Здраво на сите Феминки. Јас сум нова тука. Темава сакав да ја вметнам во 'Сингл', меѓутоа разгледав дека повеќето девојки ја отвораат темата 'Врски'. Имам 35 години. Доаѓам од мал град. Имам СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ. Имам 35 години, а за некои 3 месеци правам 36. А никогаш немам бакнато некој, ниту пак излезено на состанок. Знам дека со оглед на моите години, ова ви е малку зачудувачко. Но таа е вистината. Никогаш не сум бакнала некој, ниту пак сум излегла на состанок и да, сеуште сум девица. Сакам да ве прашам,има сеуште надеж за мене? Кога бев 25 години, си мислев има време. Сеуште сум млада еден ден вистинскиот ќе се појави. Кога бев 30 истото го мислев. Но еве веќе правам 36 години, а сеуште ништо од мојот љубовен живот. Одам на работа, ама немам пријатели. Сите си имаат свои семејства и се оженети или омажени, а јас ни првиот бакнеж не сум го доживеала... Ужасно ме боли кога гледам деца двојно помлади од мене имаат нешто во животот, а јас можам мајка да им бидам. Моите родители баш не се горди на мене. Па затоа, си заминав од дома и сега седам целосно сама под кирија. Немам ни браќа ни сестри. Многу ми е тешко. Ден по ден, месец по месец, година по година поминува, а кај мене сеуште ништо. Имав симпатии, но никогаш никој од нив не ме забележа. Немав пријатели. Бев целосно сама и сеуште сум. Кој би ме сакал мене ваква 35 годишна неискусна ама баш во ништо? Јас не знам како треба да се бакнувам, а за секс да не зборуваме. Многу ми е тешко. Затоа решив да се обратам тука. Се надевам вие феминки ќе ми помогнете што да направам. Сите совети и критики, се добредојдени. Прифаќам се што ќе ми кажете, само да променам се. Ми поминуваат годините веќе, јас на 35 години се замислував омажена жена , со деца и сопруг,а видете што ми се случува... Уште еднаш секој ваш совет е добредојден. Се надевам ќе ми напишете неколку совети... Поздрав. <3
Најпрво прашај се себеси зошто е тоа така!? Зошто си дозволила на овие години да останеш сама. Зошто никој не те забележува? Повлечена, грда, без самодоверба? Воопшто нека не те загрижува тоа што не знаеш да се бакнуваш, тоа доаѓа само по себе, ама извлечи се од оклопот во кој што се наоѓаш. Почни со некои друшѕвени збиднувања каде што ќе запознаваш луѓе. Оди на фитнес, зумба, пилатес има луѓе за дружба. Кога сето тоа ќе го започнеш ќе бидеш друга личност. Не седи дома и не се самосожалувај превземи нешто, биди жена од акција, тогаш ќе те забележат. Едит: Надеж секогаш има се додека си здрава и жива.
Zosto postavuvas takvo prasanje ?? Mislam deka ne si opustena i si zatvorena licnost , opusti se bidi poslobodna , inaku od kade si ?? ne me svakaj pogresno imam vujko i toj ima 40 godini , simpaticen e , ama dodeka toj se zaozbili godinite si pominuvaat , ako sakas da ve zapoznaam
Ако никој не те забележал или не те поканил на состанок, сигурно не му дала шанса за да го направи тоа. Немој да бидеш затворена. Кажа дека си вработена, сигурно имаш некои пријатели од колегите или надвор од работно место, дотерај се, излези, однесувај се слободно и дозволи му на мажите да ти пристапат. Сигурно дека има надеж не си престарена, но знаеш дека колку се зголемува бројот на твоите години толку се намалува изборот на мажи кои можеш да ги запознаеш. На таа возраст повеќето веќе имаат основано семејство. Мораш да пробуваш повеќе врски, да запознаеш повеќе мажи за да знаеш кој е вистинскиот, а не да чекаш цел живот да се појави тој совршен човек за кој сите фантазираме, но всушност не постои. Кога ќе се заљубиш ќе сфатиш дека тој е совршен за тебе и покрај сите негови несовршености. Со таква монотонија во твојот живот, затвореност во себе, без излегување и дружење, тешко дека ќе запознаеш некого. Направи им простор на мажите да ти се приближат и тоа во најкраток можен рок затоа што многу пропушташ. Иако сум прилично помлада од тебе сум искусила доста љубовни авантури кои секоја жена би сакала да ги доживее. Се разбира дека има надеж, само малку треба да се потрудиш. Заинтересирај се за својот изглед, доколку нешто недостасува подобри го, расположи се, уживај во животот па тогаш и љубовта сама ќе си ги нареди коцките. Среќно
@Sunshinexx35 Никој не флертовал со тебе? Не чувстуваш потреба? Дали си сигурна дека интересот ти се машки? Нема теоретски шанси никој да нема заеднички симпатии со тебе па да не излезиш ни еднаш. Реално, овој проблем мене лично ми изгледа малце нереално, ако се сфаќаме. Следно, ако е веќе реален, пак зајакот лежи во тебе. Излези на места кои ти се во интерес, ако повеќе сакаш библиотека - let it be - и гледај да запознајш некој таму (библиотека зедов за пример, недискотека или сл зошто сега двојно помлади од тебе одат на такви места). Сигурно одиш на работа, таму шири познанства, запознавај ги пријателите на твоите пријатели и пред се - биди опуштена, релаксирана.
