Испитувања во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Mayyya, 18 јуни 2012.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    6.009
    Пол:
    Женски
    Мамички и идни мамички,
    кои испитувања ги правевте/правите за време на бременоста?
    Јас во десеттата недела правев Пап тест, сега сум тринаесетта недела, правев микробиолошки испитувања и матичниот ми даде упат за скрининг на ГАК. Меѓутоа дознав дека за скрининг се закажувало и се чекало по еден месец, а јас немам време бидејќи скрининг се прави од 12-14 недела од бременоста.
    Ваши искуства?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.533
    Допаѓања:
    132.532
    Пол:
    Женски
    Јас колку што паметам, скрининг правев во 20-21 недела, порано мислам дека не се прави. Инаку, бев кај д-р Кировски во Чаир, не чекав многу, со упат појдов и ме прими без проблем. Не знам на ГАК како е сега.
     
  3. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Skrining se pravi 18-21 nedela, a najdobro e 20. Vo gak se zakazuva i znam deka ima guzva. Ako nemozes da zakazes vo gak odi ili vo cair ili zakazi vo privatnive kliniki.
     
  4. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    283
    Јас сум 9 недела. Кога отидов на првиот преглед за утврдување на бременоста,освен ехо докторот одма ми зема прво брисови за егзо и ендо и брис за пап.
    Кога отидов во 7 недела за срцевата акција ми направија анализа на крв и следен преглед ми закажа докторот на 04.јули, кога ќе бидам 11 недела за скрининг.
     
    На merku му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    283
    Бременоста трае 280 дена или 40 ГН.
    Следење на бременост:
    Прв ултразвук
    Со изостанување на редовниот МЦ, пациентката треба да го посети својот гинеколог за да се утврди причината за доцнењето на циклусот.
    Доколку се работи за бременост, треба да се утврди срцевата акција.
    Втор ултразвук
    Од 11 – 13,6 ГН – Скрининг за Даун синдром.
    Трет ултразвук
    Од 18 – 22 ГН – Скрининг за аномалии на плодот.
    Четврти ултразвук
    Од 28 – 30 ГН – Рутински скрининг
    На почетокот на бременоста треба да се одреди:
    - Крвна група
    - Rh фактор
    - Крвна слика (секој месец)
    - Уринокултура (секој месец)
    Микробиолошки испитувања:
    - Chlamydya
    - Mycoplasma

    Prevzemeno od http://remedika.com.mk/page9.html

    Значи ова е од официјалниот сајт на Ремедика во врска со редовни и неопходни прегледи.Тука си пишува дека за прв скрининг се прави од 11 со 13 недела.
     
    На mimidjon, annel и galapce им се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.317
    Допаѓања:
    70.644
    Пол:
    Женски
    Јас ги правев следниве испитувањаЧ

    - 6 недела - ПАП тест
    Исто така почетокот правев испитување на крв + рх фактор , крвна група. А крвна слика правев секој месец. Исто така секој месец одев и на гинеколог т.е. на ултразвук
    -12 недела - Тест (преку крв) за Даунов синдром
    -22 недела - Скрининг за аномалии на плодот + 4д скрининг
    За уринокултура заборавив да кажам дека правев секој месец.
     
    На Kitty1992 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    97
    А дали овој тестот за даунов синдром во 11 недела е задолжителен?вчера ми спомна матичната нешто,и каде го правевте и колку пари е????фала ви
     
  8. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    6.009
    Пол:
    Женски
    Не е задолжителен, но се препорачува да се прави од 11,12-14 недела. Јас кога се јавив да закажам ми закажаа за две недели, ама им реков дека немам време дека веќе бев во 13 недела, и ми закажаа порано. Во петокот ги правев тие испитувања во ГАК, прво на ехо го мерат нухалниот набор кај плодот, а потоа ми земаа крв за Prisca и врз основа на некои пресметки се одредува ризикот за Даунов синдром. Резултатите ќе ги земам утре.
    Цената е 150 ден. за скринингот и 350 ден. за Prisca.
    Се закажува две недели однапред.
     
