Знам дека има тема за фитнес тренери, но оди малку во друг правец. Оваа е конкретно за вашето искуство и колку сте задоволни од процесот. Дали сте вежбале со фитнес тренер во група или персонални тренинзи? Дали имавте резултати? Дали бевте задоволни од резултатите? Дали бевте задоволни од односот со фитнес тренерот? Дали ви обрнуваше доволно внимание? Што не ви се допадна? Што мислите дека можеше да биде подобро? А што ви се допадна? Што научивте од тренерот? Како тоа ви користи денес? Кое е вашето искуство? (Не мора да се пишуваат имиња)
Во моментов не вежбам во фитнес клуб, вежбам сама дома. Кога почнав да вежбам бев само девојче од 14-15 години. Секогаш сум вежбала во група, персонални тренинзи не сум правела. Почнав во 90-те во фитнес клуб и вежбав со години аеробик во група. Тренерите се менуваа и имав прилика да вежбам со повеќе различни инструктори. Повремено вежбав и во теретаната, но повеќе ми лежеше аеробикот. Подоцна вежбав пилатес исто во група, прво со една потоа со друга инструкторка. Слободно можам да кажам дека се што сум научила за правилно вежбање е од тренерите и инструкторите со кои сум имала искуство низ годините. Секој тренер имал свој стил и носел нешто ново во тренинзите и ми бил нов предизвик. Од нив научив толку многу вежби што не ми е проблем да си осмислам часови од 60 мин. тренинг со точно одредена цел што сакам да ја остварам. Во моментов користам и видеа од јутуб за нови вежби и за промена. Искуството со разни инструктори и тренери морам да кажам дека многу ми помогнало, но сега сум веќе дојдена и до тоа да сум доста селективна во однос на инструкторите по клубовиве (па и на видеата од јутуб) и не следам упатства од било кого. Ако видам дека нешто не е како што треба I`m gone. Сум имала и лошо искуство со инструктори ама значително помалку од добри. На пример почнав пилатес со добра инструкторка и за една година имав многу добри резултати, телото ми се обликуваше, мускулите се изградија и стекнав добра кондиција. Групни беа часовите, но инструкторката слободно можам да кажам дека имаше комбиниран пристап. Му посветуваше внимание на секој поединец и веќе знаеше кој до каде му е лимитот, па го стимулираше малку да даде плус од себе. Не и беше проблем да ме забележи дека не дишам правилно и во последен ред во полна сала и да ме корегира. За жал групата се растури, инструкторката смени работно место и дел од нас се префрливме во едно прилично реномирано студио за пилатес. Таму првпат сретнав толку лоша инструксторка (не спомнувам имиња, нели) што едвам издржав еден месец со неа. (После тоа дури и не се вратив на пилатесот но тоа беше зашто ми недостигаше аеробикот. Со пилатесот имав многу убави резултати ама многу ми фалеше да се истрчам, да се препотам.) Зошто беше лош инструктор: на прв час со нови членови им вика „ајде загревање„ и не ги демонстрира вежбите, новите членови гледаат од постарите членови и буквално ги имитираат. Уствари таа скоро и воопшто не ги демонстрираше вежбите. Само ако ја препрашаш како треба и дали е во ред ќе ти покаже еднаш до двапати. Корекции никакви значи. Вежбите досадни, со репетиции на една вежба до недоглед. Следниот час, истите вежби. Често си правеше нешто друго за време на часот, на пр. си проверуваше мобилен, си разговараше на врата со други и последната капка ми беше кога излезе на цигара за време на часот. Се прашував дали воопшто сака да ја работи својата работа, зашто не вежбаше воопшто со нас. Тотално губење време и пари беше со неа. Сепак, сметам дека ако некој сака да почне да вежба најдобро е да почне со тренер. Независно за кој спорт се работи. Битно е прво да се научи како треба и како не треба. Ако не добиеш правилни насоки на почеток и не научиш да ги применуваш понатаму, туку одиш со обиди и грешки, прилично е веројатно дека или ќе се повредиш или ќе забегаш вон контрола. И мала дигресија: Јас често пишувам дека го мразам тоа досадно повторување во вежбањето и дека ако треба да повторувам саат време 5 вежби по 200 пати, не ни вежбам. Дали така требало за поголем ефект и градење мускули, конечно не ми држи вода, зашто едно вежбање има најмногу ефект ако е запазен и психичкиот момент. Односно да ти биде погоден тренингот, да ти е задоволство вежбањето, да влезеш во зоната што би се рекло, да го почуствуваш еланот што те тера овојпат да издржиш малку подолго или да направиш уште едно плус кога си на граница, да ти се убрза малку пулсот. Без тоа не е вежбањето нај нај. Кога се вежба во група ова се постигнува кога се работи извесно време со иста група, сите стасале горе-долу до исто ниво и кондиција, групата функционира како една целина кога се вежба. Толку се сите влезени во штосот, вежбаат во ист ритам и сите се трудат тој ритам да не се наруши, се следат едни со други, така да испаѓа дека се мотивираат меѓусебно. Конечно не само што си задоволен од својот индивидуален тренинг, туку ти е и задоволство што си бил и дел од групата. Мислам дека тоа е стимулус плус во тренингот за секој поединец, кој не е можно да го искусиш ако вежбаш сам.
Да ми препорача некој добар фитнес тренер ? се работи за машко-дијабетичар,кој сака да направи мускулна маса ,БЛАГОДАРАМ
Имам искуство со групни и приватни часови. Групните беа океј, ама темпото а и некои од тренинзите не ми одговараа. После ова почнав со индивидуални часови, и после 2 месеци видов многу големи резултати. Индивидуалните часови се нешто поскапи, но доколку имате можност, дефинитивно советувам 1-1 со тренер, барем првите 3 месеци колку што ќе треба за да се научи телото на ваква рутина, да се зацврсти јадрото и да видите кои вежби ви одговараат. На мојот тренер му кажав која ми е целта уште од самиот почеток, а потоа доколку ми требаат измени на веќе испланираниот час, тоа без проблем ми го дава. Јас сум ептен задоволна. Вакви резултати сум немала од вежбање до сега.
Да ја активирам малку темава, пошо лето доаѓа и сигурно сме веќе почнати со вежби. Јас сум со персонален тренер веќе 4 месеци, па го планирав уште 2 месеци. Како е вашето искуство.?