Форумџика на годината

Историја - тема за сите историчари

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од quattro, 25 октомври 2024.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Како шо гласи насловот, ја отварам темава во општи дискусии конкретно за сите кои ги интересира или им е хоби историјата, надвор од политика и образование бордот. Тема за споделување и нивно дискутирање и давање мислење за историски факти без разлика дали е историја од поново време, историја на античкиот свет, македонска историја, светска историја, двете светски војни, историја со географија, кралства и царства, религиска историја, балканот, имиграции и преселувања во минатото и секако и настани кои одиграле клучна улога на денешен ден.
     
    Последна измена: 25 октомври 2024
    На Feminka22, INNERBEAUTY, Антигон Досон и 2 други им се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Пример:

    На денешен ден 1944 година, јапонската царска армија за првпат извршила напад со камикази против американската морнарица во заливот Лејт на островот Самар, во Филипинскиот архипелаг. Притоа, потопени биле три носачи на авиони и три десантни брода. Јапонија во текот на војната извршила вкупно 2.314 напади од кои целта ја погодиле 474 камикази.

    Исто така 1936 е формирана оската Рим-Берлин а подоцна се прикчучува и Токио на истата.

    kamikaze-3.jpg

    Во 1616 година, холандскиот морепловец Дирк Хартог на пат кон Јава го открил западниот брег на Австралија.
    Dirk-Hartog-Island-Western-Australia.jpg
     
    На Val-Dim, Realist1 и DS10 им се допаѓа ова.
  3. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.602
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Машки
    Одлична тема, I like it(y)

    1950 Кина влегува на страната на северот во Корејската војна

    1983 Американскиот претседател Роналд Реган прогласил војна на островот Гренада
     
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Дали ние словените од секогаш сме биле тука или сме се преселиле од карпатите?

    Потвредено е и знаеме дека ние словенските народи (ние сме јужни словени или склавини) сме доселени од Карпатите поточно денешна северна Украина, јужна Белорусија и југозападна Русија и реките Днепар и Днестар. Додека на овие простори живелее античките хеленистички народи, илирите исто. Кога словените се населиле на овие простори тие биле нарекувани варвари од страна на хелените (барбарос би требало да значи - "не разбирам") зошто хелените не ги разбирале на кој јазик зборуваат. Во текот на 7 и 8 век словените како поголема народна маса преовладала на овие простори над веќе постоечките стари народи. Дел од старите народи изумреле во текот на тие меѓусебни препирки и борби, додека дел од нив се претопиле и ја примиле и прифатиле словенската култура, на пример за нас македонците се вели дека античките македонци се претопиле и новиот словенски народ само го прифатиле и задржале името Македонија (така се учи, колку е точно не знам). Подоцна Св. Кирил и Методиј ја создаваат словенската азбука глаголица за словенските народи зошто немале писмо на кој јазик да ги служат Богослужбите и за полезно да се разбираат зошто грчки и латински не знаеле, точно е дека има позајмено грчки (по правило "феникијски" од феничаните) букви и еврејски, но разликата е очигледна во самото писмо. Венетите словени се населени на западниот дел, Антире населени на источниот, и ние Склавините сме населени сме на јужниот дел. (дел од мислењево мие позајмено од политика бордот шо сум го пишувал).

    Кое е вашето мислење за оваа теза, дали е веродостојна дека навистина сме "дојдени"?
    map.jpg
     
    На Val-Dim, Feminka22 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.081
    Ај вака како неупатена, кои се другите хипотези?
     
  6. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    55.803
    Пол:
    Женски
    Според мене "дојдени" сме, односно многубројните словени се измешале со античките Македонци што живееле на овие простори, но мислам дека многу повеќе сме словени отколку антички Македонци. Не за џабе имаме толку многу заедничка култура и традиција со другите словенски народи. Плус, тука поминале секакви народи, османлиите 5 века се задржале, така што разновидна днк можи да се најди тука. :)
    Јас себеси се сметам за Словен, поточно македонски Словен. :D
    Додуша во последно време размислувам да си направам днк тест за потеклото, многу ме интересира што сѐ имам во днк-та, а бела плава со светли очи. Единствено знам дека имам жичка и од Хрватска, но сепак, slav. :D
     
    На Val-Dim, daylight, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Другите тврдења кои не се толку прифатени е дека од секогаш на овие простори сме живелее, од тука сме евоулирале и останале за секогаш, не сме се преселиле од никаде и дека не сме словенски народ, дека всушност ние сме античкиот народ кој живеел порано тука, конкретно за нас како Антички Македонци.

