Темава ми е за постарите членови на форумот.. Денес баш, се занимавав трагајки по стари, портали од 90тите.. начини на комуникација од времето и сличнно! Незнам некој дали ги памти НТ-клубовите (народна техника)?! Кој портали ги памтите од времето, да речам 95/2005, што правевте на интернет? Искуство со ДајлАп.. (огромните сметки) Бај д веј, ке ја искористам можноста да прашам, дали го паметите порталот www.prijateli.com.mk тој беше така во поново време да речам.. беше доста атрактивен.. Тука е и легендарниот МИРЦ, па МСН.. Која ви беше првата песна/музика што ја слушнавте на компјутер?! Ми дојде идеава, од кога прошуркав низ визба, најдов делови од „СТАР“ компјјутер од времето и решив да го оживеам (се изнамачив со инсталацијата на виндоус 98ца) ама сепак беше успешно! Се надевам нема слична тема.. пс. еве слика од конфигурацијата..!
Во 90-те во МК многу ретко некој имаше интернет, а и компјутер. Кај нас се играше нинтендо и флипери. Популарни беа Кадилак, Панижер, Мортал Комбат. Сметките беа астрономски. Не постоеја македонски веб портали. Интернетот кај нас стана така подостапен некаде после 2006-2007 година. Се плаќаше 1800 денари мислам за 15 гб, а потоа го зголемија на 30 гб. Се случи експлозија на интернет кафеа и популарната Counter Strike. Многу популарно беше да делиш интернет со комшија. Се сеќавам дека тогаш беше популарно prijateli.mk, hi5, kadevecer, zazabava, MSN, а ептен праисториски беше MIRC. Facebook i YouTube беа во своите зачетоци со најдобрите 480p. Се појавија и првите аматерски порно клипчиња со девојки од МК со тогашната Моторола и резолуција 144p. Тоа што исто така ми останало во сеќавање е дека луѓетото, а посебно младите многу повеќе се дружеа и комуницираа.
Заборавив да го спомнам и myspace кој беше исто така многу популарен пред деценија и пол. Од торентиве беше популарна бугарската Zamunda и еден македонски форум за кој да ме убиеш нема да ми текне како се викаше. Знам дека се споделуваа доста странски филмови, серии, а и аматерски клипчиња од МК девојки.
Охооооооо, шо убаво време беше тоа... Сега имаме се и свашта, а пак ништо немаме, т.е. ЖИВОТ немаме. Искрено, не паметам која песна прва сум ја чул на нет, ама паметам дека мноооогу барав одредени странски хитови да најдам. Па вируси, па зезанции, па погрешни формати, па нервирања, па радости коа ќе ја најдам песната, па снимање на ЦД-а компилации... Мирц, задолжително! Ние друштвото излегувавме у интернет-кафе за да мирцаме ))))))))))) Па си продужувавме за 10 или 20 денари хахахахаха. Многу игравме на Мирц на еден канал „Пиперкари“ имаше квиз за кој најбрзо ќе одговори, и се частевме коа некој од нас ќе успееше да биде победник во некоја рунда. Бев зачленет и на пријатели и на MySpace... Имав и Hi5 ))))) (кој уште ми стои,бе!). И да, порано користев и дискети... Знам еднаш во средно една познаничка ми бараше да ѝ направам нешто па ми прати дискета а јас несакајќи ја скршив. Имаше гооооооооолеми расправии, проектот за час ѝ отиде у бестрага ))))))))
Го читам ова и ми текнува на познатиот звук од "диал ап", кога се молев моите да не слушнат оти ќе беше "покоЉ" дома зашто пак се уклучувам. А фактот дека моментално на телефон имам 30гб интернет ( со неискористен од прошли месец) и тоа време кога дома имав 15 гб и бев пресреќна
Интересна тема Ваљда веќе во „некогаш“ спаѓа и 2007/08/09, не само деведесеттите и почетокот на 21 век Не бев баш напредна, на 11 години некаде почнав да користам асално интернет. Мирц ептен малце го памтам, мсн ми е највише спомен од раните тинејџерски години - со емотикони, стикери, nudge, триста чуда Спојлер Имав и профил на оној уанаби блогерај сајтот piczo и на hi5 и myspace... Исто и на kadevecer се сеќавам, ама слабо киснев таму И секако Internet Explorer како единствена опција
А па 2005-2006 год кога преку лето даваа бесплатно уклучување на dial up на одредени саати, ви текнува? Кога ќе добиевме слободна линија колку само се радувавме цело време се расправавме со брат ми кој прв ќе седне на нет
Се сеќавате ли на МАМЕ игрите? По цел ден тоа се играше. Чувството кога после пола саат брчење ке се конектираше dial up, радости, радости. Па на МСН кога си правевме да покажува која песна ја слушаш, за симпатијата да види кога ке пушташ песни со срцепарателни наслови. Одвај чекав да си одам од школо за да се уклучам. Ех, убави времиња беа.
Пред времето на месинџерот, кое доживување беше на мирц да се уклучи човек... Да не e top.mk форумот? Имаше таков едно време. И на stars.mk ми текнува.
Кај ме потсети, кај ме врати назад. Компјутер ретко кој имаше дома, ама пак затоа вриеше од нет-кафеа каде се собираа тинејџери за да го видат чудото ,,мирц,,.Невиден технолошки шок - збориш со некој од Индија, Англија... Дајл ап-от носеше огромни сметки, ама и негодувања од блиските кои неможеа да не добијат на телефон, постојано зафатенбеше. Првпат открив сајтови за нарачка и нарачав од Викторија сикрет три-четврти фармерки, никој немаше такви.Ако фармерките беа 50 евра исто толку беше и поштарината, ќе ме утепаа дома. Имаше флопи-диск, па на него некоја ситна игра имав снимено. На ангро се играше Супер-Марио, се тепавме кој да игра.
Доста, јас бев Покахонтас пишана на мирц. Цело време мислев зборам со еден од Мелбурн а уствари Аце будалата од маало бил Ќе се отрујам. Ај мала бев.
Мирцот со другарка го користевме, се зезавме со луѓе all over the world. Учевме француски во средно, па ај демек ќе парламе на француски бруки! Само во интернет кафе користев мирц, дома не. Иначе dial up само после полноќ користев, за симнување музика. Тоа беа времиња... И татко ми исто правеше, музика симнуваше демек после полноќ поевтино беше, ама ако заглавиш, исто беше, сметки боли глава. На факултет кога бев често одев во интернет кафеа и висев на форуми (странски), сајтови од моите омилени ликови, ако имаа. Социјални мрежи не користев. Тоа сега ми се гледа како пред сто години да било. Кога летна времето...денес цел свет на дланка достапен е. И тогаш беше, ама помалку.
Еее тоа беа времиња ... Дома интернет немавме, ама затоа висевме у Кузман.. а никот не си го памтам кој ли беше
Леле кога само ќе ми текне на тоа време. Со сестра ми највеќе користевме кога ќе ни дојдеа гости. Тогаш ќе прашаме да се уклучиме на интернет и ќе ни кажат дека може. Нормално, раја ќе се заборави на интернет и сметките беа огромни. Имав страни направено на се можно. Од Hi5, Piczo, Myspace, пријатели. На мсн и на мирц се остануваше до раните утрински часови.
Јас се сеќавам некаде од кај 2005 до 2010 кога бев дете немавме дома интернет на компјутерот и со другарка одевме во блиското кафуле да пристапуваме на интернет. И го користевме само за оние игрите со облекување девојки на y8 страната за игри. Многу други играа кантер, имаа фејсбук, месинџер, мајспејс ама ние тогаш не се замаравме со нив. Пред 2005 не ме интересираше ни и од интернет. Тек после 2010 ставивме интернет и на домашниот компјутер па тогаш си направив мој фејсбук, но тој период многу време кисневме на месинџер се додека не го укинаа (не знам која година беше ми се чини 2012). Денес се има на интернет и тоа мислам дека е добра работа а е и поефтин за разлика од порано. Пред 10 години не можеше да се замисли интернет на тач телефон во секое време, знам кога ќе кликневме на интернет иконата на старите телефончиња одма стискај да исклучиш оти по грешка било и родителите ќе не истепаа ако им дојди на сметка огромна сума на пари оти сме пристапиле на интернет. Времиња.