Форумџика на годината

Инсулинска резистенција и ПЦОС

Дискусија во 'Бременост' започната од Kolumna, 25 мај 2022.

  1. Kolumna

    Kolumna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2020
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki,

    Odamna si mislam da otvorim tema vo vrska so Insulinska Rezistencija i PCOS. Diagnoza koja predizvikuva lacenje na insulinot i isto taka predizvikuva anovulatorni ciklusi i sterilitet.
    Jas sum vo terapija na glukofazh, i cesto pati go prasam doktorot dali jas sum dijabeticar? Mi vika ne, glukofazhot go pijam za sredenje na ovulacijata i preventivno.
    IR moze da poremeti i drugi hormoni i da napravi hormonalen disbalans vo teloto na zenata.

    Procitam vo internet iskustva, naj vazniot komponent vo ovoj problem e lifestyle. Nacinot na ishrana i vezbanjeto.

    Dali imate iskustva? Dali imate nekoj dobar dietolog sto bi mozele da go preporacate vo vrska so ova problematika i kako se spravuvate so ovoj problem vas sto vi predizvikuva i sterilitet?
     
    На Cosmic Girl и viva.la.vida им се допаѓа ова.
  2. MeowMeow

    MeowMeow Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    2.514
    Пол:
    Женски
    Јас имам инсулинска резистенција (хиперинсулинемија) и ПЦОС, воедно покачен ми беше и андростендионот и прв пат кога поверив хормони матичната ми спомна "па добро, можда е моментална ситуација, ќе провериме пак за некој месец", за некој месец повторно андростендион покачен, пак изјава "ај да пројдат одмори па ако е иста ситуација ќе те пратам на ендокринолог", не сакав да чекам и сама отидов на приватно бидејќи се обидувавме за бебе и таму ми открија дека всушност инсулинот прави проблем. Ми дадоа терапија со глукофаж (метформин) плус неколку општи совети за исхрана и ми се среди циклусот, ес да после сама прекинав да ги пијам, т.е. се олабавив малку и пак ми се поремети циклусот за на крај да дознаам дека сум трудна.
     
    На AlchinovaR1979, mira.mira, KittyAgnes и 4 други им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Јас имам ПЦОС и инсулинска резистенција. Кај мене инсулинот е висок, гликемијата е добра. Правев ОГТТ тест на Ендокринологија и тоа беше заклучокот. На Ендокринологија ми рекоа се е во ред нема потреба од терапија. Ама јас имам типична хормонска слика за ПЦОС (на трет ден имам инверзија на ФСХ и ЛХ) и имам многу мали цисти на ехо. Машките хормони не ми се над граница освен ДХЕА-с ама тој не го сметаат за проблематичен.
    Инаку цел живот се трудам со пазење и вежбање да одржам „нормална“ тежина и од гинеколог ме класифицираат како жена со ПЦОС со нормална тежина.
    Еднаш останав природно бремена ама го изгубив бебето заради септум, а втората бременост ми беше со ИВФ постигната (не само заради ПЦОС туку и заради други фактори меѓу кои и машка неплодност).

    Инаку пиев метформин (глукофаж и сиофор) од 1000 милиграми дневно, па 500 па пак 1000. Од метформинот ослабев ама кај мене немаше ефект на овулација. Завршив на Ovarian drilling зашто фоликулите не ми пукаа при инсеминации (дури и со Прегнил). На drilling докторката ми рече дека јајниците ми имале изглед како да имам 150 кила а јас сум со нормална тежина.
    Циклусот малку од малку ми се подобри по породување ама пак ми е нестабилен (добивам на 30 до 40 дена).
    Откако прекинав со метформинот слабеењето ми е многу тешко, ама со упорност успевам да се одржам на некоја „нормала“.

    ПЦОС е чудна ствар. За бебе некогаш нема никаков проблем, некогаш е борба. Со среќа.
     
    На Bella_Stella, Lavender4, Cosmic Girl и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Freckles.

