Не видов фали има ваква тема, ако е дупла, слободно во канта. Идејата ми е да разменуваме - кои инстант каши ги сакаат бебињата, - се добри по состав, - пристапни со цена.
Поголемото ги јадеше сите ноќни на Hipp. Ги обожаваше и бараше уште. Ги сакаше и инстант кашите на Milupa. Второто пак ги мразеше и плачеше кога ќе и дадев. Добиваше нагони за повраќање. Купив 2-3 кутии за неа и завршија во канта.
Јас на синко давав од хип инстант каши, ориз, палента, таа со повеќе житарки, и од млечните таа со бисквит и со јаболко.Давав и лино обично за вечера или млечна хип или лино,сите ги јадеше.Млечните на хип имаат млеко во нив па се прават со вода и се практични, јас не давав ад само цицаше бебе и таман ми беа за припрема.Чоколино дадов многу покасно со кравјо млеко.
Кои житарки ги има во миксот холле? Ќерка ми ги обожава овесните од ДМ. Со млеко и ги спремам и обошје. Исто го сака и оризот во кутија ама на холле повеќе ми го јаде отколку хип. Ели мене педијатарот ми рече со 2 овошки да гледам да комбинирам.Исто и ручекот со два вида зеленчука да е… Обично така практикувам , чиста житарка не сум дала
И јас комбинирам на овие. Нели немаат вкус инаку... Оние ноќните инстант не ги комбинирам бидејќи имаат во нив овошје веќе, нели готов оброк се? Во нив додавате ли?
Многу ја сакаше оваа. И ја мешав летоска со разни овошја. Ноќните не ги сакаше, дали и беа благи многу не знам. Од 10 месеци престана да јаде каши. Баш сабајлево пробав мусли да и дадам....така ми го врати назад со поглед мама дај да не се заебаваме
Супер темава јас добив поклонче од бабулове кашите од дм сеуште не сме ги пробале има некој искуство што ги дава вака гледам и со цени се окау. А холле само во зегин ли ги има?
Holle има само во Зегин. Кашите од дм брендовите се добри. И тие на babylove и тие на dmbio. Двете ги користев и мислам дека се поефтини од Holle и Hip.