Ин витро за второ дете

Дискусија во 'Бременост' започната од Дани.СС, 13 април 2021.

  1. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Мајки и идни мајки,
    Се соочувам со голема дилема во животот.
    Дали да правам ИВФ за второ дете.
    Имам 1 дете добиено со ИВФ процедура - долг протокол. Имав среќа да е од прво ИВФ но пред тоа имав изгубено 4 бремености и ми ги извадија тубите. Бременоста беше многу тешка со активна уринарна инфекција која се префрли на цервикс па цела бременост прво крварење потоа контракции па токлоитици и лежење во болница и еден куп нешта. На крај добив здраво право дете бесно, интелегентно и многу друштвено.
    После тоа следуваа уште 4 трансфера од кои 2 беа биохемиска бременост. Краен заклучок матката е уморена од сите процедури, бремености и царскиот рез, се создала аденомиоза и ќе треба да се третира пред следна бременост. Капацитетот на јајници ми е ок.

    Во ова време на изолираност од луѓето имам чувство дека ако јас не му дадам братче или сестриче нема да има друг близок покрај себе. А и на толку изгубени бремености - 6 изгубени 1 успешна сакам уште еднаш да успеам. Како тоа да им го должам на сите дечиња кои не ми успеале.

    Дали е голем ризикот за мене да направам втора Ин витро стимулација, дали треба да си кажам доста е или сепак да пробам повторно? Ќе треба да правам стимулации ама пред тоа сигурно ќе имам процедура за да заздрави матката.

    Што би направиле вие кои веќе имате 1 ин витро дете? Имате ли храброст за уште едно?
     
    На tina2018, gjoker4e и PrettyG им се допаѓа ова.
  2. PrettyG

    PrettyG Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Во истата дилема сум и јас.
    Имам едно родено дете со ивф. Претходно две не успешни инвитра.
    За природно забременување, немам шанси. Имам ниско амах (0.383).
    Имав нормална бременост, со царски пораѓај, од кој брзо се опоравив.
    Јас и бев решена да пробам повторно, но фондот не дозволува ваучер за второ дете со ивф. Па сега дилемата е дали да се оди на приватно. Од друга страна, годините не ми се многу за размислување.

    Ти си поминала навистина многу. Но, ако се тоа што треба да го направиш не е опасно, односно нема ризик од било каква комликација, и ако навистина имаш желба за второ дете, пробај.
    Нема ништо да изгубиш.
     
    На tina2018 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    @PrettyG ако си во Македонија имаш право на ваучер во второ дете.
     
    На tina2018, PrettyG и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. PrettyG

    PrettyG Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Во Македонија сум.
    Во упатството пишува дека не следува. Се распрашав преку пријателка што познава луге во фонд, и рекле дека не следува.

    Ке проверам уште еднаш
     
  5. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    На tina2018 и PrettyG им се допаѓа ова.
  6. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
  7. PrettyG

    PrettyG Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Ако е така, супер.
    Јас пак по ова се водев.
    Истите документи се поднесуваат како за прво дете или?
     

    Прикачени фајлови:

  8. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.309
    Допаѓања:
    107.393
    како не следува? Имаш право на 3 ваучери за второ дете!
     
    На Stressed Out, mira.mira, gjoker4e и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Јас ги поднесов истите документи плус крштениче од син ми. Треба да е детето 18 месеци или постаро.
    Е сега јас сум без губи и не ми требаат инсеминации. Незнам дали за тебе ќе требаат ама заради амх можеби нема
     
    На tina2018 и PrettyG им се допаѓа ова.
  10. PrettyG

    PrettyG Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    872
    Пол:
    Женски
    Имам три не успешни инсеминации, пред инвитрото.
    Ке ги поднесам истите.

    Те молам пиши ми штом ке го добиеш ваучерот.
     
  11. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.122
    Допаѓања:
    3.476
    Пол:
    Женски
    Следуваат по 3 ваучери и за второ/трето/четврто дете со измените во законот за БПО од 2015/6 година.
     
