1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Искуства со коронавирусот – симптоми, лекување, совети од прва рака

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Cosmi, 13 ноември 2020.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    82.016
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е време да се отвори тема со лични искуства на наши членови од форумов со справувањето со овој вирус со цел да се разменат искуства и да си помогнеме едни на други.
    Кој ден од почеток на симптомите бевте тестирани?
    Како бевте лечени?
    Каква беше комуникацијата со матичните и инфектолозите/инф.одд.
    Како одеше закрепнувањето?
     
    На Karamela12, Feminka22, ♡BuBaLe♡ и 7 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.500
    Пол:
    Женски
    Сменет е насловот на темата. Во време кога е толку распространет вирусот сметаме дека навистина би била корисна една ваква тема за споделување искуства за лечење, за тоа какви совети даваат лекарите...
    Оф топиците ќе бидат избришани, затоа ве замолувам да се држите до темата и да ја искористите во позитивна смисла.
     
    На Lollipop_123, cresa-jagoda, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    Минатиот месец скоро и да не познавав некој лично што се заразил со корона.
    Сега имам може 20 блиски заразени, прв беше мм, па цела страна од најблиската фамилија на мајка ми (во друг град се) , дел од роднините по мм, најблиските пријатели на свекрва ми две фамилии, блиски комшии до нас цела фамилија, роднини по татко ми, две колешки (од кои едната сите дома од двете страни над 10 души).
    Од искуството на мажот ми како најблизок ќе кажам дека помина полесно, 2 дена со висока температура, омалаксаност и изгубен мирис и вкус му беа единствените симптоми првите недели од вирусот. Е сега последниве денови има некое боцкање, стегање во градите, па ќе прави испитувања дополнителни. Инаку се тестираше на 12ти ден од симптоми, после неколку дена од позитивен тест го исконтактираа и добивме решенија за изолација, а дома седевме изолирани сами од 19 октомври до вчера. Најбитно е што никој друг не се зарази од него.
    Искуство од друг близок хоспитализиран од најблиската фамилија, релативно млад без никакви заболувања, по неколку дена со благи симптоми се појави отежнато дишење, оксиметарот 86 покажуваше дома, па веднаш го хоспитализираа и е подобро сега.
    Вујна ми е со полоши симптоми од тие што ги знам, со огромни болки во телото, нозете особено, главоболки страшни и неколку пати инфузии прима, не е хоспитализирана ама ја следат постојано.
    Сите имаат слични симптоми, почнува со тт и омалаксаност, некој развива кашлица, мирис и вкус губат, ама мене најмногу ме плаши брзата промена на состојбата и моменталниот хаос во здравството. Пример на колегата на мм по 20 дена му ја открија пневмонијата, немаше кашлица само минимално покачена температура и по лошата крвна слика го закажаа за рендген. А тоа во нормални услови ќе се фатеше навреме.
    Од матичните сум најмногу разочарана и револтирана, а и во инфективното одделение кај нас е хаос , чекаат ред луѓето со часови, чекаат за инфузија на скали, преполно е нема ни место, ни термини на државно за тестирање повеќе. Тоа ме плаши најмногу..:|
     
    На sunmoonstars, SnowWhite8, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20201029_193530~2.jpg ве молам да ми појасни некој што е тоа оксигенација како да знам кога треба да мерам каде треба да мерам... Знам дека сите ќе ја прележиме порано или подоцна ама јас би да се "припремам" за секој случај
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.980
    Сатурација на кислород во крвата, "количина" на кислород во крвта.

    Постојат оксиметари, се купуваат, но не би ти препорачала.

    За да падне сатурацијата има други претходни симптоми што би те алармирале да одиш на лекар, како мнооогу отежнато дишење, не можеш да земеш воздух, кога дишеш белите дробови не се мрдаат, него стомакот, при поголем пад модреат усните и под ноктите.

    Нема потреба дома да се мери, доколку има посериозни симптоми се оди во болница каде што се дава кислород, во домашни услови не можеш да си помогнеш реално.

    Пад на сатурација има кај ептен тешките случаеви, не кај секој, не е честа појава. Нај-најголем дел од заболените ќе поминат без воопшто да има пад.
     
    На H.VAGA, Biljarkata, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    Да, имаше симптом отежнато дишење роднината, баш како борба за воздух, и поради тоа купија оксиметар, ама точно покажа и во инфективното одделение беше околу 80 и веднаш на кислород го ставија. Инаку ние не купивме, немаше ни кашлица мм, ни такви симптоми со дишењето.
    Сега има некое пецкање, јас се си мислам дека е од Сумамедот, тој дел го стега таму кај желудникот. Ќе видиме од понеделник крвната слика и рендген ако го закажат.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    82.016
    Пол:
    Женски
    Јас би препорачала купување оксиметар.
    Кај мои блиски и тоа млад човек,точно покажа со оксиметарот на инфективна,и беше клучно следењето на сатурацијата.
    Бидејќи коронава знае брзо да доведе до влошување и пад на сатурација под 70 околу 6-7 ден,добро би било да се следи состојбата.
     
    На H.VAGA, Biljarkata, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    30.197
    Пол:
    Женски
    Јас и после 20 ден, имам како пецкање во гради и тоа се случува забележувам ако сум повеќе активна во денот. Не кашлам, преку ноќ се е во ред,немам проблеми и болки со дишењето. Вчера дури и 2 часа пешачевме со синко немав гајле, ама дома си почна пецкањето.
    Се плашам да не има некоја последица, бидејќи кашлав 4-5 дена, но пиев само сируп за искашлување, без атб.
    Утре ќе и звонам на матичната да видам што ќе каже.
     
