Интересни моменти со вашите миленици

Дискусија во 'Дом' започната од rossonerka, 31 јули 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сите што чуваме миленичиња сигурно сме имале смешни, а можеби и страшни моменти со нашите миленици кои останале врежани во нашата меморија.
    Па споделете ги интересните моменти, а сигурно ги имате. :wasntme:

    Ќе почнам јас со она што прво ми текнува. Чувавме маче пред неколку години Андреј. И си седеше во двор, така да си шеткаше слободно кај сака. И еден ден комшиски волчјак да земе да го спобрка, мачево од страв оп на бандера, али на врв на бандера со телефонски жици среќа. И стои на врвот на бандерата :rofl: Леле ние узбуна кренавме, како ќе се симне??? Сирото маче пробува да се симне ама неможе. Сестра ми многу помала беше плаче на улица, зима салама го вика да се симне, се собраа комшии и го гледаат :lol: И на сестра ми идеја ми дава телефон да се јавам во пожарна да дојдат да го симнат. Сирото девојче гледа многу анимал планет па мисли исто ко во Америка функционира и кај нас пожарникарството. И додека ние дома се расправавме кој да се јави среќа се симна мачево, како немам поима, никој не го видел. Среќа живо и здраво. Сега се смејам кога ќе се потсетам како стоеше на врвот, али тогаш многу ми беше жал :)
    Ќе кажам во следна прилика за Рики една случка :lol:
     
    На dancing.queen, Theodora, Strumfeta93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.141
    Допаѓања:
    56.471
    Пол:
    Женски
    Минатото лето мачорот страшно ми се налути. Ми се лутел повеќе пати, ама ова беше најжестоко :D
    Ме виде како погалив едно малечко маче и му дадов да јаде. Луѓе мојов мачор после тоа бегаше од мене два-три дена и не јадеше од мене, ме гледаше накриво, тажно (ова најозбилно). Се’ додека не го однесов мачето, го подарив на едни пријатели, после ми требаа уште неколку дена за да ми се смири. :doh:
    Исто така ми се налути еднаш кога му давав саламче, помина комшијата со кучето и му фрлив малку и нему. Ова господинчево после не јадеше, не си ја ни дојаде саламата, замина настрана и пак ме гледаше со прекор. :D
    Така е лош понекогаш, само за себе ме сака. :D

    Има друга интересна ситуација кога бркаше едно мало глувче, во двор кај мене гледавме цртан Том и Џери, ама тоа не се пренесува со зборови колку беше смешно. :D

    Многу е заштитнички поставен кон други мачки од маалото, тој им е како старател на малите што се раѓаат. Ги чува и ги шетка, им покажува каде се контејнерите (на ручек ги носи :D ). Се додека не ги чепкаме ние и не се приврзуваме кон нив - ги сака и ги чува, а еднаш бараше помош од нас за едно болно мало маче, викаше на врата, застанат до него и кажуваше нешто, мјаукаше и бараше помош. :(

    Интересен момент - претходниот мој мачор точно во 3 часот доаѓаше за ручек. Знаеше дека тогаш јадеме, не знам од каде знаеше колку е сатот, некое чувство внатрешно веројатно имаат, но точно неколку минути пред да дојде татко ми од на работа, мачоров ќе се нацрташе во двор за да руча и тој со нас. :^)
     
    На Meggy, dancing.queen, Theodora и 2 други им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ oooo те разбирам и тоа како те разбирам, посебно што чувам самојед, најтврдоглавото куче. Секое куче си е тврдоглаво на свој начин, ама самојадите се карактеризираат сите со тврдоглавост.
    И така моето пред 2 вечери нели грмеше и се плаши сиротото од такви звуци грмотевици, за петарди да не зборам уплав има. И како ќе загрми ова така лае и цифка онака тажничко. А тоа значи земете ме дома ве молам :D Зашто претходно кога грмело си го внесувавме. Али сега не. Сабајлето татко ми станува да го шета и верувате дека не сакаше да се шета, лежи и не сака да не погледне. Лут!!! И така се случува често посебно ако е разочаран од нешто обавезно се лути и не те погледнува во очи, ти викај го цел ден нема да дојде.
    Иначе кога моиве пред 2 недели си дојдоа од одмор, а Рики е најмногу приврзан кон газдата т.е. татко ми и кон сестра ми со која се игра најмногу. И легна пред колата и не се мрдна цела вечер. За да не му киднат пак :^)