@Sunshinexx35 ако ти самата не се обидеш да проработиш на твојот доста сериозен проблем никој нема да може да ти помогне гледано од страна. Според ова што го кажуваш премногу си се разочарала и затворила во себе уште на млади години, си се оддалечила од сите и си продолжила да живееш сама во животот што воопшто не е во ред. Животот не фунционира баш така ти како што си го замислуваш, да се одвоиш од сите и да живееш сосема сама во твој свет, а притоа да чекаш да ти падне од небо нешто што е составен дел од животот. Многу лоша одлука си направила која таа те кошта ете поминати години во тотална осаменост и монотонија. Затоа не чекај сеуште да ти падне среќата од небо, реагирај ти самата и помогни си да се осолободиш од овој оклоп кој си си го наметнала, никој нема да ти помогне ако ти не се потрудиш самата, оттргни ја горчината од себе колку што можеш повеќе, дотерај се, дигни ја главата и излези некаде (ако немаш пријателки еве потруди се да најдеш некоја роднина или колеги). Во денешно време бар светот е интернетизиран, можеш да се потрудиш да бидеш поактивна на социјалните мрежи, спонтано да се обидеш да најдеш некој, да го пребродиш стравот и да пробаш да искомуницираш прва....има безброј начини, не си ни прва ни последна но со малку упорност би можела да достигнеш некој резултат. И во секој случај да додадам уште нешто, не барај премногу, не барај нешто што според твојата возраст неможеш да го постигнеш, треба да знаеш дека си на восраст што неможеш баш многу да бираш... потруди се да бидеш едноставна личност и не бирај премногу.
Се согласувам со @vitamina . Само да додадам. Барај го проблемот во себе и причината зошто толку си се затворила во себе. Секогаш и за секого постои начин. Обиди се да промениш нешто. Биди по насмеана, поведра, покомуникативна. Верувам дека животот ти е монотон секој ден исто те исто работа-дома. Почни да се шминкаш по малку, исфарбај ја косата нијанса потемна/посветла. Промени и дел во стилот на облекување. На крајот битно е ти да се чуствуваш задоволна од самата себе.
Дали има надеж за тебе? Мене ми изгледа дека нема, но човек во животот ништо не може да знае, се може да се случи. Се надевам дека сепак најскоро ќе сретнеш некој кој ќе ти одговара. Стварно е касно за некои нешта што си ги пропуштила, не може да се врати ништо, но не сум сигурна колку ќе бидеш среќна и ако најдеш некој. Кога ќе те запознае на 36 години таква без искуство ќе си игра играчки со тебе. Извини што моите зборови се груби но навистина не требало да викаш дека има време за тоа. Ете да речеме дека ќе најдеш некој кој сепак ќе му биде важно да има свое семејство и ништо повеќе. Се е можно, што и да е, твоја судбина си е. А и не се врти се околу маж и деца. Живеј за себе, патувај, работи, прави нешто што те исполнува и прави среќна.
Јас би ти предложила да се обидеш со некоја агенција што посредува при запознавање. Нема што да загубиш. Сепак нема многу места каде што би можела да излегуваш на твои години.
Sunshinexx35 Секој период од животот има убави нешта. Тоа што си поставила оклоп и те совладала моќта на изолација се години кои се одамна пропуштени и не се враќаат. Никој не е создаден сам да го поминува животот. Можеби од сегашна перспектива ги согледуваш последиците и се покајуваш за некои работи, но тоа не значи дека така ќе биде секогаш доколку не ги пoвлечеш конците на своја страна. Сите сме одговорни за своите постапки. Комуникацијата со луѓето некогаш е тешка и неподнослива, но и без нив не се опстанува. За се ти е потребен некој. Самосожалувањето и повлченоста не ти носат ништо позитивно за да ги промениш темпото и текот на живеење. Сигурно постојат работи кои те исполнуваат и те прават среќна само треба да поработиш на себе за да постигнеш некаков успех. Не се обесхрабрувај. Надеж има се додека има живот. За секој постои некој таму некаде само треба да си дадеш можност за да го пронајдеш. Мораш сериозно да се насочиш кон друштвени активности каде може да сретнеш и запознаеш некој. Кога тоа би бил вистинскиот спонтаноста и чувствата функционираат заедно, па воопшто нема да размислуваш што (не) знаеш да правиш. Одлучноста да дозволиш некој да допре до тебе е момент да сфатиш што значи да се подредат коцките на соодветното место.
Несакам да се карам ама мислам дека нема потреба од вакви коментари. Зошто да нема надеж за девојката? Зошто да си игра играчки со нејзе, па таа ќе се дружи и запознава со сериозни, зрели и стабилни луѓе не со тинејџери кои незнаат шо сакат у животот. Со другиот дел од постот се согласувам.
@Sunshinexx35, секако дека има надеж за тебе. Но... Прво, треба да сфатиш - односно претпоставувам дека ти е јасно - дека проблемот е во тебе. Е сега, за точно да го идентификуваш, треба малце подлабоко да се анализираш. Еве ти некои мои согледувања вака од страна, за твојава ситуација. Прво, велиш дека си од мал град. Јасно, тоа може да биде проблем. Сите со сите се знаат, изборот за потенцијален дечко/маж е ограничен, можеби и непостоечки, за твоите години. Дали си размислувала за преселба во некој поголем град? Ако си во можност, побарај работа во друг град и пресели се. Ќе се оттргнеш од ограничената средина во која можеби веќе и си позната како „стара мома“ или некоја друга малограѓанска карактеристика, а и ќе ти се отворат многу нови можности. Во секој случај, промена на средина - работа, живеење - може само позитивно да ти влијае, врз личниот, а и врз љубовниот живот. Второ, Мислам дека можеби ова е голем дел од твојот проблем - тоа што си го чекала „вистинскиот“. Можеби звучи рамантично и као од некој филм, ама у твојава ситуација очигледно го имало спротивниот ефект. За да се бакнеш со некој, тој не мора да е „вистинскиот“, доволно е само физички да те привлекува. И за сексот важи истото. Вистинскиот треба да биде само твојот иден маж, за другиве работи е доволен и некој симпатичен дечко. Чекајќи го вистинскиот, ти си останала без никаков. Во секој случај, како што реков, не се секирај, има надеж за тебе. Ама имај на ум дека човекот со кој ќе го имаш првиот бакнеж или секс не мора по автоматизам и да ти биде идниот маж. Намали ги малце очекувањата и биде малце пореална, бидејќи тие се тие работи што до сега те спречувале. Трето, Бакнувањето и сексот не се квантна физика, па на 35 да ти е касно да ги научиш. Тоа се природни работи, за кои секој човек е биолошки програмиран да ги „знае“, секако, со искуство, се станува подобар. Многу машки би биле пресреќни со девојка како тебе - која ќе можат да ја научат на овие ствари, а башка и која нема да може да ги спореди со некој бивш. Секако, не те советувам да си најдеш некој ваков напатен и искомплексиран, туку муабетот ми е дека на нормален маж ова нема да му биде некаква ненадмилива препрека или нешто што би го спречило да биде со тебе. За крај, како да си најдеш некој? Колку и да не го сакам, фејсбукот е број еден дејтинг сервис у земјава, па можеш да го искористиш да си најдеш некој истомисленик, дечко кој е сингл, отприлика на твои години и кој не е од твојот град. Ќе видите како ќе ви тргне муабетот, ако ви тргне, ќе се договорите да се видите у живо итн. Секако, верувам дека постојат и вистински дејтинг сервиси у земјава, преку кои ќе можеш да си најдеш некој. Најбитно е да немаш илузии и преголеми очекувања - дека од прва ќе ја најдеш љубовта на твојот живот, со која ќе ги доживееш сите овие работи. За почеток, доволно е да најдеш некој кој ти е симпатичен или имате некои слични интереси. И секако, многу битно е твојот недостаток на искуство да не ти претставува пречка за да пробаш да најдеш некој. За се постои прв пат, и верувај, подобро е и на 36 години, отколку никогаш. Со среќа. Поздрав!