    На gjoker4e, tina2018 и PrettyG им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.122
    Допаѓања:
    13.219
    Пол:
    Женски
    Имам читано дека пречесто повторување на ин витро процедура носи одредени ризици за жената.
    Не знам, јас не би ризикувала. Барем не кога веќе имаш детенце
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adams

    Adams Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    4.767
    Дали има некоја мама која ооднека барање за ваучер за ивф за второ дете,а притоа да се со дијагниза азоосоермија си направено Тесе,да ми кажи дали треба хепатит Б Ц и хив?
     
  14. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Хепатит Б, Ц и ХИВ секако требаат. Јас ги направив во Железничар за 350 ден вкупно. Не треба упут.
    Сите останати документи се исти како за прво дете со тоа што носиш извод за родено прво дете дека детето е постаро од 18 месеци.
     
  15. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    @hub Јас ја отворив темата за второ дете со надеж да се охрабрам да пробам пак.
     
    На hub и PrettyG им се допаѓа ова.
  16. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Сите се плашиме од тоа. Среќа може и сосема природно или со мала стимулација, само да се најде лекар што тоа ќе го изведе. Да брка 1 јајце клетка која сама се создала или само 2-3 наместо 10+ како што вообилаено се надеваат.
     
    На tina2018 и Emotional123 им се допаѓа ова.
  17. Adams

    Adams Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    4.767
    Во болница ми рекоа дека нема логика да треба зошто имаме веќе направено Тесе нема да се работи ништо и имаме замрзнато материјал, па затоа незнам. И вие сте си азоо?
     
  18. Дани.СС

    Дани.СС Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2017
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Не, кај нас јас сум без туби и затоа ни треба ин витро. Но во секој случај, ако ти треба нова стимулација за да извадите јајце клетки имаш право да си побараш ваучер.
     
  19. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.549
    Допаѓања:
    40.313
    Пол:
    Женски
    A so da kazime nie so sme bile po 4,5 pati za prvo? Borbata za dete te tera da ne mislis na rizicite.
    Iako imas edno dete si sakas i drugo, samoto detence si bara brate ili sestriče. Prvoto dete mi E so ivf 5to po red uspesno. Eve Sega sum skoro 7mi mesec očekuvam vtoro, so ivf isto, zamrznati embrioni. Imam uste 2 zamrznati, da ti kazam bi odela i na treto zdravje
     
    На Кате Катерина, le.soleil, Lady Leona и 7 други им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    2.315
    Допаѓања:
    8.257
    Пол:
    Женски
    Прањава кои ти си ги поставуваш се премногу лични. На нив само ти можеш да имаш одговор.
    Јас добив едно дете со ИВФ и кога промавме пак со ембрионите и јајце клетките што останаа од првиот пат не успеавме.
    Потоа не ни пробавме пак. Јас лошо изрегирав на Естрофемот за повторните трансфери и едноставно не бев сигурна дали сакам пак. Плус имав хиперстимулација и првиот пат и малку ми беше страв од дополнителни хормонски стимулации (имам ПЦОС со инсулинска резистенција) На детето не можев да му се посветам во тој период колку што сакам и на колку што тој беше навикнат и решивме да не пробуваме повеќе. Да се посветиме на ова што го имаме и толку.
    Морам да признаам дека јас од време на време добивам некакво меланхолично чувство кога ќе слушам за нова бременост на некој што го знам. Ама тоа ми е поврзано со тоа како јас трнливо дојдов до дете. Маж ми е многу смирен со одлуката. Самиот е единец на кој не му фалело тоа што нема брат/сестра. Има создадено прилично блиски врски со другари и братучеди/братучетки и ОК е со тоа. Неговото искуство беше пресудно во одлуката да не се обидеме повторно со ИВФ.
     
    На Kitten, Coco31, Дани.СС и 3 други им се допаѓа ова.