Искинатиот вел (Естер Гулшан)

Discussion in 'Книги' started by elka.timova, Jun 19, 2013.

  1. elka.timova

    elka.timova Истакнат член

    Joined:
    May 27, 2013
    Messages:
    143
    Likes Received:
    31
    Gender:
    Female
    „Јас, Гулшан Фатима, најмладата ќерка на муслиманското Сајед семејство, потомок на пророкот Мухамед, крстена по една друга Фатима, неговата ќерка, живеев секогаш мирен и повлечен живот во домот во Пенџаб, во Пакистан. Причината за тоа не беше само тоа што од својата седма година бев одгледана по строгиот правоверен шиитски закон, туку и затоа што бев инвалид и не можев да излезам од собата без ничија помош.”
    Ова е вистинска животна приказна за една муслиманка која на еден најневообичаен начин е воведена во еден нов свет - светот позади велот. Порасната и воспитана во крајно конзервативно, но богато, муслиманско семејство, таа расте во изобилие, но со навидум запечатена судбина.
    Уште како шест месечно бебе заболува од тешка болест и станува инвалид со апсолутно неупотребливи екстремитети (левата страна од телото). Како оваа трагедија да не е доволна сама по себе, Фатима ја губи и мајка ѝ на многу рана возраст, па централна фигура во нејзиниот живот станува нејзиниот татко. Сепак, не може да се каже дека ѝ недостига љубов - таа го има сето внимание од својот татко, браќата и сестрите.
    Деновите ги минува читајќи го Куранот и учејќи ги светите должности на секој вистински муслиман, молејќи се еден ден да и се придружи на мајка и во џенет (рајот). Не одминува ниту еден ден, а таа и татко ѝ да не се молат за нејзино исцелување. Конечно, татко ѝ одлучува да ја однесе во Англија, каде за жал, докторите констатираат дека сè е во рацете на Господ и неговата волја. Медицината не може да направи ништо за да ѝ ја олесни состојбата на оваа млада 14-годишна девојка. Иако ги почитувале муслиманските обичаи за молење на Алах петпати на ден и давање милостина на сиромашните... сепак, Алах не успеал да ѝ помогне. Дури ни аџилакот, и бројните молитви изречени во Мека, Медина и останатите свети места не можат да ја исцелат.
    Сепак, токму кога се чини дека надежта ја напушта Пандорината кутија, стигнува спасот за младата Фатима. Откако добива визија непосредно по смртта на својот татко, таа е сигурна - ИСУС Е ТОЈ КОЈ ЌЕ ЈА СПАСИ!
    Но, дали е подготвена за Чудо?
    Колку може да верува во Оној за кој толку малку знае?
    Дали исцелувањето би било нејзин благодет или нејзина казна?
    Оваа книга е автобиографија на жената која се дрзна да им се спротивстави на строгите муслимански закони и обичаи. Ова е книга за жената која иако родена муслиманка, станува христијанка и е уште едно во низата Чуда кои не може да ги објасни науката. Но пред сè - ова е книга за силата на човековата волја и вербата.
     

    Attached Files:

    zoketo likes this.
  2. zoketo

    zoketo Истакнат член

    Joined:
    Sep 26, 2012
    Messages:
    139
    Likes Received:
    128
    Gender:
    Female
    Значи книгата навистина е многу добра .
    Ја читав оваа година ... и се занесов во неа :)
    Додека бев на работа во слободното време ја читав , и не можев да се сопрам додека не дојдов до крајот :clap:
     
    jelena.rozga likes this.
  3. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Joined:
    Jul 17, 2014
    Messages:
    373
    Likes Received:
    206
    Се согласувам, прекрасна книга но тешко може да се стигне до неа.