    Лично јас се согласувам со @Amellie13 и го делам истото мислење дека сме доселени во 6 и 7 век и сме припадници на јужно-словенските народи, само поради тоа шо сме многу слични а и исти по културолошките одлики а и јазикот кој премногу не поврзува и со источните и западните словени. Иначе словенскиот народ важи за еден од најголемите семејства на народи во Европа.
     
    На Val-Dim, Adidas888, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.081
    Да, и мене ми нема логика дека баш ние сме останале „чисти“ немешани антички македонци. Факт е дека постоела миграција на Словените, мешањето е неизбежно.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.602
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Машки
    Јас сум несомнено словен, сега прашањето е дали сум од тие OG словените што дошле тука од зад карпатите или сум наследник на Александар и Филип па сум бил словенизиран.
    Баш ова дека сме ние дојдени тука 7-ми век, грците го користат како црно на бело дека немаме врска со Александар, ама тоа е една обична глупост. Македонци како македонци постојат, и Александар бил македонец (не грк), ама и тие подлегнале на асимилации и словенизирање. Никој народ од тогаш до сега не е останат ист, и тогашните антички хелени немаат никаква врска со денешните грци, стојам зад тоа. Денешните грци имаат огромен дел од нивниот днк и култура од турците и монголите, слично како бугарите. Бугарите (татари) тука доаѓаат век, два после словените, во денешна Бугарија биле населени 7-те словенски племиња и кога дошле татарите на чело со Аспарух, наместо словените да се татаризираат, татарите се словенизираат. Бугарското днк е мешано словенско со турско-монголско.

    Најблиски денешни македонци наследници на античките македонци се власите иако и тие не се целосно, и тие се измешани со други народи.
     
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.913
    Допаѓања:
    177.274
    Пол:
    Женски
    “Дојдени” е само најопшто прифатена теорија. Ништо повеќе од тоа. Една од многуте теории, кои последниве години само се потврдува дека иако миграција се десила (како што и всушност се мигрирало насекаде), ама ни приближно толку голема како што ни е преставено.

    Словенството е сосема поинаков генетски маркер, и не е толку поврзано со генетика (денеска е) туку повеќе со култура, прифатен начин на живот.


    Таму, зад Карпатите учат, барем учеа, дека словенството ние сме им го донеле. Што е и точно оти Словен значи оној што ја употребува словенската азбука. Словото. Кое тргнува да се шири од нашите простори.
    Грчкиот јазик во тоа време бил како англискиот денеска. Служел да се разберат масите пошироко за полесна размена на стоки и услуги. Со растењето на популацијата и создавањето поголеми општества се јавила и потребата за посебност.
    Глаголицата целосно е создадена врз грчкото писмо, потоа кирилицата врз глаголицата, и кирилицата е развивана различно понатака според потребите на конкретното општество.

    Апсолутно сме мешани и далеку дека постои чиста нација. Како и сите на балканов всушност. Миграции се дешавале цело време на сите простори. Историските фигури ни припаѓаат на сите. Исто сме наследници и на Александар и на Колумбо и на Наполеон и на Кралицата Елизабета. Правото на самоопределување ни припаѓа на сите затоа што потребата на припаѓање и да се идентификуваш со твојата група луѓе постоела секогаш и луѓето секогаш се идентификувале според територијата каде што живеат, и ако мигрирале на нова територија се идентификувале со новата и се бореле за таа територија без разлика од каде дошле. Ама тек во 19ти век за прв пат се создава национален идентитет и сите сакаат да се посебни снегулки.
     
