Интервизија 2025 (Интервидениe 2025)

Дискусија во 'Музика' започната од ice.princess, 19 мај 2025.

  1. ice.princess

    ice.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Меѓународниот музички натпревар Интервизија 2025 е натпревар за песни што е планирано да се одржи на 20 Септември во Москва, како алтернатива на Евровизија.Повеќе од 20 земји ќе учествуваат во Интервизија 2025: членки на БРИКС ,земји од ЗНД,Латинска Америка, Азија и Африка. Помеѓу државите кои веќе го потврдија своето учество се:Азербејџан,Ерменија, Белорусија,Унгарија,Бразил,Египет,Индија,Иран,Казахстан,Катар,Киргистан,Кина,Колумбија, Куба Мексико,Обединети Арапски Емирати,Пакистан,Таџикистан,Тајланд,Туркменистан,Узбекистан и Јужна Африка. Меѓу државите кои се во преговори за учество на натпреварот се: Алжир,Аргентина,Боливија,Бангладеш,Унгарија,Венецуела,Виетнам,Турција,Тунис,Нигерија,Непал,Перу,Сингапур,Етиопија,Лаос,Малезија,Уганда,Еквадор и Јамајка.Во однос на преносот на самиот натпревар,Радиодифузерите во земјите учеснички ќе го емитуваат полуфиналето во кое гласаат и финалето. Покрај тоа, Европската радиодифузна унија, исто така, ќе ги емитува полуфиналето и финалето во живо без коментари на својот официјален YouTube канал . Што се однесува до претсавниците за земјите учеснички досега само Киргистан ги има избрано своите претставници (групата NOMAD со песната Жалгыз сага), Русија ќе ја претставува пејачот Shaman, а Белорусија ја избра Настја Кравченко како своја претставничка.
    Песната која ќе ја претставува Киргистан:


    Што мислите за идејава да се креира алтернативен натпревар кој би бил конкуренција на Евровизија и дали би го следеле?
     

    Прикачени фајлови: