Здраво феминки. Имам еден проблем со нозете, горниот дел од нозете ми е некако испакнат до колената, значи не стои ич убаво, некако кога ќе се погледнам од страна на огледалото горниот дел до колената ми е испакнат и подебел а од колената надолу нозете ми се слаби. Инаку ослабев 30 кг и сега имам 70 кг. Не знам дали ми е таква конструкцијата на телото или што е. еве слично како на оваа ми е горниот дел, само уште малку поиспакнат напред. Дали некој знае некои вежби за овој дел?
Неможам да ја видам сликата, но те разбирам што сакаш да кажеш. Мислам дека тоа е до конструкцијата, не е само кај тебе, имам приметено и кај многу другарки дека имаат поразвиени мускули на нозете. Тоа се случува и ако повеќе си ги вежбала нозете во тој дел, ако си правела понапорни вежби за нозе па мускулите се развиле повеќе... Не мора да значи дека е лошо или дека не стои убаво, секој си има различно тело и секое тело е убаво на свој начин
Smiley, само претпоставувам за што точно зборуваш. Според мене,тој дел може да се среди со повеќе кардио вежби, со кои се топат маснотиите,без додатно да ти се прави маса - мускули,што иначе се прави со другите вежби,па од нив може и дополнително да се разочараш од твојата „конструкција“...не е до тоа,може да се среди според мене. Трчање би ти препорачала пред се’...паралелно со режимот што си го држиш за слабеење или одржување на тежина.
ете пример јас немам маснотии ептен малку кога почнав да вежбам си растеше тој дел-мускулите...но таква ни е градбата во сојот -гени што да се прави
Се што кажа Жапче важи, плус се прават вежби за листови и ќе си добие ногата убава симетрија така да развиените бутови ќе бидат баш како што треба