Надеж за тебе има. И секогаш ќе има. Барем јас се водам по тоа дека надежта последна умира (а можеби и не умира). Од твојот пост, мислам дека си една доста затворена, стегната и не комуникативна личност. Се извинувам ама ми остави таков впечаток. Мислам дека си се изолирала од се и сешто. Од пријатели, од семејство, од се и само чекаш тој „вистинскиот“ да се појави. Мила, среќата нема да дојде и да ти тропне на врата. Мораш да се потрудиш зошто верувам дека проблемот е во тебе. Почни од најмалите нешта, на пример: смени си фризура, смени си боја на коса, маникир, педикир, експериментирај си со облеката и труди се секогаш да изгледаш најдобро! Биди по ведра, по весела, труди се секогаш да бидеш насмеана. Па дури и кога е тешко. Нема ништо поубаво од нон-стоп весела, насмеана, позитивна девојка. Комуницирај со колегите на работа, излези, прошетај па макар и сама. И ќе те советувам како членот над мене. Сум против фб, но денес најмногу врски произлегле баш преку тој фејсбук. Главата горе и дозволи да бидеш забележана!
И јас имам роднина приближно со твојата возраст.Да ја редиме? Има надеж за тебе.Има девојки околу твојата возраст,што имале дечковци,долги врски,па сеуште не се омажени.Би ти го кажала истото што ти го кажаа и претходните девојки.Почни да излегуваш почесто,да бидеш покомуникативна,смени фризура...Возрасна си,можеш сама да видиш дали некој ти одговара или не,и на твоја возраст не може некој да те фолира
Има надеж и тоа како... еве ти една страна http://www.match.com/ на која можеш сама да си бираш.Нема мн да те коментирам тебе само ќе кажам ова... По3навам 56 годишен човек Mailman кој има деца возрасни и по некои околности заврши на улица, човекот се подигна на нозе се зачлени на странава и почна да си бара жена низ цел свет a си ја најде блиску до него.. Пред некој ден ги видов во бутик позаљубен од кога и да било. Немој да бидеш затворена пробај ништо не те кошта.
Па зошто да нема надеж за тебе? Остави тоа како си се замислувала, гледај ја сегашната ситуација и најди начин да ја смениш. Ми се допадна советот на @YoungandBeautiful. Смени ја фризурата, подобри го својот стил, инвестирај малку во козметика и шминка, убави чевли... Навидум површни работи, ама можат да дадат самодоверба на една жена. Запиши се на фитнес, јога, или друга активност каде што ќе среќаваш нови луѓе. Биди поактивна на Фејсбук. Знам многу луѓе кои запознаваат партнери преку социјални мрежи. Зошто да не? Се’ додека не се отвориш малку, нема да ги искористиш можностите. Па и членство на форум може да ти помогне да оствариш контакти. Секако, не овој форум на кој нема доволно машки членови. Сигурно имаш роднини, пријатели во странство. Можеш да ги посетиш на една недела, малку да си го прошириш кругот штом си од мало место. Направи што било, само не седи дома и не се изолирај од колегите. Не можеш да чекаш да ти падне нешто од небо или Универзумот да те постави на правото место во правото време. Кога ќе направиш нешто сама во своја корист, ќе се случи. И секако, не идеализирај и не барај некој совршен партнер. Ако ти се нуди шанса да се зближиш со некого, не размислувај дали тој е тој што ќе биде татко на твоите деца. Едноставно живеј и мисли на тоа што е најдобро за тебе сега, во овој момент.
Да се појавеше девојка да споделеше уште нешто, не ќе е лошо. Или само зачлени се лупни тема колку да имаме со што да се занимаваме и ќе ги изеде помрачина. Да и јас веќе мислам дека некој трола. Сега кога го читам постов просто ми е неверојатно за толку години ниту бакнеж да нема. Постов ме потсети на еден што пишуваше дека има 45-6 години и уште е невин, а цело време не тролаше, берем тој (тролачки) одговараше на напишаните постови. Наздравје нека ни е.