1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имам момче од друга вера и не сакам да го изгубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од unhappyy, 10 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Здраво нова сум на форумов..имам 17 години ... Би сакала да ми дадете совет за ова што ми се дешава,дали на некој од вас се има десено нешто слично вака...Имам дечко,различна вера сме.,он ми кажа пред некоја вечер дека нема да можел да ме земи заради неговите и моите демек ке се противеле,а рече и дека него му местат некоја женска од странство за озбилно а нон стоп ми кажува дека несака да ме изгуби,дека ме сака многу ..да и јас го сакам све би направила за него,а и тој по неговите постапки ми има докажано дека ме сака.само ова многу ме загрижува можеби е тест да види како ке изреагирам ..јас му реков дека ако сака тој да сме заедно ок јас него не му раскинувам му кажав дека ке сме заедно се додека тој не ми раскини..незнам што да правам..со моите немам никаков однос они не знаат за дечко ми..само него го имам во животов незнам што да правам..несакам да го изгубам му го кажав и тоа..и он истото ми го рече дека несака да ме изгуби..вика животов мој е прее*ан така мора да биди...ВЕ МОЛАМ ЗА СОВЕТ ГО САКАМ НЕСАКАМ ДА ГО ИЗГУБАМ
     
  2. Idealno.losha

    Idealno.losha Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    2
    Ми треба совет

    Прво, многу си мала за да размислуваш за брак....
    Но сепак во врска со проблемот... доколку се работи за вистинска љубов тоа што сте од различна вера нема зошто да ви попречи. Доколку твојот дечко искрено те сака ќе биде спремен да се бори против се, како што си спремна ти. На почетокот можеби ќе имате проблеми, но потоа се ќе си дојде на свое место.
    Мислам дека погрешен ти е начинот на кој си му кажала дека ти нема никогаш да му раскинеш. бидејќи секогаш треба да се имаа онаа мала доза на резервираност. Знам дека така си сакала да му ја покажеш твојата љубов, но има и други начини... Доста е да му кажеш дека го сакаш и дека сакаш да бидеш со него. Бидејќи и тој треба да биде свесен за твојат вредност, за вредноста на вашата љубов и дека доколку не знае да се бори за неа би можел да ја изгуби. Тажно е, но машките често сакат да се осигураат во тоа што го имаат, само да се почуствуват самоуверено и да не му ја мислат многу. На тој начин знаат да превземат и погрешен чекор...
    Поззз :*
     
    На srcekrsacka и Dinamickid им се допаѓа ова.
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ми треба совет

    ^^ Не сте размислувале на време за последиците од различните вери. Искрено, штом дечкото уште од сега ти го кажува ова, тоа значи нешто. Тој тоа не го кажува без причина.
    Јас мислам дека најдобро е да прекинеш да се гледаш со него, дури е време. Ако продолжиш со оваа врска, уште повеќе ќе се заљубиш и ќе ти биде потешко. Раздели се од него дури е време. За твое добро, за да не бидеш повредена.
    Постојат мешани бракови, но тие ретко успеваат.

    И биди малку горда, зошто тој да одлучува кога е крај?? Биди ти таа што ќе одлучи за тоа ;)
     
    На srcekrsacka, Dinamickid, unlucky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Ми треба совет

    Не ни смета тоа дека сме од различни вери.Ни мене ни на него.Знам дека не сака да има друга ми го докажа тоа,му верувам.Ми рече дека така морало сакал он или не.Не ме интересира ништо друго освен тоа да бидам срекна со тој што го сакам и што ме сака,доволно имам патено од моите се само проблеми ми прават.Несакам да го изгубам и него.
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Твоите не ти прават проблеми, туку си мала и си сеуште во пубертет па неможеш да ги разбереш и ти смета се што ќе ти кажат. Ова се случува често, не велам дека нема скотови родители.
    Тебе можеби не ти смета дека сте од различна вера, но ете им смета на другите и неможеш против тоа. Што ќе направиш? Ќе избегаш со него? И од што ќе живеете? Од љубов? Не злато, љубовта не се јаде. Кога ќе тропне сиромаштијата на врата љубовта бега низ прозорец. Плус имаш 18 години, и јас кога имав толку (не дека беше одамна пред 2 години беше) мислев дека тогашниот дечко е вистинскиот и како тебе верував дека љубовта ќе победи се, љубовта е најважна, љубовта е алфа и омега и други клишеа. Подобро не си го комплицирај животот, сеуште си мала за да донесуваш било какви сериозни одлуки. И не е ништо во животот како што е на 18 години. Сега можеш и да го сакаш и се, мада сум јас против таквите врски твое си е, но во животот не се сведува се на ГО САКАМ, туку постојат и други битни работи за да функционира се како што треба. А и без поддршка од родителите не верувам дека ќе стигнете којзнае до каде, баш поради тоа што погоре го кажав. Мислам дека ако одлучиш да се бориш ќе згрешиш. Раскини подобро, ништо не е толку тешко како што изгледа дека е. Ќе помине време ќе си ја најдеш сродната душа, со овој не верувам дека ќе имаш којзнае каква иднина, тука се пред се верските разлики и воспитувањето. Тој е воспитан на друг начин, ете самото тоа што неговите му нашле жена во странство го покажува тоа. И тоа ќе се случи, тој ќе биде со неа, чим неговите тоа го зацртале, кај нив зборот на таткото и општо зборот на родителот мора да се почитува. Кога ќе се случи тоа, ти планираш швалерка да му бидеш? Излези од фантазиите дека се сакате и ништо друго не е важно, затоа што реалноста е поинаква и сурова. Ти можеби сега не размислуваш за последиците, но понатаму во животот ќе си ги сносиш ако не раскрстиш со него. И запомни, не е секогаш љубовта најважна како што е во шпанските серии, и не е прв и последен како што е во шпанските серии, тој некој во кој си се заљубила и ќе го сакаш засекогаш дури и на стари години. Општо познато е дека се направени тие серии за да ни го перат мозокот и да ни ствараат идеали особено за љубовта дека таа поминува и пребродува се, дека е најважна и дека доколку ја има се е сјајно и нема зима. Има, и те како, затоа отвори си ги очињата сега и протриј ги за да ја видиш суровата реалност која што можеби ќе ти ги урне идеалите, и подобро ако се случи тоа, затоа што ни од нив не се живее.
    [​IMG]
    ;)
     
    На verica94, Irena-2 и Sunshine555 им се допаѓа ова.
  6. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба убаво да размислиш со ладна глава. Тој тоа што ти го кажал сигурно дека не го кажал само онака без причина, или да те тестирта како што кажа и самата. Тоа е точно дека нивните родители им бараат девојки, од странство сл. работи имам слушано.
    Но дали размислуваш за последиците? :!: Што кога ќе прекинете, дали во иднина нема да те мачи оваа врска?
    Велиш дека ти нема да се откажеш од него. Биди малку горда, што ќе речат твоите ако дознаат за овој дечко, дали ќе те поддржат? Што ќе се случи ако тие дознаат и не ја оправдуваат таа врска и тој еден ден те напушти? Навистина размисли добро што сакаш, дали си спремна да ризикуваш. Имаш само 17 години животот е пред тебе. не дозволувај љубовта да те заслепи и да го одбереш потешкиот и полошиот пат. Ова ти го кажувам најискрено како најдобронамерен совет ;)
     
    На unlucky му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Јас мислам убаво да размислиш. Во нашето општество ваквите втски подоцна можат и да ја обележат девојката. Башка што и он самиот сака да ти каже дека немате иднина. Многу е дискутирано за ова на форумот и скоро сите делиме мислење дека ваквите врски ужасно ретко успеваат.
     
    На Tanjamm, mirandaa и GordanaL им се допаѓа ова.
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.257
    Да речеме дека ќе поминете низ сите тие пречки...
    Каде ќе се венчате? Во црква или џамија?
    Децата која вера ќе ви се? И во џамија и во црква ќе ги носите?
    А што име ќе му дадете? муслиманско или христијанско...
    Без свинско ќе имате трпеза?
    Кои празници ќе ги славите? Бајрам,Рамазан,Велигден,Божик ?
    Можеби се смееш на прашањава ама доколку останиш со него, за 2/3 години главата ќе ти чади обидувајќи се да ги одговориш овие прашања.
    Со време раскини му на детето(побезболно за тебе), и не се мешај во договорениот брак. Не можеш тоа да го спречиш, се работи меѓу тие две фамилии и тука ти не можеш ништо.

    п.с. Не сфатив една работа... Како може ова да е тест за да види како реагираш? Каква реакција да види и за што? Што потреба има тој тебе да те тестира? Колку и да не ти се верува, во муслиманскиот свет има договорени бракови па не верувам дека би те лажел за ваква работа.
     
    На Мала плавуша, Trxmx, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    ^ Па во такви случаеви децата ги трпат последиците во иднина. Затоа што на неа сега е и е најважно дека го сака и дека љубовта се ќе помине во иднина нејзините деца ќе страдаат. Ти можеби сега не мислиш на нив, но ќе дојде времето, што ќе правиш тогаш? Ќе им раскажуваш бајки како вие двајца сте се сакале и сте останале заедно покрај се, а децата ќе растат со комплекси и ќе се чувствуваат отфрлени од средината. Немој да мислиш дека тогаш фала ќе ти речат. Ако нешто правиш, било што, каква одлука и да донесеш, размисли ДОЛГОРОЧНО, размисли за цел живот, затоа што грешките што сега ги правиме ги чувствуваме понатаму.
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Не е никаков тест.
    Дечкото ти ја кажува вистината.
    Можеби е вљубен до уши, не го оспоруваме тоа.
    Но факт е дека - вие двајца нема да завршите заедно.

