Инспирирана од мајчински муабети, си реков да ви отворам една тема каде што ќе ги споделуваме секојдневните "причини за развод" наместо да се разведуваме. Повелете Јас на пример денес ќе го разведев затоа што тој си е слободен, демек да го чува малото ѕверче оти јас работам арно ама он буквално си го сфати ко слободен ден. Цел ден трчам по дете, за јадење и успат со една рака работам. И со цел памет ме праша "Оти си нерасположена", еве не знам брачен другару. Што мислиш вака од страна?
Е Луно ја отвори темава во ден кога немам замерка за маже Сигурно веќе утре ќе дојдам да го искодошам овде
Еве јас да кажам за мојот маж. Вчера ќе се разведевме. Ја штеди мама да не доаѓа да ја чува внука и, па реши он да ја чува за јас да одам на работа. Иииии секогаш кога треба да се чува дете за јас да работам он ќе дојде 5мин пред да ми почне работното време (кога работам од дома). Сега требаше да дојде, а јас да одам, и дојде секако најкасно што можеше. Му нагласив: дојди порано, треба да се спремам, не е само да излезам, со детево дома неможам, 100 пати се препотив, фаќа се, пеглата ќе и падне на глава, сака да брцне во шоља итн...Абе хаос. Се воздржав да не урлам пред детево ама му изнапишав свашта да ми се олесни. Неможам да разберам како нема осет дека некој не треба да касни! И така секојпат одново и одново, а ти зависиш од некого. Денес пак ја чуваше керка, направил ручек, испазарил и 100 пати мораше да се потенцира тоа. Еве го сега спие кома. А јас секој ден го правам тоа и после продожувам да средувам домашни работи.
Од кога е родена ќерка, "разведена" сум едно 4737282 пати. Некогаш стварно ми било преку глава и малку фалело да се спакувам, друг пат само ќе погледам попреку, ќе го игнорирам некое време и толку. Генерално ми смета што досега премалку време поминува со ќерка и не превзема обврска околу неа. Што ради работното време, што ради други фактори цели 5 пати е појден по дете во градинка, ама за кажување тоа му е главно. Секоја приказна почнува со ех ко ја земав Х од градинка, тоа и тоа се случи. Ми иди да речам, срце, тоа се случи еднаш, а не 100 пати како што кажуваш. И следно, јас чувам дете со часови, тој се појавува на врата со муабетот така наивно- дома ќе бидеш со Х? Јас да тркнам на 1 час на кафе. Фали да речам, и јас ќе си излезам. Х може сама да поседи, што има врска. "Разводот" ми е оти си излегува кога сака и колку сака, демек јас посекако морам со ќерка да останам.
Маж ми во последно време само се жали, како он е уморен, како он работи, само сака да спие, да забушава. Он бил ненаспиен. Ако се разведам од него тоа ќе биде ради знак и подзнак. Денеска ме почасти со шопинг опростено му е за оваа недела.
Добро а дали на сите им киснат мажите во вц? А ми каже треба да одам во вц ми се темни..... Денес спремив две деца ги облеков одвај, се покакаа, им сменив пелена, им дадов на двајцата витамини, спремив ранче за шетање, јас се обелеков, а за цело ова време беше во вц. И после во кола муабетот - зошто си цело време нерасположена?
Да, поголемото синче му драми пред врата. И јас се нервирав ама сега ако му е! Никогаш не оди на раат во вц
Е алал да ви е за темата. Секој ден си се разведуваме за нешто ,најчесто околу ќерка..значи му имам 100 пати кажано додека јаде и ја ранам да не се плетка тука , само префрла 'немој толкави залци,греота детето ќе се удави ' А јас гледам што побрзо да ја наранам додека отвара уста,иначе ако ја затвори устата тешко мене,ќе киснам на улица цел ден со чинија во рака. И и и и секоја сабајле ми го крева притисокот 300 . *Ајдее,сто саати се спремаш,ќе закасниме (свири со кола) . А јас станувам во 5 ипол,да се средам ,доручек правам за ќерка , ја будам,ја спремам неа ,ја ранам ,сто пати се враќам да не имам заборавено некоја пегла,фен ,рингла,а мм си станува у 7.30 ,си пие кафенце,си се облекува и спремен е ,чека надвор.
Ние сме на одмор и за малце ќе се пакувавме за назат, ме изнервира, се шо си спакував за на одмор од лекарства се си извадил и се случи да закачам нешто, се шо ми требаше сега тука купив, ни бруфен немавме.. ај то му викам оди сега шетај по аптеки барај не сака, инает е тука се скаравме, шо ќе ти е, ништо немаш, јас гнојна ангина, ништо не ми било и да одам јас да барам лекови со болка огромна во грло, не можев да голтнам.. онака ко ќе ми се занесува зошто сме земале толку лекови а знам дека некогаш ќе затребаат, то најмногу ми смета шо дека ќе си носиме, ќе ги вратиме назат ако не треба нешто, ништо страшно, шо мора и да се објаснувам...
Воведи ново правило, нема одење во тоалет со мобилен...да видиш како премногу малку време ќе му треба. Испробано и кај маж и кај деца
Тоа е секој одмор. Зошто земаш толку ствари? Како ќе се спакуваме во кола? Секогаш кога ќе го послушам да земам помалку, секогаш ми фали нешто.
Ехее по 45мин. Јас не го разбирам ова најискрено, и јас да отидам со телефон во вц пак не се задржувам толку долго, која е убавинава да седиш на шоља 40 минути, и тоа не е еднаш во денот, по 2-3 пати. Многу пати ќе му се оди на детето во вц или мене без разлика, дури лут па 'леле човек од вас на раат не може во вц да отиде'. Му викам друже во вц си пола саат веќе.
И тоа шишлаци многу сум носела, а шо носам толку гел, шампон, регенератор, млеко најосновните работи за мене и за малиот, ко демек немало место, празна беше цела кола, ама се напрај паметен спаковано лекови колку тежат ништо, едно торбе да ги отвори,да ги прегледува и ми ги вратил сите...
Леле бе,не ми се верува еј,значи исти се сите. И мојот по 3.4.пати на дневно ниво по 30..40 мин со моб.секако,дури и го заборавам дека е таму. Јас 300 работи по дома и околу деца завршам тој уште таму. А што ме највеќе нервира,си седи тој таму 40 мин,а треба да одиме некаде,излегува тој,влегувам јас да се спремам,после некое време слушам,готова ли си? Шо се толку спремаш? Ама тој 40 мин важно сере (со извињење) на раат.
Не знам дали има нешто што нервира повеќе од киснењето во тоалет по 45 мин. Јас после 5 мин му го пуштам малиот да му тропне на врата и да му каже - тато, немој да спиеш во вц Исто кога ќе се развикам, не знам како магично излегува за неполна минута Инаку по едно вакво поклон за секој маж што дреме со телефон во тоалет Одбројува 5 мин
Најјак момент, вика влегувам да се бањам. По 45мин подизлегува: - аиии ми се здрвија нозете на шоља (ми пратил 78 рилс на фб) еве сега влегувам да се бањам (заспива во када уште 1ч) Не се шалам 5 пати го имам разбудено полупотопен до уши Јас и пред бебе бев експресен бањач а сега мислам уште не дособлечена почнувам мијам коса
Мојот не претерува до толку ама ако се случи повеќе од десет минити да е внатре малата му тропа на врата и вика: "Татоо да не треба помоош?"
Остај тоа, од коа ќе заврши ќе ја отпекне вратата отворена,орли носи . Значи како мала мислев само на татковците им мириса каката