Инвитро - табу тема во нашата држава

Дискусија во 'Бременост' започната од Alishan30, 5 август 2019.

?

Дали инвитрото е табу тема денес?

  1. Да

    40 глас(а)
    38,1%
  2. Не

    65 глас(а)
    61,9%
  1. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    2.960
    Допаѓања:
    81.289
    Пол:
    Женски
    Подолго време ја мислам темава, и се решив конечно да ја отворам

    Колку инвитрото е табу тема во нашата држава?
    Што мислите?

    Се почесто наидувам на размислувања вакви, како жените со инвитро кријат? Или не кажуваат за начинот на забременување.

    Колку се тие поразлични дечиња? Од оние природно зачнатите

    Зошто жените кои се со инвитро би требало да се "привилегирани" или "загрозени"?

    Нели е тоа бременост посакувана, и се раѓаат дечиња со љубов создадени.

    Извинете на темава, но изреволтирана сум читајќи за обични прегледи кога мора да се нагласи дека "со инвитро се" стварно не ми е јасно

    Еве повелете изјаснете се.


    Мое мислење е дека ништо не е срамно ни чудно ни страшно ако се прави со љубов.
    Ако некој ме праша- гордо и без срам би кажака "бремена сум", и би помогнала со совети за инвитро доколку на тој начин сум забременила, но никако не би се чувствувала попривилегирана или позагрижена доколку сум со инвитро, трудница:)
     
    Последна измена: 5 август 2019
    На Thallia, Flower123123, mariz и 32 други им се допаѓа ова.
  2. Ygritte

    Ygritte Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    16.674
    Пол:
    Женски
    Сеуште е табу кај нас, а еден куп двојки добиле детенце на тој начин.... Штом еднаш останеш бремена, не е важен начинот на забременување.... Ова го кажувам од искуство, зашто кога бев бремена јас околу мене имаше трудници кои забремениле со инвитро, и во една прилика мене ми се обрати мајка ѝ на едната: Се во ред ама ти си друго, а разликата меѓу нас беше 7 недели.... Јас не знам зошто јас бев друго.... Бремена жена е бремена жена.... Знам колку маки поминале предходно, но сметам дека не треба да се нагласи, било поминало, битно е дека ќе си добијат детенце.... :inlove: со лесно на сите кои се во постапка и многу среќа :inlove::inlove::inlove:
     
    На mariz, podravka, dayla и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Septemvri

    Septemvri Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    3.284
    Пол:
    Женски
    Јас сум со ивф и избегнувам да разговарам на таа тема со повозрасни личности бидејќи чувствувам дека не го разбираат начинот со ивф. Сум се соочила со коментари од типот,кој знае од кој ставаат сперма и сл.простачки работи. Привелигирано не се чувствувам, со оглед на тоа што веќе имам едно дете спонтано зачнато, се чувствувам сосем исто. Можеби малку на почетокот заради лековите кои ги примав, а претходно не примав ни една третина од сето тоа. Децата сметам дека се исти без разлика како се зачнати, носат наш генетски материјал, ги раѓаме и ги одгледуваме исто како и кога би биле по природен пат.
     
    На Thallia, Flower123123, mariz и 28 други им се допаѓа ова.
  4. LejlaD

    LejlaD Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    75.809
    Пол:
    Женски
    @Alishan30 имаме познаници и пријатели кои се бореа години за бебенце,среќа успешно на крај,истото го посакувам на сите кои ја водат истата битка.Повеќето не ни сакаат луѓето да знаат на кој начин стигнале до бебче.Дури сега читајќи те се замислив зошто.Лично мене не ми е важно тоа,најважно ми е дека успеале.Секој има право да се бори за тоа што му е важно во животот.На крај би додала-фала богу што медицината напредна толку многу,подршка за сите кои го одат овај пат оти знам дека не е лесен,напротив ,многу тежок е :bow:
     