    А случката на која што се сетив е од пред година дена. Ова милово се шеткаше низ дома и зимаше се што ќе сретне во уста и бара внимание, да го искараш за да го пушти. Арно ама зема една чорапа сестра ми почна да го брка. И ова за да не му ја земе сестра ми чорапата ја голтна. Цела ја голтна :o Леле ние узбуна :lol: Се јавивме кај ветеринар и вика ќе ја покака вајда, не сум слушнал некој да голтне цела чорапа :tmi: Се јавивме кај друг и тој рече дека имал случај и исто ја покакал. И ние така 2-3 дена Рики а кака ние зјапаме да не ја има чорапата и се исплашивме дека ја немаше. Арно ама он вајда трет ил четврт ден беше ја поврати. Кај му стоела немам поима. Битно ја поврати.

    Еднаш си фатил врапче се играл со него, го ставил меѓу нозете си го држи со шепите го лиже и се игра. Пилево се онесвести од страв :D Кога го видовме го фативме врапчето. Видовме диши го оставивме на маса и си летна после 20 минути. У кома беше :rofl: Лудо се игра со пилиња :tmi:

    И за крај еве го Рики со другар му заедно си спиеја :D
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Jenniffer, BlackSwan5, laryla и 29 други им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Интересна случка кога Марко беше многу мал и беше само на млеко се случи кога ручавме да ми падне поголемо парче од оние поховани пилешки стекчиња полнети со кашкавал и мачево оп-набрзина го голтна, парчево чиниш од устата негова поголемо и тоа пострашно беше што не го ни соџвака за да не му го земеме. Ние се преплашивме. Оттогаш мачоров мој е повеќе на месо отколку на риба и на реторичкото прашање „кое маче нејќе рипче„ јас тврдам Марко мој, тој преферира нешто од месо или месни преработки.
    Инаку уште од мал Марко мој напаѓа помали и средни кучиња, еднаш дури и му скокна на едно од маалските скитници на кое повремено му дававме да ја дојаде храната која тој ја оставаше. Кучево бега, овој му скока и му мавта со шепи да го гребе и го избрка. Марко е ко Џои - не дели храна :D .
    Инаку вешто лови глувци и гуштери кога е на отворено кога беше помал го шетавме како кученце доаѓаше секаде по нас и беше баш атракција дури еден човек и рече на сопругата „како не го знаеш мачето Марко„ славен лик, :lol: .Инаку го носевме на гости да се дружи со 2 мачки кои ги чува една наша пријателка еднаш им однесовме храна и талентов мој ја изеде храната што ја донесовме за нив, па нивната што беше во нивните чинивчиња претходно и на крај ги пикна во дупката пред каминот и легна пред неа и не им даваше да излезат :tmi: :lol: .
    Инаку Марко не само што се лути туку и се кара испушта такви звуци не се опишува на негодување, мора да се слушнат, :D . Има и цела симфонија фркнувања и преде многу ретко, тешко се задоволува - мој човек, упс мачор.
    И една од дневните рутини му е чашитлама од прозорецот на кујната и од тераса скоро сите во маалото знаат дека Марко ги гледа од прозорец, :D .
     
    На Lella, dancing.queen, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Само 2 поста :( а верувам секој кој чува миленик има интересни моменти, баш секој :)

    Еве пример денес мој Рики беше градинар. Си помага кучето, си ја шишало живата ограда и тоа горе кај што беа неколку коцки оформени. Епа едната коцка си ја грицкал цел ден од досада и нервоза зашто не беше пуштен во цел двор да шетка слободно. Оооо плаче за ќотек ]:)
    2 пати до сега беше и земјоделец и си го ископа пола двор. А колку е само среќен по некоја забранета работа аууу, али штом го види татко ми се крие во ќошето од куќата и не смее да излезе. Ама џабе он веќе се средил.
    Ете тоа е добро кај мачките не копаат дворови, не јадат жива ограда, ах да и саксиите во двор ги сјеба. И тоа исклучиво го прави ако се чуствува запоставен. А ако он е запоставен, тогаш да го запознаам со други кучиња да види што е запоставеност :lol: Лошко!

