Ако има слична тема клуч и канта! Ви се случувало ли да имагинирате, ама толку да се сконцентрирани на тоа дури и да осеќате со телото? Јас многу често имагинирам... најчесто во кола. Како да се префрлувам во друг свет... дури целото мое тело чувствува... еве на пример, имагинирам дека сум летала на змејови и како да им ја чувствувам нивната кожа... незнам дали ова е само до мојата психа, или и на некој друг му се случува... Дали вие имагинирате? Колку често?
Ехее и тоа како Зависи, понекогаш кога ќе се опуштам многу и ќе престанам да мислам, почнувам да го замислувам тоа (тој ) што го сакам и толку се внесувам во тоа што ја чувствувам и неговата кожа А ми се има случено еднаш кога слушав некоја инструментална песна, да се внесам во неа и почнав да се замислувам како трчам, бегам од некој и како музиката станува драматична така тој се приближува... Daydreaming Абе на имагинацијата и нема крај
Имагинарни моменти доживувам за време на патување.Се исклучувам од разговорите околу мене и чувствувам како да тонам во тишина.Се опуштам во некој друг свет,правам планови,размислувам...Пријатно ми е во тие нереални мигови.Понекогаш навистина ми е потребно бегство од реалноста за психичка релаксација.
Јас и со луѓе да сум, демек слушам некоја приказна што тие раскажуваат и само климнувам со главата ама сум офлајн, на мојо свет. Во светот сум од најмала возраст и се гледав како растам, одам паралелно со мојата возраст ама под различни услови. Сите приказни што ми идат онака да ги пишувам ми идат кога сум во мојот свет и затоа преферирам кога пешачам да сум сама зошто баш кога пешачам сум најрелаксирана и најдобрата имагинација ми иди тогаш и неќам некој до мене да збора ...
Секој Божји ден Знам да се исклучам и да си имагинирам, ама не знам да го контролирам тоа. Дома некогаш колку и да пробувам не бива, а на школо можам да се исклучам целосно и да имагинирам без да приметам И пред спиење секогаш и многу сакам да имагинирам и да размислувам додека се возам (со кола).
Лелеле имагинирам и тоа постојано за се шо ми се случува(и најмал детал во денот може да ме однесе во друг свет).Значи од мала постојано се губам во мислите и замислувам некои работи...да не е тоа незнам шо би правела...Во оваа моја глава шо не има...Понекогаш толку се занесувам шо незнам кај одам и шо правам а и другите околу мене не ги слушам затоа ме викат изгубена
Lella, ми се допаѓа твојот потпис Eee, понекогаш си велам, колку е полесно да си глуп. Нема толку да те боле главата. Значи мене мозокот ми работе 100 на саат, цело време мислам на нешто, дали си имагинирам, дали за глупости, дали за реални нешта. А и сништата ми се неверојатни, цели изрежирани филмови, еве во последно време постојано сонувам патувања, авантури и слично. Веројатно ми фали возбуда во реалниот живот.
Имагинацијата е добра само додека ти ја контролираш неа, кога она ќе почне да те контролира тебе тогаш можеш и глава да изгуиш. Да појаснам. Кога лежиш и ќе го пуштиш мозокот на пасење и кога со умот ќе одлеташ во некои други светови, тогаш тоа може да биде корисно, релаксиречко за умот да се исклучи од проблемите што те притискаат во реалноста. Но во сите други ситуации треба цврсто да бидеш присутен со сиот ум и тело овде и сега. Некои луге до толку навлегуваат во тој процес на имагинација што многу често се таму отколку на овој свет мислејки дека барем за миг ќе избегаат од реалноста во некој поубав свет. Но тоа можа и да ви донесе проблеми на пр имагинирање додека одиш по улуца, или додека возиш значително ја намалува вашата способност за брза реакција па може да дојде до собраќајни незгоди со сериозни последици. Потоа, доколку отпатувате со умот додека некој ви зборува или раскажува нешто може да создаде впечаток дека сте незаинтересирани за тоа што ви го кажува соговорникот, а со тоа и непочитување кон него............. Јас многу ретко се препуштам на имагинацијата, се обидувам тоа да биде во строго контролирани услови, додека во остатокот од времето се обидувам да бидам сконцентрирана и да бидам 100% присутна во реалноста.
Друштво, зошто си го касапите јазикот до оваа мера? Имагинираме на македонски јазик не значи ништо, освен показател дека сте читале нешто некаде кое се вика Imagining. Инаку, МЕЧТАЕЊЕ или замислување или сонување со отворени очи, како сакате, им се случува на сите, млади или возрасни. Прекрасна активност за „defragmenting“ на мозокот, за доведување во ред на своите мисли и откривање што сакаме, посакуваме и дознавање што ни е важно во животот. Кој не мечтае, греота е.
(поглупо од цитирање себеси нема ама ко не ми дава edit ... ) Сакав на сето ова да се надоврзам што ми се деси кога се обидов да се однесувам како „нормален“ и „зрел“ човек и почнав да се социјализирам со класот, да се однесувам повозрасно, остајв одличен впечаток кај професорите, дома кај моите ама си бев одделена од мојот свет ... Најлошите две недели во мојот живот. Очигледно мојот свет е подобар и поважен од надворешниот, барем за мене.