1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ин-витро ваучер - Деловна жена

Дискусија во 'Бременост' започната од TheAnkh, 21 октомври 2016.

  1. TheAnkh

    TheAnkh Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,

    Последниов месец ги собирам документите за добивање на ин-витро ваучер од Фондот за здравство и сакам да аплицирам под таа категорија што ја имаат воведено како „Деловна жена“ бидејки процедурата ја правам сама и ќе користам дониран материјал. Меѓутоа во процесов добивам многу неопределени информации како треба/не треба претходни инсеминации, треба/не треба да постои гинеколошка патологија и т.н. Имам уште малку испитувања останато, и некаде планирам да аплицирам почеток на следен месец.

    Па би ве замолила, доколку некој од тука го изодил овој пат, или поминува низ истово, да ги сподели своите искуства или совети со мене. Законската рамка предвидува дека е возможно жена која не е во врска да аплицира за ин-витро ваучер, меѓутоа во пракса кај нас се многу ретки овие ситуации. Конкретно, не познавам никого што поминал низ истото, а баш би сакала :)

    Поздрав
     
    На zlaticko123, Arnisa и podravka им се допаѓа ова.
  2. zlaticko123

    zlaticko123 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2016
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zdravo me interesira za ova delovna zena sto i kako e patot do toa sto dokumenti treba da imas za d adobies vaucer bi ve zamolila da mi kazete gledam deka se spremate za ova poz
     
  3. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Златичко 123 ги имаш сите информации на сајтот на ПИОМ и во соработка со гинеколог можеш да успееш и ти се дивам и ти давам целосна подршка за оваа твоја одлука која не е нималку лесна но е бесконечно вредна кога ке го слушнеш и видиш бебчето.Исто голема подршка и за The Ankh.Напред силни зени и ви посакувам успех.
     
  4. Hristina-P

    Hristina-P Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски

    Сега го прочитав Всшиот пост бидејќи и јас сум заинтересирана за истото и ме интересира дали успеавте и која е постапката.
     
  5. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.846
    Пол:
    Женски
    Извини што ви се мешам во муабетот и мислам дека вака е процедурата.И кажуваш на матичниот гиниколог и потоа на ФЗОМ има формулари и ќе ги пополниш и потоа праќате со сите резилтати ќе поднесете и процедурата е иста како за ин витро.Поздрав и секое добро