    И во секое куче од џуџест пинч до питбул и шарпланинец гледа потенцијално другарче. И не ни знае да рже :tmi:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Сум имала многу миленичиња, нејчесто кученца, ама живеам на главна улица и тоа баш не е добро место за чување куче. Имав едно се викаше Лаки, шкотски овчар, многу сакаше да си игра. Само што влезе некој во двор и веднаш му ја прегрнуваше ногата, направи чекор па одма другата... и цело време така, Пола саат ми требаше да си влезам дома.
    Сега чувам папагалче, Вики. Огромно будалче што бара многу внимание. Не сака да седи сам, не сака да го игнорираат, сака целиот свет да се врти околу него. Јас решавам задачи, а тоа упорно ми го гризе пенкалото, јас куцам на тастатура, а тоа ми шета по неа. најмногу од се сака да јаде како човек. Само што види храна на телевизија и веднаш бара да го пуштат, а недај боже да седнеш да јадеш додека тој е пуштен, абе сака во уста да ти влезе. Сака да се бакнува, ако го игнорираш веднаш врти околу тебе, бара начин да те бакне и го испушта тој мил звук што го прават тие играчките, како бакнеж.
    Не знам од каде го собрал тоа, ама само што почнам да се соблекувам кога ми е во соба, веднаш следи познатата волчја свирка. Еднаш имав една другарка на спиенје кај мене, и папагалчето кај нас, се спремаме да излеземе и кога почна да свири... се засрами девојчето.
    Еднаш ме изнервира многу, беше многу гласен, го погледнав и му викнав "молчи" и ме гледа чудно и ја потресува главата исто како јас што направив и со истиот налутен глас ми викна "молчи". Се изнасмеав.
    Има уште многу многу, ама ќе бидам многу досадна.
    Еве го будалата на дело
    (музиката е одпосле монтирана, ама секогаш така реагира на музика, а посебно многу сака реге)
    http://www.youtube.com/watch?v=nCi7WUr7SbU
     
    На hermosa, Lella, papagal4e и 9 други им се допаѓа ова.
  7. CoverGirl10

    CoverGirl10 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    2.760
    Пол:
    Женски
    Имам многу интересни случки со моиве мачки :D Моментално имам 7, но ќе останат само две :)
    Шарената мачка - жив хорор, врата и прозор неможеш да отвориш од неа. Веднаш ќе ти се појави во нејзино хистерично издание и ќе почне да мјаука со тој нејзин пискав глас. И заборавив да кажам врата сама отвара. :!:
    Кога беа само 2.5 месеци стари, од тераса скокаа секој ден бидејќи не ги пуштавме надвор и сето тоа личеше на сиромашна падобранска школа.
    А второто маче, Жуто, прича за себе, многу е мирно, но знаат на моменти и него да го фатат будалите :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • SAM_0346.JPG
      SAM_0346.JPG
      Големина на фајлот:
      440,7 KB
      Прегледи:
      891
    • SAM_1773.jpg
      SAM_1773.jpg
      Големина на фајлот:
      112,5 KB
      Прегледи:
      891
    На Lella, Anna-Banana, ludoto19 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Да се надоврзам на мислењето на Росоњерка за тоа како мачките не копаат - во заблуда си, Марко има свој песок каде оди по голема нужда и њушка дури не затрупа целосно и не се чувствува ни најмал мирис :!: , понекогаш толку се внесува во копање и трупање мислиш решил до Кина да ископа канал :lol: , на почеток сите зачудени по дома што звук ќе беше :^) , јас знаев дека Марко бил во тоалет. Инаку по мала нужда сам си седнува на шолја и си обавува работа, ова го научил гледајќи не нас бидејќи никако да го научам на тоа да почитува интимност во тоалет туку ќе си се втурне како Цацко никој не ме бара, ама сам доаѓам, :lol: . Еднаш го најдовме на кревет седнат на газе ко човек со едно раче на перница, не го сликав да не го реметам не сака ич да се фотографира, ама позава му беше :D . Инаку мачките се големи имитатори.

