Иницијативата за 2045 година е непрофитна организација која развива мрежа и заедница на истражувачи од областа на животниот век. [1] [2] Основана е од рускиот претприемач Дмитриј Исков во февруари 2011 година со учество на руски специјалисти од областа на нервните интерфејси, роботика, вештачки органи и системи. Главната цел на иницијативата за 2045 година, како што е наведено на сајтот, е „да се создадат технологии кои овозможуваат пренесување на личноста на поединецот на понапреден не-биолошки носител и продолжување на животот, вклучително и до точка на бесмртност. Ние посветуваме особено внимание на овозможување на целосен можен дијалог помеѓу најголемите светски духовни традиции, наука и општество “. Facebook : https://mk-mk.facebook.com/2045Initiative Web strana : http://2045.com/ Youtube : https://www.youtube.com/channel/UC4z1W8oHYn_9EaUdE-hBIag Twitter : https://twitter.com/2045initiative
Не, бидејќи личноста произлегува од душата а душата има ограничено време на располагање колку може да се задржи во дотичното отелотворување (инкарнација). Смислата на овоземниот живот не е вечно постоење во материјалниот космос (на планетава Земја на пр.) туку овој живот да се искористи како вид одскочна даска, за да се прочисти сопствената душа како би можела истата без поголеми потешкотии да го продолжи својот пат кон Апсолутноста - нашата изворна татковина која се нарекува и Царство Небесно. Повеќе за проблемите и тешките последици кои произлегуваат од вакви идеи и проекти кои всушност се телепатски диригирани од страна на демоните (Божјите противници) може да се прочита во книгите: Неговото око - Божјото книговодство: Микрокосмос во макрокосмосот и Јас, Јас, Јас: Пајакот во мрежа - Законот на одговарање и законот на проекција.
Го гледав филмов за кој што зборите минатата пролет во Синеплекс, Реплики се вика. Интересен филм, али SiFi филм, како и целава оваа идеја. Еве го трејлерот: Свеста и личноста на човекот не се наоѓаат во хемиските врски на мозочните клетки. Натуралистите или атеистите, кои не веруваат во дух или душа, сакаат да не убедат во тоа, но верувам дека ни самите не се убедени во тоа дека нивните мисли и свесност се обични хемиски реакции помеѓу водород, азот, кислород и сл.
Се е можно да кажеме од пред 20 години и сега колку има промени се ни е на дофа а не пак за 20 и кусур години какви работи уште ке има
Погоголема глупост нема од ова. Гледав вакво пред некое време на Nat. Geographic и слично како би изгледало роботите да бидат како нас, да се размножуваат. За гледање е интересно како филмче ама за да биди ова нема шанса. Очигледно тешки пари се на мета.
Kako uspeaa da oziveat mrtovo gluvce ili crv neznam shto beshe i go programiraa dvizenja se , duri i vlaknata mu se vratija kako da e prerodeno ??
Тоа не е спорно дека можеби успеале, туку дали е тоа во ред и дали е тоа истото глувче, црвче, човек од претходно или само технички истото тело но сосема поинаква содржина или дури и без содржина (без душа, особено човек кога е во прашање). Таквите човечки (поточно демонски) творби енергетски висат закачени на нивните „создатели„ и подржувачи(на пр. нарачатели, финансиери, законодавци и сл.) бидејќи Бог не дал енергија за такви созданија. Кога би станало збор за човек - која е таа душа која би се нафатила да влезе и се поврзе со такво тело и под такви околности? Една просветлена душа која ја спознала својата цел и смисла на овоземниот живот, сигурно не. Истото важи и при клонирањето. Конечниот резултат не би бил подобар и подолгорочен квалитетен свет, туку уште поголемо страдање на луѓето и природата.
"2045 Initiative" е само уште еден модернизиран обид за човекот да постигне бесмртност, кој го дефинирам како самоодбранбен одговор, односно реакција на еден од нашите најголеми стравови - стравот од смртта, бидејќи постоењето на задгробниот живот не е научно потврден што кај луѓето создава чувство на вознемиреност. Овој амбициозен стремеж постои уште од самото наше постоење, меѓутоа факт е дека Homo Sapiens, како и мнозинството живи суштества на планетава, подлежат на стареење и биолошка смрт. И покрај тоа што со значителниот прогрес на медицината и технологијата, животниот век на луѓето константно се продолжувал низ историјата, сепак се чини дека ни тоа не е доволно за нас. Но од друга страна, бесмртноста и не мора да има стриктно биолошка позадина, со оглед на фактот дека свесноста на човекот е она кое го создава неговиот идентитет; Додека лично го поддржувам рапидниот развој на науката и технологијата, сепак сум малку скептична дека токму до 2045 година ова целосно ќе се реализира, иако верувам дека постои голема шанса за животниот век на луѓето дополнително да се продолжи на одреден начин. Освен тоа, верувам дека човештвото, како и планетата Земја се соочуваат со многу порелевантни и покритични проблеми кои го загрозуваат нашето моментално постоење, отколку трајното престанување на сите биолошки функции кои го одржуваат нашиот физички организам. Поради тоа, бидејќи концептот за бесмртноста, без разлика по каква позадина ќе биде манифестиран, засега не дава цврста гаранција за неговото остварување и поради тоа не треба истиот, нужно, да биде примарниот приоритет на науката и технологијата.
da ve prasam neshto po shto zaklucivte deka vie se znaete i ste vo pravo ?? ve molam iskreno odgorete mi a deka drugite si pravat filmovi vo umot , kako naucnici i mn mn poobrazovani i popametni lugje od nas ?