    На Girl159 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.678
    Јас не правев, но повеќето го препорачуваат.
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.533
    Допаѓања:
    132.532
    Пол:
    Женски
    Сега е најверојатно задолжителен, и јас не го правев. Мислам дека Prisca тестот сега мора сите да го направат, а мерењето на нухалниот набор секако го прави гинекологот при редовен преглед некаде околу 11 недела. Мене не ми е јасно зошто инсистираат толку на Prisca кога се знае дека резултатите му се повеќе статистички, немаат некоја точност за конкретната личност. Најточни резултати се добиваат со амниоцентеза, а тоа сепак е агресивна метода која си носи свои ризици.
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    Овој преглед се прави од 11-13н и тој е еден вид скрининг, впрочем се прават два(овој е едниот), вториот е во 22н(ехокардиографија-аномалии на срце)
    При првиот скрининг ја мерат нухалната туба, која всушност е показател за Даунов синдром. Доколку вредноста и е под 2 тоа значи дека е добро, доколку е поголема најдобро е да се направи аминоцинтеза која е милион пати по веродостојна од Приска-та.
    Кај аминоцинтезата е лошо зошто знае да биде ризична доколку не се изведе стручно, може да предизвика спонтан абортус.
    Приска тестот(за кој многу се информирав) е всушност тест заснован на математичка формула , па со оглед на тоа не дава некои веродостојни информации. Сега гледам на ГАК а немаш направено одма те пуштаат, какко задолжителен го направиле. Јас разговарав со 4ца гинеколози(каде одам на преглед) и сите беа со истиот став, дека доколку има вистинска потреба попрва би ме испратиле на аминоцинтеза отколку на Приска.
    Минатата недела бев на ГАК(прв пат) и првото прашање на докторката беше “А приска правеше“. |( Не дека е скап кај нив, но навистина не ми е јасно што толку запнале со тоа испитување, барем да држи вода.
    Инаку се прават испитувања и на трансфузиологија за Д-димери, АФА , тромбоцити, кое сметам дека е корисно и пожелно, пред се за развојот на бебето.
    Јас нареднанедела ќе одам да испитувам ова, па доколку некој има информации пред време, што како, дали се закажува, колку пари и сл , добредојдени се :)
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.317
    Допаѓања:
    70.644
    Пол:
    Женски


    мене ми рекоа дека не е задолжителен,ама сепак го направив :)
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    1.153
    А мене никој што не ми направи микробиолошки анализи :o
    Незнам дали да си побарам на следната посета на гинеколог?
     
  14. vega80

    vega80 Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    jas su vo 21 nedela i nikoj ne me upati na skrining.inaku sum vo treta bramenost,posle 12 godini ova se mi e cudno togas imase samo pregled sekoj mesec so eho i krv i urina a sega vo 12 nedela pravev analiza za di dimeri 900 denari ,mikrobioloski testovi i sega za dve nedeli treba da odam za skrien seker a do kraj sto uste ke ima ke vidime. dali toj skrining se pravi na 4d eho ili nesto drugo e zatoa sto ne sum od skopje pa me interesira zatoa sto kaj nas nikoj ne mi spomnal.
     
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    Се прави и на 3д. Важно е да се направи за дасе види развојот на срцето на бебето, дали е се ок.
    Инаку и јас знам за ова, дека во другите градови не одат по овој редослед прегледите. Јас пример сум зачудена што еве 6ти месец сум , а досега само 2пати имам вадено крв и проверено урина и сето тоа самоиницијативно. Ниту еден лекар ваму ме нема пратено да испитам крв и урина, а одам кај 4ца лекари.
    Доколку сакаш може да закажеш преглед и во Скопје, на клиника(јас таму бев), видов дека имаше и од други градови.
     
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    6.009
    Пол:
    Женски
    Овие испитувања се прават на Трансфузиологија. Ти треба само упат од матичен лекар, не треба закажување, за трудници се чека десно од влезот, во амбуланта 4 - пишува ургентна (вратата под телевизорот). Инаку има гужва, затоа трудниците ги примаат овде. Внатре лекарот ти дава како картон со испитувања кои треба да ги направиш, со тоа и со упатот одиш на шалтерот до амбулантата, плаќаш 390 ден, и потоа во амбуланта 3 ти земаат крв. Резултатите се готови истиот ден по 14 часот.
    Ова се најсвежи информации. :)
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    ти благодарам најмногу :) изгледа нема да биде комплицирано како што мислев(дај Боже). Јас планирам да одам во вторник или среда, се надевам добро ќе поминам.
     