    И други будалаштини кај мачки се корнење и гребење наоколу само да ги видите завесите дома и се‘ ќе ви стане кристално јасно.
     
    На Lella, dancing.queen, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Пред повеќе од година дена, сестра ми донесе едно мало маче, го крстивме Еди, и маче ко маче-кога е мало е мило, мирно-мераци. Арно ама, како растеше така се побесно стануваше. Почнуваше да ни бега, да го нема по цели денови итн. Една вечер се погоди моите да не бидат дома, и мене ми се укажа прилика за прв пат да го викнам дечко ми кај мене :D И зошто беше изненадно, имав пола саат да ја расчистам цела дневна трепезарија и кујна. Брзав како луда, се светнав, и се израдував дека ми се вратил Еди, таман да го види дечко ми. Отидов да го пречекам, се враќаме кај мене, се убаво средено и ајде да седнеме, гледам огромна птица со сите органи надвор и пердуви разлетани низ цееела дневна и по гарнитура. Еди си гледа од еден ќош и гајле си нема, а мене ми идеше да го убијам зошто многу ми помогна во оставањето добар впечаток :)

    Со единственото куче кое моментално го чувам, најинтересни моменти ми се оние кога ќе ми се пикне да спие во кревет со мене. Ова и не би било толку интересно да не беше љубовта моја една огромна грамада, голема скоро колку мене кога ќе се опружи. Знаеме и да си се гушнеме и така да си спиеме, исто како со човек.

    Со кучето што ми почина ги имам најубавите и најмилите спомени, кои ми е мака да ги раскажувам. :(
     

    Прикачени фајлови:

    На Lella, 2505, ludoto19 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Не ми текнуваат некои моменти со мојата мачка ама затоа ми текна една случка со кучето на другарка ми.
    Еден ден ние како по обичај си правиме скара, и знаете човечко око ненаситно за цела војска сме купиле месо. И јадеме, јадеме се испрејадовме, па почнавме на кучето да му даваме да јаде :rofl: оно сирото се испрејаде повеќе од нас. И сега едно парче му остана ама пусто нема кај да го смести па реши ќе го крие :^) . Ама таму кај што е врзано нема кај да ископа дупка да го скрие, демек некој ќе му го земе ама куче де. Го зеде месото и се врте , врте околу куќичката и никаде нема за копање бе. Го остај месото наземи и во едно ќоше почна да гребе по циментот и така гребеше едно време, го зеде месото и го остави па почна со муцката да рие (демек земјата што ја ископало сега закопува) :rofl: .
    Ние го гледаме и се газиме од смеење, за снимање беше.

    ЕДИТ: И секогаш кога и идеме на гости на другарка ми, кога ќе не види секогаш ама буквално секогаш се помочкува од среќа што не гледа :rofl: .
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Имам многу дешавки со Уна моја. Не знам како до сега не сум ја забележала темава :)
    Уна е многу мило куче, што обожава луѓе, не знам некако сите ги сака, освен оние што не ги сака. Има обичај кога ќе види некое куче, како не пресретнува додека ја шетам, да си легне на земја, односно да се поклони и да мавта со опашката и да крева прашина. Епа и пред луѓе се поклонува. Т.е пред згодни фраери. И ми иде да се закопам во земја :)
    Еднаш си ја шетам по партизанска и имаше еден тип што збореше на телефон, ама така беше оддалечен и Уна го гледа, се закочува - небаре се вљубила во него, а јас си приметив дека е добро парче за манијачење и и‘ ги пратам потезива на Уна. И се приближуваме ние до типот и Уна практично му се поклони пред нозе. Мене тука почна црвенило да ме фаќа, па дечково коа се насмеа така ауф...
    Еднаш си пољуби една тетка во глава :lol: Е тогаш стомак ме заболе од смеење. Исто значи по Партизанска, го праиме вообичаениот круг и една жена го местеше детето, и беше наведната. Уна ме повлече и мене со се неа, таква рипна на задните нозе и ја лижна баш на темето на главата. Женава се насмеа, јас уште повеќе и скоро на сите им раскажувам што праи, може дури и ќе ме препознаете по дешавкиве.
    Еднаш си влезе во едно продавниче. Ама стварно беше смешка да го гледаш, само што мене ми беше дури непријатно. Ја пуштив од ланец, и почна да праи едно 20 круга од среќа и здогледа еден чичко со кеса во рацете, најверојатно имал нешто што и ги активирал сетилата, и си тргна по него. Чичково влезе во продавница, таа по него, продавачката свика, Уна се уплаши па почна да им трча околу нозе на луѓево, циркузи беше и тука нели настапувам на сцената јас, со ланецот да ја зауздам па ми избега мислеше ќе ја карам и додека ја фатив гласот ми зарипна од викање и страв да не влезе во друга продавница на шопинг :)
    Лудо куче си е, и кога идеме на кеј заедно, нели јас да трчам она да ми праи друштво и да потрчка малце увек ми го сјебува трчањето. Јас си трчкам таква, го фаќам ритамот и си мислам нели Уна е до мене. А Уна е 30 м позади мене и ме гледа без да трепне ни да се помрдне од местото. И тука морам да и мавтам и да урлам по неа за да завесла до мене. Ама така ќе завесла шо ушите и‘ летаат во воздух, небаре праи реклама за ‘Тоа е мојата Шаума‘. И така ја мрзи да трча, па ќе ја фатам за ланец и ми кочи ми се тегне за назад и така се изнапишував не ми текнуваат дешалици, а има многу коа ќе ми текне пак ќе си изнапишувам :)
     
    На kikkki, Lella, stylishh и 3 други им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Моето куче многу заштитнички се однесува спрема мене срце мое :* и еднаш кога го носев во паркот го пуштив само да оди без синџир, почна да лае по луѓето наоколу и да прави врева.... но јас останав подзината кога за малце не преврти еден човек од велосипедот..... и си викам аааа Лаки не си ти за во парк -.-

    На моето покојно папагалче Бог да го прости ;( вратата од кафезот му беше отворена и тоа почна да лета и застана на корнизата.Јас брат ми и мајка ми бевме кај мојата баба, а сестра ми не знаеше дека папагалчето не е во кафезот и ја остави вратата од собата отворена и исто така вратата од балкунот. Стигнуваме дома го нема папагалчето ..... си мислиме летнало, сестра ми плаче ли плаче.... кога по неколку часови слушам како тоа пее од најгорниот спрат во куќата скриено под масичката :D
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Не е момент со моето милениче туку со џукелчиња, но ми ми остана врежан и секогаш си се потсмевнувам кога ќе се сетам. Баш сабајле се сетив :)
    Јас си бев во автобус во Аеродром и од далеку си гледам 2-3 џукелчиња одат на тротоар и застануваат на пешачки а немаше гужва ни коли многу. Се пали црвено автобусот застанува. Кога се запали зелено тие тргнаа на пешачки. Шоферот фати да се смее а и пола автобус ги зјапавме и се чудевме зарем толку се паметњаковци :D Притоа кучињата гледаат црно-бело не го гледаат светлото, но си имаат одлични сетила. Џукелчиња убавки :)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.454
    Пол:
    Женски
    Јас со моето играв криенка. Ќе се сокријам негде ( позади маса, зад завеса, позади врата , во плакар), ќе ја викнев а она како луда ме бараше, ми ги провалуваше местата каде што се кријам, а ако не ме најде се нервирше и ја активираше муцката, е тогаш со тој носот трагачки обавезно ме наоѓаше. :)

    Исто знаеше кога треба да добијам, ми можеше да ми ги намириса хормоните, па ќе дојде и ќе ми ја стави главата на стомак, онака нежно колку да ме грее. Тоа го правеше само пред добивање, кога ќе ме осетеше дека сум во ПМС. :)

