Спојлер Ова е вистинска приказна за една девојка од Белград која поради игра на судбината и желбата за подобар и полуксузен живот додека во Србија коси виорот на војната таа се наоѓа затворена во еден харем во Дубаи. Тука започнуваат сите нејзини доживувања кои од корен ќе го променат нејзиниот дотогашен начин на живеење... Ова е многу тажна и истовремено поучна приказна... Од неа можат сите да научат нешто, сите девојки, сите родители, сите...
Да секој кој има можност да ја прочита, посебно помладите, кои треба да сфатат дека работите не треба да се земаат здраво за готово и да не се улетуваат и пред да се направи нешто треба добро да се оцени ситуацијата. Не знам да не ја прочитав книгата може моментално ќе ви пишувава од некоја странска земја Ептен бев загреана за работа така надвор од мк. Што може и не ќе беше лоша работа ама ете. Еднаш бев поминав супер и кроев други слични планови. Ми се згрози од книгава и од странство посебно од Дубаи и други слични вакви земји. Не дека нема луѓе со убави искуства, ама ете има и вакви случаи за кои секако не се зборува многу.
Кога ја прочитав бев средно, страшно добра книга, која на многу едноставен и реален начин ги опишува случките на младата девојка. Памтам дека ја прочитав за помалку од 24ч, во еден здив, иако има околу 300 стр. Нема да погрешите доколку ја земете.
Книгава е прав пример дека не се' што сјае е злато. Ја имам читано пред неколку години и ми е една од оние кои оставиле голем впечаток. Приказна од реалниот живот за девојка од нашите простори што никој нема да остави рамнодушен.
Се согласувам со сите над мене.Книга која се чита во еден здив.Самот развој на настаните не те остава да ја оставиш книгата.И доста поучна приказна,тоа што и се дешаваше на таа девојка може да му се деси секому.
Јa бaрaв вo библиoтекaтa јa немa.. ми рекoa декa имa прoдoлжение или некoјa книгa сличнa нa oвaa.. тaнц некaкo нештo се спoменувaше.. Дa не знaе некoј/a?