    На Thallia, Flower123123, Bozica1980 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. lia22

    lia22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Jas mislam deka da invitroto kaj nas e tabu i ne da sum revoltirana od odnosot na lugjeto...neznam kolkav revolt ima vo mene.
    Pa muabeti od tipot koj znae so civa sperma ostanala bremena,pa veshtacko bebe i sl.muabeti
    Da i jas bi pomognala so sovet ili na bilo kakov drug nacin vo vrska so invitro postapkata,bi bila gorda,srekna sto sum bila na nekomu od pomosh.
    I da ne bi im stavala vo ushi informacija deka sum bremena so pomosh na invitro postapka na onie neinforiranite i shto svoj leb jadat a tugjo gajle berat
     
    На PaLaVa, LejlaD, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. princess5

    princess5 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    11.444
    Пол:
    Женски
    Мислам дека мегу помладите и не е толку но повозрасните се некако по така... јас сеуште не сум останала бремена да кажам како би ме третирале од типот на коментари но сепак воопшто не е ниту срамно ниту за криење дали некоја забременила природно или со медицинска помош...
     
    На PaLaVa, LejlaD, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    3.832
    Допаѓања:
    48.554
    Пол:
    Машки
    На форумов имаше коментари дека децата добиени со ифв биле вештачки и у спротивност со Господовиот план така да не ме чуди и надвор од форумов да има такви кретенски коментари така да јасно ми е зошто некој пар би криел за ин витро.
     
    Последна измена: 6 август 2019
    На mariz, lovestoneddd, Leviosa2503 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    2.960
    Допаѓања:
    81.289
    Пол:
    Женски
    И јас не сум останала бремена, ама еве во труднички отвараш и оп прашање "било кое, и на крај се завршува со инвитро сум"

    Па сами им ставаме на знаење дека е табу тема, тогаш
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    1.898
    Допаѓања:
    63.114
    Пол:
    Женски
    Убава тема Алишан:f:
    Не сум во Мк,ама сметам дека е табу тема за жал.Вистината е дека просечен наш маж е тешко да го наговориш да направи спермограм,а дур дојде до ифв е веќе цел роман за пишување.Околината и менталитетот се такви какви што се,за жал повеќето се неинформирани и полни со предрасуди заради кои паровите се принудени да го прават тоа во тајност.Како општество сме полни со стереотипи и осудувачки настроени.
    Од друга страна,на толку малку население,на државно ниво постојат неколку современи клиники за асистирана репродукција,што укажува на фактот дека многу бебиња се зачнати благодарение на медицината.

    За да не е табу тема,треба да сме гласни ние кои сме поминале/поминуваме по тој пат.Не секој може и сака да збори за тоа,но успешните приказни се и те како ветар во грб и охрабрувачки за оние кои допрва се соочуваат со поимот ифв.

    Стерилитетот е глобален проблем,не е никој поединец виновен,но имаме среќа да живееме во време на развиена медицина,така да искористување на можностите и малце повеќе емпатија се секогаш добредојдени.
     
    Последна измена: 6 август 2019
    На Thallia, Flower123123, Dust и 23 други им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    3.066
    Немам впечаток дека е табу тема.

    Јас лично не го подржувам поради етички и духовни причини бидејќи верувам дека ние луѓето не сме само нашето физичко тело туку дека имаме и бесмртна душа во себе и дека во крајна линија нема случајности, па така ниту околу зачнувањето и раѓањето.

    За тоа пишувавме во слична но сепак засебна тема:
    Вештачкото оплодување и сурогат од духовна точка на гледиште.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.014
    Допаѓања:
    141.317
    А шо?
    Тие деца што се зачнати со ин-витро, без душа се?
    Несмасен ти е муабетот, дискриминирачки и навредува.

    Ко за секој технолошки напредок, така и за овај, има проблем поради неинформираност.
    Ако нешто некому не е јасно, одма го гледа со скептицизам и неверување.

    Се е до информираноста. А кај нас ко што се желни за (не)знаење, ништо чудно да се и полни со предрасуди.
     