    Freckles. Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    4.807
    За инсулинска резистенција и борбата со неплодност имаше пишувано во фејсбук групата за хроно исхрана.
    Баш хроно исхраната била препорачана од специјалист во Белград кај кој отишле луѓето после долгогодишно талкање по нашите државни и приватни болници и за некој месец жената останала бремена.
    Еве линк до групата, нека те прифатат па барај за ИР таму.
    https://www.facebook.com/groups/hronoishrana
     
    На Slonce91 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. Kolumna

    Kolumna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2020
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Jas tri godini i pol se borim so neplodnost. Pijam glukophage od 2*750 dnevno. Imav missed abortus preku invitro iako bev vo terapija.
    Insulinot mi e 13-14 vo terapija, a glikozata i tri mesecniot sekjer mi se vo normala.
    Imam poremetuvanje na prolaktinot ponekogas (ama toa mi e od stres poradi neplodnosta). A so testosteron i androstendion nemam problem.
    Od vreme na vreme imam anovulatorni ciklusi..
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    За missed испитај фактори на коагулација на трансфузиологија. Претпоставувам дека хистеро и лапаро имаш направено. Мене missed ми беше заради септум на матка.
     
  7. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    3.853
    Dali imas zgolemena telesna tezina?
    Dali go piese bez prekin metforminot?
    Za prolaktinot moras terapija, bez ogked od sto se kacil.
    Ste probale so dekstametazon da go pies nekoe vreme ( ne.samo za vreme na ivf procesite)
     
  8. Kolumna

    Kolumna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2020
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Ne sum piela deksametazon nikogas. Sega mi go spomna i go procitav deka e glukokortikoiden lek. Kako se pie? Koga se pie?
    I imam 69 kg, sum1.69.. imam nekolku kila povekje ama ne sum debela debela.
    Pijam bez prekin 1 godina i pol metformim. Ama nekako mnogu mi izgleda dozata.
    I za prolaktinot pijam koga e pokaceno
     
  9. MemoryOfUniverse

    MemoryOfUniverse Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Треба да си провериш Б-клетките (што контролираат Т-клетките деактивација) за дексаметазон. Се пие за превентива да не се размножуваат Т-клетките неограничено/неконтролирано и да прераснат во auto-immunity/imuno-disease . Ако ти се Б-клетките Ок, може да пореметиш друго при зимање, провери си.

    Хлорела алга регулира инсулин.
     
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    29.331
    Пол:
    Женски
    Јас не се обидувам за бременост ама ја имам истава дијагноза па да споделам искуство што можеби ќе ви помогне. Имам хиперинсуленимија и pcos, и мало покачување на тестостеронот. Докторите нормално викаат промена на животен стил, многу пешачење, промена на исхрана. Долго време го следев режимот со броење на лебни единици и тоа многу ми помогна. Пијам и глукофаж од 500мг.

    Истражував многу и открив за суплемент кој помага многу во оваа дијагноза, се вика инозитол. Кај нас го имам најдено како 2 врсти: фертимилин на synergy како комбинација од Myo-inositol и D-chiro-inositol, и како чист инозитол на Now. Првиот го пиев скоро година, сега преминав на вториов. Добивам многу поредовно, претходно ако знаеше на 40+ дена, сега ми доаѓа на 30-32дена. Советувајте се со гинеколог/ендокринолог и прашајте дали можете да го земате, јас сум презадоволна.

    И еве еден артикл ако сакате да читнете
    https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC5040057/
     
    На senjorita-v, Alm., Lavender4 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    7.323
    Dali nekoj go primal lekot Ozempik za insulinska rezistencija?
    Kakvii se iskustvata ?
     
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.059
    Допаѓања:
    19.998
    Пол:
    Женски
    Јас сум со Пцос, немам ИР, но пијам Глукофаж од 1000мг заради регулирање на инверзијата на Лх и Фсх. Го пиев и пред претходната бременост која заврши неуспешно од други причини. Инаку ги имам сите хормомални симптоми на Пцос. Покачен андростендион и тестостерон, за нив пијам Дексаметазон и Спиринолактон. Јајниците немаат цисти и не се зголемени. Исто така сум пиела суплементи на база на Мио Инозитол, моментално пијам Пикозитол.

    Се трудам да се хранам здраво, без бели теста, шеќери и преработена храна. Гледам повеќе протеинска исхрана да практикувам и свежи овошје и зеленчук. Активност од минимум 30 мин дневно е неопходна кај пцос, иако и јас некогаш тешко наоѓам мотивација да вежбам редовно.

