Ios е грчки остров кој припаѓа на групата Киклади во Егејското Море. Дали има некој што летувал на Ios да произнесе впечатоци?
Супер е, малце е поскапичко, ама ако си за журки тоа ти е слично на Миконос, Кавос, Закинтос и сл. Топ си е местенцето.
Иос –Најпопуларниот остров помеѓу младите кој е опколен со исто така најпопуларните острови: Миконос и Санторини (Mykonos, Santorini). Го нарекуваат Грчката Ибица. Единствениот остров на кој забавата трае 24 часа. Островот е едно од најубавите места во Грција, но сето тоа е зачинето со луди журки и забави. Кога присуствувате на овој остров, едноставно енергијата која тој ја носи, ве тера да се впуштите во уживање на она што го имате пред вас и без размислување да ги создадете најдобрите спомени кои самиот остров може да ги создаде. Тоа ја оправдува информацијата дека островот го посетуваат преку 30.000 млади во летната сезона од целиот свет. Покрај забавата,Иос важи и за остров кој е опколен со преубави плажи. Една од најстарите и најпопуларните плажи е Mylopotas, која е меѓу најубавите плажи на Егејското Море. Плажите на Иос, ќе ве остават без зборови и ќе направат да се чуствувате како да сте во рајот на земјата. Плажите се со ситен песок кои својата убавина ја споделуваат со кристално чистата вода. Едни од најпопуларните плажи на островот исто така се Mylopotas, Manganari, Jialos и Koubaras. Јас требаше лани да одам тука на одмор но оставивме за ова лето да го посетиме местото бидејки наизглед е навистина убаво. Слушав доста пофални зборови од тие што беа лани , па ме интересира дали некој од вас бил тука да сподели искуство како му се допагаше, со цени како е и сл.
И јас го гледав лани како варијанта, и оваа година пак ми е примамливо ај некој ако бил нека пише дали вреди да се посети.
Беше другар лани и не е многу задоволен. Не се ни лоши плажите ама не се ни многу добри. А и плус е многу пат до таму. Боље до Кефалонија ќе одам. Далеку ама милион пати поубаво.