1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Икони

Дискусија во 'Религија' започната од Saxobeat, 9 април 2012.

  1. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    99
    Здраво мене ми треба помош да знам по што се разликуваат иконите која е православна, а која католичка ми треба за на работа ако некој ја знае разликата ако сака да ми каже. Благодарам однапред :*
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    На православните икони Исус Христос го држат во раце на левата страна, а на католичките на десна!
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Која е разликата помеѓу православните и католичките икони?

    Кај Богородица во православните икони не и се гледа косата додека кај католичките икони се гледа.
    Нашите икони се цртани по строги канонски правила додека кај католичките светците се поприродни
     
    На Таа Сум му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    За иконата на Пресвета Богородица

    ---Конкретно за иконата на Пресвета Богородица, дали Господ Исус Христос е на лева или десна страна, не е тоа правило (пример е чудотворната икона Св. Богородица Пелагонитиса од манстирот во с. Зрзе, Пролепско, каде Господ е на десната страна ).

    ---Исто карактеристични се и ѕвездите кои се сликаат на главата, левото и десното рамено. Тие ја претставуваат девственоста на Мајката Божја. Дева пред зачнувањето, Дева за време на раѓањето и Дева по раѓањето.
    ---Карактеристично е и бојата. Застапеноста на црвената, сината и златната боја, не се сосем случајни. Тоа е заради нивното симболично знањчење.
    Црвената е знак на славата, сината е знакот на небесата, а златната е знак на вечноста и бесмртноста.

    ---Секогаш ликовите се сликаат послаби.
    Тоа е затоа што скоро сите светители целиот живот го поминувале во пост и молитва. Но секогаш постојат и исклучоци (во зависност од житието на светителот) на светители кои имале поголема телесна тежина како резултат на болести.
    Пример би го зела еден монах кој живеел во пустината, а се разболел од водена болест. Толку бил отечен во целото тело, што монасите му направиле столица (огромна) и само седел, а така и спиел. Поминал доста време така болен, а сепак неговиот живот се одликувал со крајно воздржание од храна. Но болеста била посилна од него и направила големи физички трансформации.
    Што за разлика кај римокатоличките икони, секогаш ликовите се прикажани премногу реалистични.
     
    На Таа Сум, Ordinary и daylight им се допаѓа ова.
  5. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Сакам да знам по што се разликуваат иконите која е православна, а која католичка.
     
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Порано, имав како да кажам предрасуди за иконите.
    Кога бев мала доста слушав дека идол на Бога не се прави а иконите биле всушност идоли. За потоа (од доста издржани факти кои сум ги прочитала) да разберам дека не се идоли. Како и да е, веќе не верувам дека се идоли.

    А за тоа која е православна која католичка, па колку што знам католиците немаат икони :^) Нели имаат скулптури/статуетки како сакате наречете ги. Во една католичка црква што сум била ниту една икона не видов. Колку што знам само ние Православните имаме икони (кога зборуваме за Христијанската религија).
     
    На Gordana10 и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  7. babyane18

    babyane18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    462
    Пол:
    Женски
    Aj pomognimi i mene da razberam deka ikonite ne se idoli daj mi link kade sto imas citano...
     
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
  9. Petar Kadinovski

    Petar Kadinovski Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Го прочитав текстот од линкот бидејќи и мене ме интересира ова прашање но оваа приказна и оваа случка никаде не ја пишува во Библијата. А се што е од човекот не е точно кога се работи за нашата врска со Бог, само на Библијата можеме да и веруваме. Таму се е запишано. Ако некој чита и ако се сеќава во стариот завет кога градат кипови на телиња и на тој начин веруваат во богови, но Бог многу се налути на тоа. А и самата заповед е многу јасна: (Deut 5:9 [Библија (Константинов ‘99)]) 8 Не прави си резан лик ни некаква слика на што и да е горе во небото или долу на земјата, или во водите под земјата. 9 Не клањај им се ниту им служи. Зашто Јас, Господ, твојот Бог, Сум ревнив Бог. Ги казнувам гревовите на татковците - на оние кои Ме мразат - на децата, на внучињата и на правнучињата, 10 а им искажувам милост на илјадници, кои Ме љубат и ги пазат Моите заповеди.
    Анализирајте добро што вели Бог а не што вели народот. И јас во скоро време дознав за иконите и добро што дознав. Но пред да направите нешто побарајте го одговорот во Библијата или консултирајте се со некој кој што навистина ја знае и разбира Библијата.
    Во оваа статија забележав и стихови кој што се погрешно толкувани. Не може да се вадат само стихови и да си правиме мислење и заклучоци по само еден стих. Секој си знае што треба да си прави, но за самите вас доколку сте заинтересирани за нешто вистинско тогаш барајте ги одговорите во Библијата, таму се ви е напишано.
    Тие светци што се на иконите се слуги на Бога, бидејќи твореле во негово име, но не можеме да ги издигнеме како нешто свето како што е Бог или Исус. Разгледајте што се светци имаме и видете на кој начин станале светци, споредете што вели Библија за ваквите луѓе.
    Инаку идолопоклонството на икони води до тоа луѓето да почнат да веруваат во иконата, или во светецот кој што е на иконата па многу почит му посветуваат нему а забораваат на Господ. Па според светецот му одаваат празник, па потоа следат низа обичаи врзани за тој празник. Тоа ама баш никаде го нема напишано во Библијата, ниту светци, ниту празници, ниту разни метании кои се прават за празници. Ако не верувате земете прочитајте. Не се лажете по светци луѓе, барајте го Исус и молете му се на Бога.
     
    На iloveyou29 и VivaLaMuerte им се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Дали Бог и цар Соломон ја прекршиле втората заповед кога во храмот поставиле ликови на херувими и палми?
     
    На ana-milo, orevokrsacka, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски

    Не се лажеме по светители , тие постојат, тоа се луѓе кои живееле на земјата и кои успеале во својот живот.
    А во Исус веруваме.
    Светата православна црква има искуство од опит старо 2000 години. Ако беше лага ке исчезнеше до сега.
    Ако некој немал опит тоа не значи дека некои работи на постојат.

    На пример бедуините кои живеат во Сахара (можда и не се нарекуваат така, ама не е битно сега тоа), никогаш во живот ако не виделе снег, тоа не значи дека снегот не постои, нели?
    Да одиш да им објаснуваш дека снег постои, снегот е ваков, таков, ке те гледаат бледо.
    За да поверуваат треба да дојдат во Европа , во зима, да ги однесеш на Алпи, или кај нас на Шара.

    Па така, ако некој сака да знае за што збориме, и нешто повеке за светителите, прво нека се крсти во православна црка.
    Вака, џабе да се убедуваме.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    И јас сакав да прашам за Иконите, баш вчера бев во една протестанска црква и ниедна икона не видов. :)
    И што всушност се иконите? :)
     
  13. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    На иконите се изобразуваат ликовите на луѓе кои реално постоеле на овој земен свет.
    Тие луѓе успеале во својот живот, односно му угодиле на Бога во тек на својот
    земен живот и се удостоиле за Царството Небесно.
    Ова овака накратко и простичко објаснување.

    (како што вели мојот духовен отец, кога ке почнам да му филозофирам нешто,
    чедо попростичко, попростичко, јас не те разбирам ништо :lol:, ја не су учен човек као тебе).
     
    На Таа Сум и Rose96 им се допаѓа ова.
  14. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @ana-milo Ти благодарам за одговорот. :)
    А духовен отец е свештеник што можете да се исповедате или како? Незнам многу работи за христијанството од темиве си учам по нешто, баш ме интерсира. Мислев дека само кај католиците има човек кај што можеш да се исповедаш, ама низ темиве прочитав дека и кај христијаните. :)
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Серафима, Булгариан и корисничка дадоа убави објаснувања за духовен отец, појди на таа тема и ке прочиташ. Јас не знам толку убаво да објаснувам како нив.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Petar Kadinovski

    Petar Kadinovski Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Вака, што можам да одговорорам на вашето мислење. Овде јасно прашувате и јасен е одговоорт па не би требало да бараме по разни предводи за да сватиме што е напишано. Како прво, нормално дека не е прекршена заповета бидејќи во храмот не се цртани ликови на божества, на боговои, на светци, на ангели и на не знам што ли уште не има, дури што во моментот сега ми текна кај нас во црквата па и во некои икони се појавува и ликот на сатаната што тоа е веќе друга дискусија. Да се навратам конкретно на одговорот, значи немало такви ликови за да ги гледаат, мислат луѓето и да ги оттргне нешто од Бог, и тие да си створат некој лик дали за Бог, дали за тоа нешто што е горе и што не го знае никој. Е тоа нешто значи го немало. Точно имало херувими, но прво види што претставуваат херувимите. Дали Соломон ги поставил херувимите и му вели на народот да се поколонува на херувимите или херувимите се ставени како знак кои треба да го чуваат храмот а можеби и како симбол. (А можеби и самиот Бог му ги има спомнато на Мојсеј кога му дава инструкции за светилиштето, не се сеќава во моментот на тие детали ако си читал може повеќе знаеш и од мене). Ако си читал Библијата ќе сватиш дека секое едно забегување од верата во Бог со тоа што си формирале, телиња, па богови од злато, кипови, ситни предметчиња, статуи (што кај нас денес баш буквално го има сето тоа), тие значи скршнувале од верата кон Бог. Колку е мал тој чекор кој толку многу ги оддалечува од Бог и што се прави Бог за да ги врати и што ли уште не какви пораки им испраќа и колку е лут и навреден Бог. Зарем Бог не вели љубете ме, мене, слушајте ме мене, запознајте ме мене, имајте еден Бог, но не да го познаваме во ликови и да си правиме ликови за Бог дека можеби личи така или онака тоа е грешката овде. Е зошто никој не го слуша Бог туку мисли дека ќе се моли на други што ќе преговараат со Бог за него. Како не, шипки, утре сабајле. Како може некој да ги познава толку „светците“ а да не го познава самиот Бог, и што е тоа што ги спречува луѓето да градат заедница со Бог. Демек преку светците полесно се стигнува? Или на светците не им се толку плашам, можам да си подгрешнувам понекогаш па и ќе ми простат, ќе молат за мене, ама од Бог ми е страв некако не сакам дури ни да размислам дури за него а искрено ние не го ни познаваме Бог. Во нас самите секогаш преовладува тоа злобното и љубопитното да си правиме такви слики што е многу погрешно. Кон Бог се пристапува пред се со љубов, со стваопочит, со понизност онака како што бара самиот Бог да го познаваш, не смееш да си замислуваш сказни, приказни, ликови, да си правиш филмови за царства, за ангели, за рајот, па онака е, така е. Сето тоа што го слушаме е само заблуда и на некој многу фин начин не оддалечува односно измама на сите луѓе а сите знаеме на кого тоа најмногу му одговара. И најважно од се, Бог никаде не вели еве ви посредници и сега преку нив ќе ми се обраќате. Кој дел од Библијата го вели тоа?

    За светците може да се најдат разни стории како и на кој начин станале светци. Ако разгледаме добро и направиме анализа ќе извлечеме дека поголем дел од тие светци се настанати по барање и мислење на самите луѓе, а понатаму кој тоа го преточува во светец и какви се процедурите не ми е јасно. Баш во моментот за да биде уште појасно што во минатото не сме присуствувале на таков чин да видиме како станале светците еве еден пример во линкот подолу во кој се вели дека Мајка Тереза во септември ќе биде прогласена за светица. Е сега прашањето е кој ќе ја нагласи дали папата дали некој друг.
    http://vesti.mk/read/news/8376954/3045930/majka-tereza-vo-septemvri-ke-stane-svetica
    И сега пази од Мајка Тереза која ја знаеме како хуманитарец и верник оп, одеднаш светица сега ќе ја викаме и сега ќе и се клањаме, ќе и се молиме. Алооооооооооо. Какви се тоа бајки, какви се тоа заблуди. Каде е тука Бог, каде е тука Исус, каде се зборовите Божји, каде е учењето на Исус. Колку ние такви светци имаме наставано, што дел се и од пагански обичаи, дел сеуште нема точни факти за нивниото творештво, туку веруваме во предание кое се пренесува од колено на колено.

    Ајде сега кажи ми како јас што му се обраќам на Бог, да го оставам Бог и да тргнам по светците да се крстам пред нив, да бакнувам икони, да оставам валкани пари (зло), да чинам метании, да празнувам празници и да си првам бајрам на мозкот да правам нешто а не знам зашто го правам, ниту го познавам, ниту имам осетено нешто. Која е тука вистината. Остави ги сега црквите на страна и размисли човекот за што се врзува а за што треба да биде врзан. Прочитај убаво стар завет и види луѓето како му служеле на Бог и му се молеле само на Бог а не на други измислени богови, светци или не знам што ли уште не. Има доста случки преку кои можеме да го согледаме сето тоа.

    Значи пак ќе кажам, секој си знае што си прави и како си прави, секој си одговара за самиот себе. Јас само дадов мислење и излагање дека треба малку повеќе да се размислува а не да се прифаќа се што ќе се подметне под нос. Доколку некој е виситнски верник, мора прво да се запознае и да истражува секојдневно, најважно од се да испитува дали е така или не е, бидејќи во моментот живееме во свет каде што на многу лесен и неосетлив начин можеме да се загубиме на погрешен пат а да не го гледаме вистинскиот пат мислејќи дека сме на вистинскиот.

    Бог нека е со вас, но и вие со него!
     
    На _Schmetterling_, A-j-a, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Велите во храмот не биле цртани ангели, ама биле претставени херувими. Добро, човече Божји, што се херувимите? Па тоа е еден од ангелските чинови. Самите себеси сте си контрадикторни. Сам Бог наредил во храмот да се изобразат и херувими и палми. Зарем Бог сам ја прекршил заповедта што ја дал?
    На иконите сатаната најчесто се претставува како поразен, освен кога победува над оние кои се ојдени во ереси, по бајачи или потонати во гревот.
    Ако изобразените херувими го чуваат храмот, зошто тогаш најпречистата икона на нашиот Спасител и Бог Господ Иисус Христос, на Неговата Мајка, на Неговите гласници и служители, мислите дека не не` чуваат нас?
    На иконата се изобразува Христос, Кој се воплоти, Мајката Божја, светците и ангелите, и почитувајќи ги иконите ние ги почитуваме и првообразите. За разлика од иконите: идолите и телињата ги изобразувале демоните. И клањајќи им се на идолите им се клањале на демоните. Тука е разликата ако можете да ја сфатите.
    Мајка Тереза, ќе стане светица на Римокатоличката конфесија поради нејзината вера во Бога Најсвета Троица и поради нејзините добри дела. Еве на пример ако сакате да бидете светец, земете и вие појдете во Калкута и служете им на лепрозните... Па можеби и Вас ќе Ве канонизираат. Ама ниту се трудите да го постигнете тоа, ниту им го признавате на оние кои го направиле. Чиста љубомора.
    Во Светото Писмо, Господ вели: „Молете се еден за друг!“, па затоа и ние ги молиме светците да се молат за нас, исполнувајќи ја оваа заповед Господова.
    Ве сфаќам дека сте им љубоморни на светците, Ве сфаќам дека Вашата заедница постојано ги менува своите верувања, дека Вашата ересоначалничка Елена Вајт, еднаш ве лажи дека душата умира заедно со телото, ама после има визии кај се вози во пајтон со покојниот и` маж... Ве сфаќам, ама не Ве подржувам.
    Патем Ве молам да не ме благословувате, бидејќи благословот од еретик е рамен на проклетство.

    Во меѓувреме, денес Црквата Божја ја прослави победата на Православието над нечестивата иконоборечка ерес, пеејќи:
    На пречистата икона Твоја, се поклонуваме, Добри, просејќи прошка за нашите грешки Христе Боже. Со волјата, пак, Си благоволил со телото да се подигнеш на крст, за да ги избавиш од ропството на непријателот оние кои Си ги создал. Затоа, благодарствено ти воскликнуваме, сè си исполнил со радост, Спасителе наш, Кој дојде да го спасиш светот.
     
    На Таа Сум и Rama им се допаѓа ова.
  18. Petar Kadinovski

    Petar Kadinovski Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Машки
    Нема потреба да развивам дискусија ама ајде на кратко :D:D:D. Едноставно што можам да ви кажам „ДА ПРЕМНОГУ СУМ ЉУБОМОРЕН ШТО НЕ СТАНАВ СВЕТЕЦ ЈА НЕМАВ ТАА МОЖНОСТ“. Но се надевам дека вие ќе појдете во Калкута и потоа ќе станете светец. Не знам кој треба да ве круниса. :D:D:D Што се однесува до Елена Вајт, скоро слушнав за неа и не планирам да се запознаам бидејќи се што треба да знам е запишано во Библијата. Нема што тука да се слуша некој друг или да се читаат незнам какви не канони кои ме убедуваат да се поклонувам на икони, да оставам пари, да се крстам над нив, да се молам на нив, не знам овој светец, оној светец, овој вака оној онака. Ма ајде бе каде е тука БОГ и ИСУС, знае ли некој да не научи на тоа што ни треба! И за твоја информација, не припаѓам под било какво црковно раководство. А секој (па и ти) има право да си припаѓа и да си прави како си мисли. И како што гледаш јас никаде не те напаѓам, со еретик, или не знам било што. Едноставно давам мислење! Отвори Библија и убаво прочитај што и како било!
     
  19. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.733
    Пол:
    Женски
    Денес бев во село Трубарево кај мироточивата икона на Пресвета Богородица...и си зедов едно во салфетка нешто како миро од иконата што течело,солзите на Богородица...
    13153313_1105143502878020_939964993_n.jpg
     
    На Таа Сум, FilipTraum, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Имаше на нет ,дека планираат маjка Тереза да jа направат светица и да jа има на икона, и сега еден пример, ко ке порасни моево дете живо здраво првин по 20 години ке се моли на маjка Тереза во црква .. абе аj циркус.