    Неговите, твоите, општеството, блиските ви се пречка, неговата неодлучност и нехраброст, бидејќи веќе ти признал дека го спремаат за друга, а тоа го прифаќа сосем нормално...

    Ти си млада и ќе преболиш.
    Во меѓувреме додека го правиш тоа, само потсетувај се колку многу нервози, проблеми и срамови ќе си заштедиш себеси и на твоето семејство.

    Јас сум прва во комитетот за поддршка кога се зборува за Љубов и верски разлики.
    Во Македонија можеш да земеш католик, протестант, евреин, влав, кинез, германец...
    Но, не и муслиман.

    Со тешко срце изјавувам дека еднаш сум мислела дека ќе успее ваков мешан брак.
    Не сега, НЕ ТУКА.

    Вистината е таа, можеме да се лажеме со убави приказни до утре.
    Нема да го смени фактот дека нашето македонско општество е неподготвено за врска муслиман-христијанка.
    Нивното, уште помалку.
     
    На hristinss, Trxmx, verica94 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Бидејки спомна договорен брак веројатно тој е муслиман, а ти христијанка. Нова си на форумов, па веројатно немаш многу читано, но јас имам споменето дека учам во училиште каде што повеќето се муслимани. Скоро сите, христијаните на прсти се бројат. Многу добро го запознав нивниот менталит. Тие се скроз фини, скроз океј, ама им пречи секој кој не верува во Алах. Дечко ти тоа веројатно никогаш нема да ти го каже или покаже, ама го чувствува во себе. Така се воспитани од дома.
    Друго, некои мои другарки почнуваат со маките дека ќе ги свршат. Имаат дечковци, муслимани, ама нивниот брак е договорен 15години унапред. Значи од кога се родени. На родителите не ги интересира кого сака девојчето, туку со кого тие се „пазариле“ кога таа се родила.
    Трето, момчињата не смеат дома да кажат дека имаат девојка, бидејки следувале казни, не знам си какви од Алах.
    Значи, сонце, јас секој ден го слушам истиов муабет од моите другарки, иако тие се со момчиња од иста вера. Нивните родители никогаш нема да дозволат да се прекрши редот и девојката или момчето да се земе со друг/а, а не со тој/таа за кого веќе го свршиле.
    Дечко ти на 18години ќе се ожени за девојката која му ја одредиле, сакала ти или не. Верувам дека и тој те сака колку и ти него, ама во мешаните врски љубовта ретко победува.
    Плус, имаш 17години, кои се премалку за брак. Зар не сакаш да излегуваш, да се забавуваш, па дури и да се опијануваш? Зар ќе ти биде лесно кога сите твои другарки ќе раскажуваат како си поминале саботата, а ти ќе се расправаш со пелени? Бидејки кога ќе станеш сопруга на муслиман ќе се скриеш под шамијата и ќе се затвориш дома. Кај нив жената која шета и која не се грижи за куќните работи е нечесна. Ќе те покажуваат со прст.
    Цел живот ќе жалиш што си се омажила за него, бидејки љубовта ќе трае и ќе трае, ама на првиот Бајрам, на првиот Рамазан ќе дојдат караници. Нема ли да сакаш за Велигден да појдеш кај мајка ти и кај татко ти? Ама никој нема да те праша, бидејки од денот кога ти ќе се мажиш за него Велигден ќе биде празник на Каурците.
    И не е прашање каде ќе се венчаат, тоа е јасно: во џамија. Децата ќе ги „крстат“ во џамија со оџа, со муслимански имиња. Тоа нема да биде желба на Unhappy или на дечко и, туку на неговите родители.
    Така да, најдоборнамерно ти кажувам, остави го со време. Подоцна ќе патиш премногу.
    Нема да издражиш тој да ти раскине, затоа раскини му ти нему.
    Имаш време, млада си, ќе си ја најдеш вистинската љубов.
     