  18. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    357
    MeU,
    Те цитирам поради тоа што и јас сакам да одам кај 2 ца доктори. Едниот ми е матичен, онака колку за на книшка, а оној другиот е приватен и нема право да ми биде матичен (долга приказна зошто не може).
    Трудници кажуваат дека ако не одиш кај матичнииот на прегледи односно ако идеш само кај приватниот (а овој не запишува во мајчина книшка туку на лист), матичниот се лутел и као не бил пристоен со идните мајки. А нели кај него се оди за брисовите, за анализите за се он дава упути.
    Прашањето ми е, колку често одеше на ехо прегледи, штом имаш идено кај 4-ца...бидејќи слушам дека не било убаво мн често да се прегледуваш на ехо.
    Јас сум веќе 9 недела, и имам идено 2 пати. Првиот пат кај матичниот за потврда на бременоста, на вагинално ехо, а вториот пат кај приватниот за срцева реакција, и ми закажа на 14 јули уште еден преглед, тоа ќе му дојде 12 недела. Не знам дали да чекам до тогаш, или да идам кај матичниот бидејќи ни резултатите од крв и урина ми ги нема прегледано. Да не е штетно повеќе преглдеи на ехо? :( :sweat:
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.020
    Еве да не зборам јас на памет, ќе ставам цитат од доктор
    “ Ултразвучните прегледи не се штетни ниту за бремената, ниту за плодот кој се развива. Ултразвучните бранови немаат јонизирачко дејство, кумулативен ефект и делуваат само во моментот на прегледот. Затоа поради едноставноста, безопасноста и високите дијагностички можности ултразвукот има голема примена во медицината, а особено во акушерството и гинекологијата. “
    Инаку од 6-12недела одев на ехо секоја недела. Сега пред една недела повторно ми се фати 3недели едно по друго секоја да сум на преглед. Досега имам направено сигурно едно 15тина ехо прегледи.
    Матичен си најдов дури пред 6недели и тоа ме испрати таму оној кој ме следи на приватно. Кај матичниот ми кажаа само да однесам фотокопии од прегледите до сега што сум ги правела и воопшто немам проблем од нивна страна, засега упути ми дава секогаш.
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.813
    Пол:
    Женски
    Не знам како е во другите градови, ама прашај си во вашата главна болница.
    А за во Ск. можеш да закажеш во ГАК, со сино картонче прегледот е 250 ден., ама мора да имаш закажано, ова ти е најефтината опција, во приватните клиники (Систина, Ремедика) 4Д скринингот изнесува 3000 ден.
    Инаку 4Д скрининг се прави 20-22 гестациска недела, така што мислам дека треба веќе да си закажеш термин.
    Скриен шеќер се испитува 26-28 г.н. исто така можеш на клиника, со сино картонче мислам дека плативме околу 200 ден., не ме фаќај за збор имам подзаборавено.
    Потоа следат.... во 35 г.н. микробиолошки испитувања, т.е. брисеви кои мене ми ги зема мат. гинеколог, а потоа се носат на Микробиологија на Клиника или во Институт за јавно здраство (фактички тоа е на исто место и ист шалтер, само зависи што ќе ти напише матич. на упатот) исто со сино картонче се плаќа 350 ден.

    Јас секој месец самоиницијативно си барам упат од матич. гинек. за крвна слика и урина.

    Потоа во 36-38 недела следат ЦТГ прегледи, и подготовка за прием во болница т.е. треба да си земеш болнички упат од матич. гинек. и да си отвориш трудничко боледување ако си во работен однос...до тука сум (се` уште не ми отворено боледувањето, ќе го отворам од понеделник здравје, па не знам кои докименти ќе ми требаат, ќе ми среди сметководителката тоа)...ако има уште нешто ќе пишам. :)

    Обавезно да си побараш, два пати се прават брисеви...во 14 г.н. и во 35 г.н. и колку што знам задолжителни се, не знам како не те упатиле на испитувања :^) , затоа што се 4 бриса за Стрептокока, Уреоплазма, Хламидија и не се сеќавам за што беше 4-от брис :?: