во колку саат треба да дојдат во школо на прв училишен ден дали знае некој." И јас и кажав во колку саат треба да дојде детето во школо на прв училишен ден, и и кажав дека за неа никаде нема објавено во колку саат треба да дојде во школо. По што следуваше исмевање од другите членки во групата на нејзина сметка, иако тоа не ми беше целта ама исто е како во ситуацијава. Дете на 15 години, да пишеш дека сте се запишале во средно, односно да зборуваш во множина, па уште и во колку саат требало да одите во школо да прашуваш ми беше некако премногу, и секако бев исфрлена од групата зашто сум предизвикала исмевање.
Мене ми беше ептен смешно кога ќе речат: "какавме пред 1 час". Отсекогаш сум ги замислувал детето, и родителот седнати на нокширчиња едни до други и си какнуваат така, какенце, по какенце. Ова твоето го надмаши и "какавме". Само некако creepy е да се замисли.
Не со мои деца (бидејќи немам), но со внучиња или мали дечиња што сум ги чувала, сум знаела да одговорам во множина кога ќе ме прашаат другите како помина денот. Едноставно природно доаѓа некако, нема ни да се сетам во моментот дека сум го рекла тоа... Не гледам некаков проблем лично.
Повеќе ми пречи кога ќе речат: од кога почнавте да ги наседнувате вашите дечиња? Сум кажала некогаш, растеме, вадиме рогови(кога вадела заби или збеснубала) зошто навистина е така, растеме заедно со нив, беснееме заедно со нив, секој на свој начин. Шо се тиче мажите, па тек какви породилни маки имаат...
Ова ме потсети на една трудница. Ја прашав како е и ми одговара добри сме ,ама еден акцент на тоа сме... Ко не знам каква грешка да направив што не прашав во множина..