Како што е и насловот, овде да постираме видеа од странски јутјубери кои ни се допаднале, или не насмеале, јас ќе почнам прва.
Ја следи некој Сабина? Јас имам баш мешани чувства во врска со неа. Добар популаризатор е на тековна наука, во тек е со настаните, но, некогаш премногу забегува во шпекулација сакајќи да биде поголем папа од папата, „попаметна од паметните“, еден против сите, исто така не ми се допаѓа нејзиниот „многу интересен хумор“. ... Ме „изгуби“, пред некој ден за глобалното заладување, што е теорија на заговор. Сѐ уште ја следам, ми е „интересна“ за сега.