    На Adams, Flower123123, mariz и 36 други им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    117.353
    Пол:
    Женски
    Меѓу помладата генерација, ин-витро оплудувањето е сосем нормална работа, начин на зачнување на бебе, малце потпомогнато. Ама за постарите генерации, на постарите мислам на оние кои веќе се во пензија, ова им е ем тотално непознато нешто ем табу, секој си го толкува на свој начин и оди во крајности кои немаат врска со реалноста. Само за пример, пар кој немаше више од 10години деца, добија близначиња. Ја сретнувам бабата и честитам, таа ми шепоти ,,со ин витро се, вештачки, кој знае дали се и нивни ама па да посвоеја уште помалце нивни ќе беа'' . Овие генерации ни со термини како сперматозоид и јајце клетка се немаат сретнато, џабе е и да им се објаснува, а доволно е тој дел да им е јасен и лесно ќе го сфатат и процесот на ин витро.

    Тоа што многу пареви ќутат не сакаат да зборат за ин витрото е затоа што се гледа со сожалување на нив, па се добива коменари за кои ти иде да утепаш некој, вака подобро им е да се штедат од нервози.

    Според мене тоа потенцирање е зашто мислат дека бременостите со ин витро се поинакви барем малце од природните, во смисол потешки, позахтевни, потреба од поголема покриеност со терапија итн.
     
    На Adams, Thallia, ane.bella и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Поголемиот дел од стариве кога ќе чујат дека некоја жена останала бремена со помош на инвитро кога ќе се накострешат па кога ќе почнат да поставуваат прашања од типот " A сега детето нивно е или не? " А како како се прави таа работа зар тоа не е вештачко,зар не е штетно ".Како прво не знам што им е гајле како е добиено детето.Алооо.Твое ли е детето па да прашуваш.Не само што е табу тема во државата туку е претабу.Некои родители се спремни цел живот да немаат деца само затоа што не сакаат да одат да се проверат и да видат што е проблемот.(или им е страв да не бидат озборувани или пак и тие веруваат во сите заблуди за инвитрото).Јас стварно незнам од што ќе се разликува бебето што е родено по инвитро пат и тоа по природен пат.И двете ќе изгледаат исто.Ама ај оди објасни им...
     
    На PaLaVa, Alishan30, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  14. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    6.608
    Пол:
    Женски
    Со гордост кажувам дека сум бремена со помош на ивф постапка, не за друго, искрено сакам да ги охрабрам сите што во моментот го минат патот што јас и мм го миневме скоро 5 години. Им кажувам за да знаат дека има решение и дека има начин да се стигне до целта. Благодарна сум што живееме во време кога медицината е толку напредната и ти нуде солуции за да добиеш СВОЈ пород, потенцирам СВОЈ (а не на кој знае таму кој), наместо во време кога единствен начин да се реализираш како родител, а реално имаш пречка, било посвојувањето. Човечки животи се во прашање, како ова панаѓур да е! Заостанати сме како менталитет до немајкаде... Јас па, сите дечиња што ги знам добиени до помош на ивф се плукнати на татковците. Озбилно. Па кој нема душа во себе нека јаде туѓи!
    Бременост е бременост, без разлика на кој начин е постигната, природно, со инсеминации или ивф. Така ако размислуваме, бебињата добиени со асистирана репродукција се планирани и дефинитивно посакувани од многу други природно зачнати... Ама муабет ли е ова бре?
    Кога потенцирам дека сум бремена со помош на ивф ја потенцирам мојата склоност кон екстремно чување и пазење на себе, објаснувајќи го од икс причини начинот на моето функционирање, не дека мајките кои природно забремениле се небрежни и не се внимателни, апсолутно НЕ! Секоја забременета себично си го чува плодот во утробата своја, туку јас лично би биле порелаксирана доколку спонтано ми се случеше бременоста. Стравот си го прави своето и тоа е факт.
    Неисцрпна е темава, неможам да се допишам. Најважно е да има бебиња нови, жени да се реализираат како мајки, на татковци од грижа за деца да им белеат коси... Без разлика дали бебето прво било во епрувета. Битно си е при мајката и таткото.
    Јас секогаш велам, на инка ми доаѓа да зборувам за инвитрото, цела постапка од а до ш, за да им помогнам на истите паталци што со препорака за доктор, што за терапија, што за анализи и испитувања. Така ми е изгорена душата од цела мака и борба, само јас си знам што сум минала за да стигнам до тука, и некој да се дрзне да ми коментира како тоа биле "вештачки" или од некој си таму деца, е богами очи од глава ќе му извадам.
    Орден треба да и се закачи на жена што запнала одејќи го патот на ивф. Особено ако е повеќе од еднаш. Кој не минел-не знае.
    Ајде да спиеме сега, веќе трудни, во моментов трудни и идни трудни жени лавици!
     
