Кога е родено вашето бебе?Дали има интересна дата,на пр.01.01.(нова година),07.01.(Божиќ),Велигден,празник на светец или некоја слава во фамилија,интересна случка поврзана за неговата фамилија,на некој ден именден(пр.30.09.-Вера надеж и љубов,на петров ден-Петар,на илинден ден-Илија или Илин,..или....можда на петок 13.или.....итн...l:
08.08.Св.Петка,заштитничката на моето и семејството на сопругот.Ммм....го обожавам тој број...мојот среќен број...ќе ми остане засекогаш во .Нека не чува и води во животот
Мила, сега оние што се со царски рез, можат да си ја темпираат датата, доколку е во близина . Колешка моја си закажа царски рез на својот роденден, сакала со керката да се во ист ден родени . Затоа за прво родени на 1 јануари ги сметаат, оние што се природно породени. На убава дата се родил син ти, нека жив и здрав
31.01.2019 на роденденот на мојата мајка и денот кога почина мојот најсакан дедо, татко на мајка ми. Природно породена после две години бременост.
21.09.2017 мала Богородица. После 1,5год обидување На 21.09.2016 во црквата Богородица, на икона оставив розеви бебешки кондурчиња. Купени розеви зошто тие први ги фатив. Точно после една година се роди Сара, природно во 37 недела.
08.08 и мое бебе е родено. Природно. Секогаш кога ми било тешко сум палела свеќа во св. Петка. Така ми доаѓало. И бебе ми даде на тој ден. 08.08.2018 во 08ч. сабајле.
Син ми е роден на денот на велигден (06:00 сабајле, недела), природно. Термин ми беше 04.04, ама он си сакал на тој ден 12.04.2015 Ќерка ми има лесен датум 01.11.2017 А јас сум родена на 4ти Дек, Воведение на Пресвета Богородица Пречиста. Карлично, природно родено бебе сум
27.05.2018, на ден Духовден, еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Башка тогаш и Охрската архепископија славеше 1000 години. А инаку природно се породив.
Јас имав можност да одберам датум (породивање со царски рез). И одбрав 10ти, мојата омилена и среќна бројка.
Само 2 год. беа???? Намерно чекаше да се породиш во месецот во кој и јас сум родена... Јануари си е Јануари...ама во Мај ми е срцето/а
Леле ова со осмициве е закон!!! Подзинав!! Неверојатно! Да ве чува Св. Петка и понатаму, здравје и радост да ви дарува!
Мене на 1ви Мај ме фатија контракциите, после скараџиско весеље кај кумот... денот на трудот, трудбено го завршив Сабајлето во 6:20 на 2ри се породив. Белким трудољубиви ќе бидат маливе, срцки на мама
Поголемиот син ми е роден на 25.12. во 12.25ч,природно на св.Спиридон,Католички Божиќ..ден после мојот роденден..јас сум 24.12-Католички Бадник Вториот сим термин имаше на именденот на првиот син, 13.05 и денот кога пред 10 години почина баба ми..се роди природно на 11ти.
10.10. Тогаш е роден поголемиот син. Уште да беше една година порано, ќе беше поинтересна дата. Го родив пред термин. А и пред празник е роден. Маж ми е роден на празник. Јас да сум се родела саат и пол покасно ќе имав дата на раѓање 07.07