1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Информирање за карактерот на професорите преку соученици/колеги

Дискусија во 'Образование' започната од tessie, 17 август 2015.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Неизбежно е ова. Сме напредувале во нова учебна/академска година, доаѓаат нови професори. И? Едвај чекаме да најдеме некој постар колега/ученик којшто ќе нè информира за главните цаки кај него/неа.

    Значи, кога и да сум се консултирала за вакво нешто во животов, излегувало спротивното од тоа. Не ретко професорот за којшто ќе ме извадат од памет, станувал еден од моите омилени професори. Не знам што е работата, дали сум имала другари/колеги со тотално различни карактери и барања, или пак креирање на стратегија со помош на вакво консултирање е погрешно воопшто. И на факултет иста песна.

    Што мислите вие? Дали е подобро сам да си го запознаеш професорот, или пак овие консултирања ви вршеле голема работа?
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Според мене,најдобро е сам да го запознаеш професорот. Исто и мене кога тргнував во средно што не ми изнакажаа за професорите,особено за професорката по македонски јазик. Велеа дека била премногу строга,лоша,тешко се ваделе високи оцени кај неа,па добив негативен впечаток за неа. Почнаа со предавања професорите,јас почнав од неа многу да се плашам поради сето она што ми го кажуваа. Испадна спротивна работата, беше строга,си сакаше да се има ред на часовите,но за оцени немав проблем. Прва година памтам баш првата оцена кај неа ми беше 4, а оттогаш па се' до 4та година имав 5ка. Со неа немав проблем.
    Сметам дека тие негативни коментари обично произлегуваат од ученици кои не учат многу,добиваат ниски оцени и нормално,незадоволни од професорите даваат негативни коментари за нив,ширејќи гласини наоколу и заплашувајќи ги другите ученици. Откако сама се уверив дека не секогаш треба да се верува на такви муабети од типот овој строг,онаа лоша, сфатив дека секој професор се однесува спрема секој ученик онака како што заслужил.
     
    Последна измена: 17 август 2015
    На cresa-jagoda, angelche16, srcence1607 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    8.726
    Пол:
    Женски
    Има разлика од карактер до карактер. Во принцип не сум имала апсолутно никакви проблеми (но во текот на годините имало по некој исклучок без разлика дали било тоа во основно, средно или факултет). Да речам дека на факултет веќе ги осознав сите карактери уште на почеток и само сретнав два карактери што со рака на срце можам да речам дека биле едни од ретките кои се вредни за спомнување. Мислење никогаш во крајности не сум сакала да оформам врз нечие друго мислење, оти едно е некој да ми рече - сосем друго е како јас ќе си проценам. За жал денес има само исфрустрирани луѓе (сите на куп) со многу големо его, а многу беден карактер. Знаење? Никакво.