    На marchi-cool, Trxmx, GordanaL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.278
    Допаѓања:
    101.224
    Пол:
    Женски
    unhappy, ако прошеташ по форумов на една слична тема ќе видиш дека имам лично прекрасно искуство со човек од друга вера. Јас нема да ти држам продики за тоа дека си со некој кој не е христијанин, зашто тоа не ми е карактерна особина. Јас само на едно ќе се задржам а тоа се твоите 17 години. Премлада си душо за толку серизни теми како брак, па семејство тн. Ти не знаеш какви убави моменти ти следат во животот. Знам дека тие тешко, знам дека го сакаш но и ако оваа врска не ти успее немој да се разочаруваш. Едноставно не требало да бидете заедно. Понатаму ќе запознаеш човек кој ќе биде тој вистинскиот. Главата горе, секое искуство е лекција. Било добро или лошо. И остави тој нека се справува со таа што му ја местат за озбилно како што велиш. Не прави драма од тоа. И да имаш македонец ќе се најде некоја која мајка му ќе смета дека е подобра за него од тебе, или твоите ќе те напнуваат со синот на приајтелите кои е толку добра прилика. Уживај во своите 17 години и не си го оптоварувај убавото главче со толку сериозни теми од сега. Животот е пред тебе. Немој со непромислена и исхитрена одлука да си го уништиш. Поздрав.
     
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.477
    Ако он е спремен да им се спротивстави на родителите и ако е решен да премине преку се за да биде со тебе, тогаш можеби вреди да се жртвувате и да останете заедно.
    Но, во твојот случај дечкото не ти ветува ништо повеќе од врска, не ти ветува ни заедничка иднина, ни брак.
    Отворено ти кажува дека нема да биде со тебе, туку дека мора да се ожени за таа што му ја одредиле родителите.
    Искрено ти кажува дека нема да оди против своето семејство, за да биде со тебе.
    Според мене, он не те става на тест за да види колку е јака твојата љубов кон него, туку те предупредува за она што ќе следува во иднина, односно те подготвува да бидеш спремна кога ќе дојде крајот на вашата врска и да не се надеваш залудно.
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Можеби во село Трооло, кај баба Ратка.
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.278
    Допаѓања:
    101.224
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека е само во село Трооло :D Со моите 32 години имам видено све и свашта по македонијава. Можи не ги мажеа/женеа ама притисоци колку сакаш. Коментарт ми се однесуваше на тоа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125



    White angel ... ке те поправам ... мозжеби во некои по заостанати семејства сеуште постои тоа ... но и јас сум муслиманска и живеам во место кај што се скоро сите муслимани ... и вакво нешто како ти што кажуваш нема ! а тоа дека се свршуваат како мали ...да тоа го има и тоа девојките сакаат и се расправаат со родителите за да се свршат зато а што си фатила дечко на 15 години па на 16 години мора да се сврши за луѓето да не зборуваат (има и исклучоци ).
    Значи такво нешто нема .. :)
    иначе ти од кај си ако не е проблем да знам ? :)
     
    На Meli97 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ginger

    ginger Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    121
    Unhappy ,site ovie devojki se vo pravo - da ne se povtoruvam , najdi go tvojot pat ,ostavi go dodeka e vreme ,ti sleduvaat mnogu ubavi raboti vo zivotot :))
    [mod-kirilica:2trkojcb][/mod-kirilica:2trkojcb]
     
  18. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    немој девојче не си го упропастувај животот,верувам во она младост-лудост,ама стави си прст на цело :fubar: немој после да си ја чукаш главата :headbang:
     
  19. Elmedina

    Elmedina Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    14
    Се согласувам со Rose96, и јас сум муслиманка и тоа што WhiteAngel го има напишано е сосема погрешно, дава погрешна слика за муслиманите. Тоа што веруваат во аллах и што од мали тоа ги учат е точно, но зарем и ти не веруваш во господ? Мислам дека сите родители без разлика на вероисповед од мали ги учат децата да веруваат во господ. Многу погрешна слика за муслиманските семејства прикажа, иако кажуваш дека си учела во таква средина сепак не си била запознаена со начинот на живот само си гледала од страна и од страна изгледа многу различно. Инаку и јас сум против оваа врска а причина се твоите 17 години, премногу си млада за брак. Бракот носи големи одговорности, а и помисли дека твоите и неговите ке бидат против вашата врска , ќе ја немате нивната поддршка. Со твоите 17 години без поддршка од родителите да основаш семејство е многу тешко.
     
    На N.Kety и Rose96 им се допаѓа ова.
  20. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Испадна голем проблем,и морав да ја прекинам секоја врска со него.Болно е ептен,по цели денови плачам,неможам да се сконцетрирам на ништо,само на него ми иде памет...несакам да му правам проблеми,бидејки ептен е добар,за секој проблем што го имав ми даваше совет.Сакам да отидам негде и да се рушам од плачење..се надевам дека ке го поминам и ова...Почнав да идам на разговори со психолози.Моите рекоа дека ке се откажат од мене,(што ич не ме интересира,ке се спасам од нив бидејки секој ден пекол ми го прает)..Некој совет како да го поминам сево ова..незнам појке што да правам..немам сила појке да се расправам со моите..Ве молам за некој совет ..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.