    На Adams, Thallia, Flower123123 и 31 други им се допаѓа ова.
  15. manako1

    manako1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    48.749
    Пол:
    Женски
    Зависи и какво ни е опкружувањето. Имам два примери. Комшивка стара 85г знаеше дека правам операции и само ми викаше немој да се оставиш без дете,лежи по болници слушај доктори и раѓај. Ми објаснуваше од преголема инфекција докторите и ги извадиле јајниците и останала без деца. Другиот пример се брат ми и снаа ми. Млади модерни луѓе со финанисиска помош за ивф од сите страни.Многу години претходно заедно,плус во брак снаата не оди на гинеколог со објаснување дека докторите не разбираат ништо и дека децата зачнати со ивф се купечки. Цело време одела по видовити и бајачки криејќи од мене. Секое доаѓање на нејзините сестри коментираа ајде што чекате правете бебе.Спермограм на мое досаѓање нормозооспермија. Нејзина дијагноза после 12години убедување нервозна матка. Се пакува,разведуваат со нејзино објаснување дека не може без деца. Коментари од сватовите штом золвата се лечи значи зетот е крив,другите наши ќерки имаат деца. Одма се премажува за друг сигурно 5г се во брак пак немаат деца. Ќе си ја скрати животната среќа од што слуша други и не оди на доктор. Јас забременив после две миомектомии,една инсеминација и две инвитра и не кријам. Целта ми беше да станам мајка. На лоши коментари одговарам нашето е купечко не е со секс. Не жалам ни болки,ни стресови и доколку доктор одобри пак би го поминала истиот пат. Доколку знам некој пар што идат на испитувања ненаметливо делам искуства од доктори и болници.
     
    На Adams, Thallia, mariz и 27 други им се допаѓа ова.
  16. manako1

    manako1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    48.749
    Пол:
    Женски
    Порано "Господ" селектирал кој ке има деца зошто немаше напредна медицина и од некој ситен проблем луѓето останувале без деца. Денес е срамота да немаш деца со ,"Господ така сака". За тие што веруваат во него Господ не прави бебе само дава сила да издржат сопружниците доаѓајки до целта.
     
    На Adams, ane.bella, podravka и 13 други им се допаѓа ова.
  17. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    3.141
    Баш мислам дека не е табу, со оглед дека секој втор пар има помали или поголеми потешкотии со зачнување. Со самото тоа што паровите кријат се прави табуто па оставаат простор на останатите за неумесни коментари. Мислам дека најчесто кријат бидејќи ќе се наметне прашањето кој е ,,неплодниот,, и нели кај нас веднаш да се знае секој детал, зошто. Од друга страна они што забремениле нагласуваат претпоставувам од страв, со оглед на битките претходно разбирливо е да бидат исплашени дека нешто може да тргне на лошо.
     
    На Flower123123, Ицолгудбејбе и princess5 им се допаѓа ова.
  18. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.880
    Не само тоа, туку ме интересира дали истите што се водат со тоа како сака Господ пијат лекарства, прават операции (зошто да се вади слепо црево ако Господ сакал да се воспали и човекот да умре, и таа душа е бесмртна), примаат вакцини, се подлегнуваат на хемотерапија после рак, се боцкаат со инсулин за дијабетис, на крај на краиштата, дали носат наочари на пример - ако Господ сакал човекот да гледа, не би му дал миопија.
    Имам дете со ивф, морам да признаам дека немам од никого добиено негативен коментар. Може имам среќа што се движам во таква средина, може сум се поставила така што некои не се осмелуваат да коментираат пред мене, не знам. А за водење бременост - да, кога ќе настане бременоста веќе е исто, но во болниците од старт ставаат назнака "високо ризична" (иако имав сосема уредни 9 месеци, во Систина до крај ме водеа со ризик), па веројатно и трудниците затоа нагласуваат.
     
    На Flower123123, Doozy, podravka и 19 други им се допаѓа ова.
  19. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    4.524
    Пол:
    Женски
    Не е толку табу тема колку што се лугјето околу нас неинформирани.
    Во борбата со неплодност ке налеташ на секакви коментари.
    Јас на работа кога реков дека одам на ин витро, искрено се соочив со се и сешто.
    Едни те подржуваат до бескрај, други те прашуваат како оди постапката, што ти прават, болно ли е? Трети те сожалуваат, шепотат зад твој грб со други, за твојот проблем Но има и такви што те исмеваат. Да можеби на некој нема да му се верува, но те исмеваат, те гледат во фаца и ти се смееат. Па ти објаснуваат како кај нив од прва фатило, како сме требале да бидеме опуштени и ред други работи.
    Во помалите средини е многу полошо, таму скоро сите те знаат, и има луге, кои можеби не ги познаваш убаво, а тие проблемот ти го знаат од А до Ш.
    Еднаш ми се има случено на кафе кај комшивката, имаше повеке жени од зградава собрани, од кои со некој ептен сум само на едно здраво. Имаше и гостинка од друг град, жена во години и современа. И во муабет ме прашува жената колкави деца имам. Не знаете што стана :|, сите гледат во неа, и прават фаци да не прашува, и сите тихо ко во хор "она нема деца", пред јас да изустам некој збор.
    И на жената нормално од нивната реакција и падна незгодно и ми рече, еее ке имаш воопшто да не се грижиш, без деца останал само тој што не сакал, ова ти е као само моментална состојба.
    Мене смешни ми беа нивните реакции, затоа што јас воопшто не се срамам дека моментално немам дете, ЧУСТВУВАМ ДЕКА ЕДЕН ДЕН КЕ ИМАМ.
    За постарите луге да не зборам, тие си се приказана за себе, ама ним и не им замерувавам.
    Редовно од нив ке чујам некој коментар од типот " а бе на тоа вештачкото што не одите и вие, колку жени се шетатат со дете од тоа. Они си мислат дека на ин витро одиш и од прва се вракјаш бремена :D.
    Па кога ке им кажеш дека си бил повеке пати и не биднало, е тука веке настапуваат сожалувањата ,,леле чедо, па што ти е на тебе, па ни со вештачко не можеш да останеш бремена". Те гледат како изрод.
    Во последно време искрено избегавам да сум во друштво со било кој, почнаа да ме погодуваат таквите коментари.
    Има и коментари, ајде што чекате, кога дете? Па ти ги бројат годините, он кога ке бил матурант, ние колку години ке сме имале и сл.
    Ова нема крај. Но мене ми е најбитно што си имам љубов и разбирање со мажот ми, па лугето нека си зборат што сакат.
    Ние сега во септември ке поднесеме и документи за посвојување, во мегувреме продолжуваме и со ин витра.
    Камо срека да биде во брзо време и едното и другото.
    Тогаш би била целосно исполнета :inlove:.
     
    На Adams, Flower123123, TheGoldenPeach и 25 други им се допаѓа ова.
  20. lia22

    lia22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    862
    Пол:
    Женски
    Koi eticki,koi duhovni pricini?Ccc
    I vo temava shto si ja postavila na prasanjeto dali go podrzuvate veshtackoto opluduvanje 88% odgovorile so da
    Ne gledam deka mnozinstvoto ja poddrzuva od tie ETICKI,DUHOVNI,RELIGISKI pricini
    Pa koga go procitav i prashanjeto dali i dushata ceka vo dlaboko zamrznuvanje so embrionite?Auu strashno
    Sekoj ima pravo na svoe mislenje ama vo taa tema od koja si pratila link ne gledam nishto izdrzano
     
    На Anomis11, eta и Lianna Anna им се допаѓа ова.