Сè повеќе земји, вклучувајќи ја и Македонија, ги повлекуваат своите граѓани од Либан после најавите на Иран за невидена одмазда и после кревањето на црвеното знаме на џамиите. Спојлер: Подобро објаснето https://vecer.mk/
Многу сакам да сум глуп да не се замарам и да го гледам светот преку очите што го гледам ама ете ме казнил господ. Ситуацијата во истокот е многу влошена испратена е морнарица од уса во подршка на израел а кина и русија го вооружуваат иран. Сега во еден часот поточно за некои 6 минути се очекува иран да го нападне израел. Ова не ни одговара на никој, се надевам дека ќе одложат инсче на сите ни се пишува лошо
Израел изврши атентат врз лидерот на Хамас во Иран пред некој ден, а претходно го елиминира и Фуад Шукр, еден од повисоките команданти на Хезболах, терористичка организација во Либан. По првиот атентат Хезболах почнаа веднаш со напади, додека Иран сѐ уште само се заканува. Но двете сојузнички страни чинам најавија координиран напад врз Израел. Америка демек пробува да смири тензии, но некако неуспешно. Путин исто реагираше до Иран да се воздржи, но овие изгледаат многу решително. Тоа отприлика знам што читам по нет, ако некој има повеќе инфо нека сподели. Отиде светот у неповрат
Ги ослободи ли Израел Палестинските заложници? Немам желудник за тоа да отворам затоа вака површински?
Ако сакате од прва рака вести за конфликтот Израел - Хамас - Иран и слично, следете го твитер профилот на израелските одбрамбени сили: https://x.com/IDF Мислам дека Иран нема да го нападне Израел, бидејќи се свесни дека Израел е воено и технолошки посилен. Многу е поверојатно дека Хезбулах ќе пушти нешто повеќе ракети од она што редовно им пушта на Израелциве, овие ќе им соборат 95% од нив, некоја ќе падне. После Израел ќе ги нападнат нив. И така.
Многу одлговлекоа Иранциве, сега за цел свет нивниот збор ќе е важен ко парче тоалетна хартија. Ако планираа нешто, требаше уште одма ко го дигнаа црвеното знаме, сега е више доцна.
Пробаа бе. Мавнаа Хезболах и пробаа да ја активираат железната завеса на Израел ама не им успеа. Израел првиот пат им ги онеспособи важните центри на Иран сега ќе седат некое време мирно само на зборови ќе се силат.
Еве пред 2 минути објавија видео со објаснување за тоа што се дешава таму: https://x.com/IDF/status/1821645289448522217
Светот нека мисли што сака, најважно е да се спречи почеток на Трета светска. А ќе почне ако Иран удри сериозно врз Израел. Путин ја има смирено топката, им рекол на Иранцине да издржат и покрај провокациите дури не дојде Трамп на власт. Не дека Трамп има помалку симпатии кон Израел, напротив, ама нема да им гази на мало прсте на другиве посилни регионални играчи, и ќе избегне ескалација од светски размери, нешто што Бајден и компанија очајно го посакуваат во моментов.
Колку што почна светска војна пред две години, толку сега ќе почне, Бајден ја уништи Америка и нејзината моќ.
Нешо ми мириса ко христијанско- муслиманска војна или...? Пс врска неам шо се дешава, не се смеете плс
Гледаш не ја отворив за џабе темава, има кај да коментираме за бабушите што ќе го срамната Тел Авив со земја.
Сега Израел кога ќе им возврати за чаламов ќе имаат кралиците мажи за плачење. Iran Military on X: "And you threw not, when you threw, but it was Allah who threw (8:17) https://t.co/V0adijcbfw" / X