    Никогаш не очекував дека толку ќе се мачам за да забременам зошто познавам жени со пцос што немале никаков проблем со забременување. Ама ете очигледно сите сме приказна за себе..
    На сите кои сте во борбата ви посакувам успех што поскоро!
     
    На AlchinovaR1979, CareTee, MeowMeow и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Јас сум со ПЦОС, инсулинската резистенција влијае и тоа како. Се борев со стерилитет со години, сменив повеќе работи и нешто од нив профункционира и сега имам двомесечно сонце.
    Пиев сиофор и немаше некој ефект кај мене. Барајќи по интернет ја најдов Kym Campbell со smart fertility choices. Има многу за исхрана и вежбање, и убаво објаснува некои работи.
    Го сменив сиофор со иноситол, исфрлив кафе, припазував на другите работи ама не 100% (не успеав да исфрлам млечни производи иако имам приметено и по други работи дека ми сметаат)
    Зголемив физичка активност (пешачење и планинарење) и тоа многу ми помогна да го намалам стресот.
    Ништо од ова не е волшебно стапче, ама може ќе се најде како информација...
    Стискам палци за успех
     
    На Naki22, Bebce1, Bella_Stella и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Kolumna

    Kolumna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2020
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    4.526
    Пол:
    Женски
    Kako doznava deka imas insulinska rezistencija? Kakvi ti bea parametrite na insulinot i dali pravese GTT test? Ako da, kakvi ti bea i parametrite na GTT testot?
    Jas pijam glukofazh 2*750, golema doza mislam. Ama ne gledam nekoe golemo deluvanje vo procesot
     
  15. BearMe

    BearMe Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2015
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Не бев официјално дијагностицирана, ама претпоставував дека нешто има, па барав сама решенија во повеќе правци
     
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Еве ги моите ако сакаш да споредиш нешто.

    Screenshot_20220530_003325.jpg

    Пиев Глукофаж 1х750, неколку месеци пред да забременам до 13та недела од бременоста. Сега треба да правам пак да видам до кај сум.
     
    На Kolumna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Мене за циклус многу ми помага цимет. Ништо друго, а имам пробано мака, иноситол, чај за јајници и уште нешто веќе не знам ни самата што.

    Циметот подобрува пропустливост на инсулин па веројатно подобрува инсулинска резистенција.
     
    На Bella_Stella и Kolumna им се допаѓа ова.
  18. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Женски
    И јас сум со вас тука, пцос и ИР, дијагностицирани уште на 17год, терапија спиронолактон и метформин, прекинати само во бременост.
    Циклусот ми бил редовен секогаш, не знам само дали сум овулирала редовно, не сум ни испитала тоа, а и за забременување (за првово дете) немав некој проблем, на 3т месец од обиди останав бремена.
    Е сега проблем имам со задршка на вода и потешко држам линија.
    Ден два да јадам се што не треба и да ја промашам терапијата, јас сум 3кг + .
    Ама се трудам да се доведам до ред, имам уште 7кг до посакувана килажа...
    Многу качив во бременост без метформинот, 31кг, ми е страв дека пак би качила толку, затоа чекам да симнам се што имав качено во првава, па би се обиделе за уште едно детенце.

    На сите што се обидувате, побрзо да видите две цртки :hug:
     
    На Bella_Stella, MeowMeow, CareTee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. delvi

    delvi Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    kako go koristis cimetot vo forma na tableti li
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Сега за сега чај од цимет правам. Вријам вода и потоа ставам лажиче цимет во вриената вода. Чекам додека се олади и додавам малку мед. Пола чаша пијам пред спиење пола сабајле на гладно. Циметот ми е Цејлонски (другиот има многу кумарин и може да го оштети црниот дроб ако подолго се користи). Е сега јас пијам неколку дена неделно викенд обично ми е пауза.

    Инспирацијата ми е од тука Mechanistic and therapeutic insight into the effects of cinnamon in polycystic ovary syndrome: a systematic review | Journal of Ovarian Research | Full Text (biomedcentral.com).

    А рецептот од тука: Some Honey and Cinnamon — PCOS Awareness Association (pcosaa.org).

    Видов пред неколку дена во ДМ и таблети од цимет ама тоа немам пробано.
     
    На Kolumna и viva.la.vida им се допаѓа ова.