    На CameliaMiller и kristina.k им се допаѓа ова.
  9. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    2.498
    Пол:
    Женски
    Чичко ми, брат на татко ми е матичен лекар за жал заболи тој и цела негова фамилија и покрај сите протоколи и строги мерки. Беше можеби единствениот матичен во мојот град (Битола) кој ги примаше неговите пациенти за инфузија и инексии кога беа враќани скоро и бркани од болницата и брзата помош. И така си го доби и тој. Тестиран беше 2 дена после пријавување на симптомите, со врски бидејќи во ЦЈЗ Битола имаше познаници. Инаку се чека и по недела дена.Кај него симптомите беа многу изразени: температура, омалаксаност, болка во целото тело, кашлица и на крај доби и воспаление на белите дробови утврдено на снимка после 12 дена отприлика. Од терапија земаше сумамед, блокмакс, витамин ц, витамин д3, цинк, и пробиотик.Многу ама многу овошје,зеленчук, чај,супи и јогурт. Значи заедно со водата околу 3л течности на ден. Супи варени најчесто пилешки но со варени зеленчуци природни со пилешко месо. Стрина ми помина малку полесно со истите симптоми но без воспаление на белите дробови ама неколку пати се онесвестуваше и губеше свест. Беше однесена одма во болница после првиот пад ама беше вратена назад секако со приватно возило оти брза помош не идеше а во болницата немаше место не и направија ниту преглед инаку и двата со позитивен тест. Така стрико ми си ја зеде назад и ја лекуваше во неговата ординација. Да напоменам дека двата се хронично болни со дијабет а стрико ми има и стент на срце.И кај двата закрепнувањето не одеше лесно можеби дека се повозрасни или самиот факт дека се хронични, сеуште се борат ама се многу подобри, температурата веќе е спадната, болките намалени, омалаксаноста видно намалена, вкусот и мирисот сеуште ги немаат.Луѓе многу е важно психички да сте јаки значи сами да си давате сила, ќе помине колку и да е тешко, стрико ми и покрај сите потешкотии има огромна волја за живот, дури и во таква состојба работи од дома и телефонски закажува за вакцинација од грип, пишува и праќа рецепти и секојдневно се слуша на телефон со неговите пациенти кои се заболени...и да многу да одморате и да спиете, колку може повеќе. Само позитивна мисла и се ќе биде во ред. Ќе победиме :hug::l:
     
    На martovsko cveke, MarchelineAmaru, Dejan-Dejan и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Тие што ќе одите да се тестирате половина час пред тестирање немојте да јадете, пиете, пушите цигари и џвакате мастики.Еден час пред тестирање немојте да миете заби.Ова се најнови совети што ги слушнав, а многумина не ги знаат.
    Ова е со цел да не биде погрешен резултатот од тестирање.
     
    На злоба, sunmoonstars, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.556
    А, шо има врска ова со грешен резултат?
    Под ПЦР пастата може да даде позитивен резултат или?
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.454
    Допаѓања:
    82.016
    Пол:
    Женски
    @Tajnaotrovna
    Favipiravir го купуваат од Косово.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    33.626
    Пол:
    Женски
    Фала многу.(y)
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Спротивно од тоа.Кажаа дека може да излезат лажни негативни тестови.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Има логика пастата може моментално да го неутрализриа вирусот во усната празнина само што никаде нема нагласено што треба и не треба да се прави пред тест, инфото од каде ти е?
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    На вестите на Канал 5 слушнав.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. lilly57

    lilly57 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Јас не сум тестирана ама се водев како позитивна поради тоа што изгубив вкус и мирис.

    Секој ден пијам Вит Ц, вит Д3,Цинк од 15мг,Б комплекс.
    Инхакации, гаргара со сол во жешка вода,лимонади со ѓумбир и мед.
     
  18. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    38
    Јас сега го прележувам вирусов,на крај сум.Првично имав како главоболка/омалаксаност/тресење,тоа се во едно,како настинка,потоа почна да ми се лоши/гади и на крај ми се затна носот.Е сега веке немам ништо,тт мерам но немам веке се помина фактички,на крај кога снемав и станав еве да немам мирис. Пијам витаминска терапија,овошја,цедени,чаеви,сокови,почна апетит да си имам.Но сега како изминува,мислам дека ја немам веке таа сила што сум ја имала,незнам како ке се вратам во нормала,а што немам мирис е многу језиво.
    Поздрав!
     
  19. whitepearl

    whitepearl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    38
    Да се дополнам,здравјето фала богу не ми се влоши,но психата е мн лоша,да не си заразил друг..да не се влоши состојбата..јас се пазев,кафе пиење надвор не постои за мене,не па гледање по гости или што ти знам.. маската беше нон стоп на мене и секако со гел и екосал кожата ја секнав.но неможам да се соѓзевам,цела сум нафрлена на лицето од стрес
    Со лесно на сите
     
  20. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    415
    Пол:
    Женски
    Дали тие што сте биле позитивни или сте дали чувствувавте луто кисело солено кога јадевте или воопто ништо и дали наеднаш изгубивте вкус и мирис и дали сите имавте температура...