    Интересен момен беше тоа што бркаше мачки, ама само големи, малите ги сакаше. И така здогледа една маца, јас таман да и ставам ланец она се стрча. Ама ко за беља мачево не бега, само ја погледна и ја изигнорира, срцужов мој само направи едно тажно фациче, проба пак да ја збрка, ама не бе , не ти бега мачкава. Од тогаш станаа другарчиња, дури и дома ја пушташе да ни влегува, таа маца беше привилегирана, едно цело зимо го помина со нас. :)

    Ееее има многу моменти, ми фали таа муцка. ;(
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.651
    Пол:
    Женски
    Пред некаде две години околу маркетот близу мојата куќа си се населија 5-6 улични кучиња, од кои повеќето беа големи(стварно големи кучиња). Беа многу мирни и мили кученца, ни малку агресивни. Карши маркетот има кафич и цело лето беа атракција за сите кои доаѓаа во кафичот, па дури и имиња им ставија. Јас како голема кучкарка и љубител посебно на уличните кучиња веднаш се спријателив со нив. Кога ќе појдев на работа земав по нешто од дома и им носев да јадат, кога се враќав влегував во маркет и им купував сецкана салама и ги хранев. Така ме научија пустите и како некое обезбедување ме испраќаа до дома, до работа, кај и да одев тие по мене. Еден ден си поаѓам од работа и викам ај пак да свратам до маркетот да им замам нешто за јадење. Им земав салама и одам накај нив, леле кога ме видоа луѓе кога рекоа ќе трчаат сите накај мене и почнаа да скокаат едно од напред, едно од позади, со шепите до раменици. Јас нормално не се исплашив зошто секад така ми прават, ама еден чичко што седеше во кафичот од карши не знаел, па кога почна да трча, да вика ,, ќе ја изедат, ја нападнаа луѓе,,. И доаѓа накај мене, а јас целата оцерена ќе се помочам од смеење и му кажувам каква е работава, овој само ме погледна со неверување и си се врати во кафичот.

    Друга приказна за истиве овие кучиња, поточно за три од нив. Јас и дечко ми седиме во тој кафичот, кучињата си трчкаат од карши и решивме да си појдеме. Си поаѓаме и три од нив почнуваат да трчаат по колата. Ме фати паника, си викам бре ќе ги згази нешто, иако од кафичот докај дечко ми е близу некаде околу 10 минути пешки. И стигнавме, стигнаа и тие со нас. Се вртеа тука, се мислевме што да ги правиме и си викам ај ќе си влеземе ние, ќе си се вратат, сепак улични куќиња се, цел град го знаат. И така бидна. Седевме кај дечко ми неколку саати и си поаѓаме да ме носи дома, кога гледам две од кучињата си отишле, а еднот не. Седеше стуткано на прагот и целото се тресеше, се исплашило, а големо куче како оние ловечките. Кога не виде почна да квичи, да се жали, и немавме што да правиме па го качивме во кола за да го вратиме. Седнав ја до него, а дечко ми ми вика да седнам напред зошто незнаеме како ќе изреагира првпат се качува во кола, а ја не и си седам до него. Леле луѓе не знаете колку жално беше, кога се исплаши од колата, ја пика главата кај мене во скут, ги свиткал ушињата и целото се тресе. Ама кога го вративме на старо место, еј радости живи, незнаеше што прво да направи, трча од еден крај до друг, скока, лае, да се јави дека стигнал пустиот :D
    За жал сите ги отепаа од општината минатиот октомври ;( Само две се сокриле кај мене во куќичката и се спасија, ама после и нив ги отруа ;(
     
    На Lella, AnaKarenina, Fearless и 5 други им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    :rofl: : еден куп интересни моменти, најинтересен е кога го е*е мачето одозгора (прво кај мене на раката праеше, ама ја одвикнав па виде не виде сега по мачорот) :lol: ова прво преде сирото, после оваа ќе убрза ритам па почнува да пишти :rofl:

    Aма дали сакате да ви го кажам најгадниот?????

    Cи најде едно мало гомце, си го донесе дома, и си го лапна :puke: :puke: :puke: Cместа на бањање и рибање отиде :rofl: :rofl:
    Mислам дека ќе повратев еј!!
    гомно луѓе гомно лапна не ми се верува :rofl:
     
  17. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден се случи ова... На помалото маче кое го имам, некаде околу 4-5 месеци е, му давав да јади и во конзервата немаше повеќе па ја оставив во дворот за да ја фрлам ама заборавив и излегов, кога се вратив по 1 сат некаде ко ќе видам ова кутрото ја има лижено конзервата и со глата се имаше заглавено :D :D и си лежи така со глата в конзерва и си мјаучи :D и кога му ја извадив целиот мрсен во глата, залижан :D :D

    Друга секојдневна интересна случка. Два мачори има, и ова помалото му оди на големиот дур спие и зема цица од него кутрото си мисли млеко има, и така ке цица некое време и си заспива до него. :D
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Ахх жени, ме изнасмеавте со вашите миленици.
    И иако јас лепотанот мој го имам релативно кратко ќе споделам нешто:
    ова е вечно интересен момент: јас се движам, а тој ми ја гушка ногата. Треба да се удри по газе за да се тргне инаку одењето од една во друга соба може да трае долго!!
    Потоа, кога и да види куче поголемо од него лае ли лае. Јест да другото куче може за десерт да го изеде, битно тој се сили.
    Инаку, тој не лаеше по мачки. И така еднаш си шетаме и поминуваме пред една продавница каде што надвор имаше обесено чанти, куфери и сл. Е тука, измеѓу чантите и куферите да ти имало мачка. Кога му скокна мачката, го издрапа, лом го стори, а тој мирен седи и чека да го кренам. Оттогаш мачките му се смртни непријатели.
    Исто со мачка е моментот кога седнуваме надвор во една пицерија, а тука си имаше маче. Овај лае ли лае, нели не ги сака, таа мирна не мрда. Тој се сили, лае, 'ржи, а мачкава навикната тука, на свој терен си е и око не и трепнува. И тој валјда се умори и едно издишување направи, неописливо гласно, мислиш од копање дошол, па си седна и не мрдна.
    А ова не ми се случи мене туку на претходните негови газди: го носат на ветеринар со автомобил, ама топло време и имале отворено прозор. Застануваат на семафор, Охрид на Туристичка... И лепотанот, изгледа му се здосадило да чека, и оп си скока низ прозор. Скокнал и одма на тротоар. И легнал!
    И не доаѓал дури не го зеле!
    Тоа е тоа, талент невиден!!
     
  19. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Ехеее, ништо страшно. :D

    Мојов пес редовно јадеше гомна, што посочни, толку пострвно ги јадеше. Не можев ни да го карам таков уговнет, со очињата тажни зошто знае што го чека. Ама му пројде таа фаза.

    Најинтересно ми е кога се возбудува кога ќе ми дојдат гости, а бидејќи е маже напалено, си има реквизити (неколку папучки што цивкаат, сите му се женски) за да не ми ја силува ногата. И секогаш пред друштво ги вади, една по една и им ги носи. Сите мислат дека е слатко и дека сака да си игра, само јас знам дека е перверзно мањаче што кога би имало шанса би клецало дур не му пукне срцето.
     
    На LadyNN му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.072
    Епа имав денес, трчаше во парк со едно ретриверче и се заакаа да пијат вода, а околу фонтаната цело евезро, за беља имаше и кал и почнаа да се ваљаат во калта ко свињи, од бел си имав црн лабрадор :D

    Има многу вакви испади, луд е начисто, покрај вода пуштање од ланец никако, летово ми рипна во вардар ќе умрев од страв готова бев да се стрчам, се убив од дерење и не доаѓаше, па се прибра :devil:
    Минатата недела се затрча во парк во тоа поголемото езеро, патки имаше и ги бркаше патките, саат време нема излегување, спремаме маратон |(
    Прв пат кога го однесов во парк пуштен од ланец првата работа што ја направи е затрчување и рипање цел во езерце, цел потона, излезе и почна да плива :D
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.