    На CameliaMiller, FriendOfDorothy, Antoninaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Alizée10

    Alizée10 Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    376
    Пол:
    Женски
    Јас би одбрала да споменам за племето Готи коишто дошле кон западна Европа и освоиле важна територија богата територија но, Италите коишто биле зафатени со освојување на Турција искористени со својата зафатеност успеале со еден збор да ја вратат својата област освоена од Готите.
    Исто така интересен е фактот кој вели хирургијата потекнува од муслиманите односно првите хируршки интервенции се правени од страна на муслимани.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.907
    А јас уште еднаш да те корегирам дека во 7 ми век не постои именување варвари за словените, туку варвари се однесува на оние отаде Хеленските градови-држави, малку 7 века претходно . Што го вклучува и Александар (запис од Херодот ми се чини). И што не ги вклучува словените од 7 ми век, кои и да се, јер во 7 ми век е Византија не Хеленска култура.
    Историски факти не постојат, ни за настан од пред 20 години а камо ли за пред 2000 или 1000. Само наратив кој издоминирал и има нешто пишани докази. За доаѓањето на словените и пишани докази не сум информирана. Искрено, не ме ни интересира.
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    Мислам дека како народ многу малку си ја знаеме историјата и многу работи се контроверзни. Пример, во историски книги што ги има по нашиве библиотеки има податоци дека другари на велешките гемиџии убивале и Македонци кои биле наклонети кон окупаторите, а тоа не се споменуваше никаде во учебниците. Дел од селата во Македонија(сретнав податок за две села) биле основани од Черкези, нешто за што населението поим нема, дури и ме прашаа „Кои се тие, Албанци, ако не се Албанци, Турци ли се“? Инаку, убава тема си отворил.

    За тоа што наши јавни личности со сигурност тврдат дека Александар со војската зборувал македонски јазик, како можеме тоа да го тврдиме, па проверете дека меѓу последните нации ние кодифицираме јазик, ама тврдиме дека пред илјадници години Александар зборувал македонски јазик и бил Македонец. Нека ве прашаат некаде во регионот како тоа Александар е Македонец, објаснете им, ќе ви се смеат. Во Србија и Црна Гора се учи дека бил Грк, истото го тврдат и историчари и се повикуваат на фактот дека нас овде не немало во тоа време. Не е можно сите да лажат, а ние без докази да знаеме дека зборувал македонски пред илјадници години. Мислам дека во учебниците ни го пишуваа тоа што сакаме да го чуеме.
     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.134
    Допаѓања:
    180.907
    Има некое село мислам Черкези се вика, види на карта, негде југ/исток. Кавказки народ се, ни турци ни албанци.
    Еве, донесени од Турците биле https://hr.m.wikipedia.org/wiki/Čerkezi
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.195
    Допаѓања:
    8.923
    Пол:
    Машки
    Треба поише да не интересира историјата на цивилизацијата и општо антропологијата.

    Околу тоа кои сме, што сме, од каде сме и каде одиме како човештво.

    Изминативе години се менува од корен историјата и се поместуваат временските рамки на почетоците на цивилизацијата.

    Се откриваат сложени објекти, геоглифи, цртежи кои соодветствуваат со астрономски појави карактеристични за поставеноста астрономските тела од пред 20-30 илјади години.

    А ние уште се замараме од зад која планина сме дошле.
     
    На CameliaMiller и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.061
    Допаѓања:
    12.798
    И плус селото Косматац го основале Черкези. Да и селото Черкези го основале тие. Сум била повеќепати во Черкезе, целото е албанско денес. Инаку, бабата на Орхан Памук била Черкеска, така што тој има черкеско потекло. Многу податоци кои ги нема вака на Википедија, ги има по историски книги, ги има во книги што ги пишувале локалните хроничари. Еднаш еден Бугарин, ама вистински Бугарин, не овие што глумат Бугари, ми кажа за некоја книга што не ја запаметив, да читам за Бугарите во Македонија. Човекот е лекар, сега веќе пензионер, а татко му бил учител на татко ми, Бугарин кој по окупацијата останал тука и затоа знам дека не лаже за тоа дека е Бугарин. Човекот ме уверуваше дека тој се изјаснува Бугарин, во што не се сомневам, а сестра му Бугарка, се изјаснувала како Македонка, и ми тврдеше дека ако ја најдам книгата, таму има податоци. Онака добронамерно ми посочи, не нешто за провокација или мавање во гради. Исто барав за Доброшане податоци од пописи, па видов дека бројот на Власи никогаш не надминал 50, што секако не е точно, веројатно се пишувале Македонци, а до скоро време имаше баби Влаинки од таа населба што се шетаа и зборуваа влашки, плус имаа една мало кршче како еден цм на челото, меѓу вегите и тоа беше како знак по кој се разликуваа од другите.
     
    Последна измена: 25 октомври 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    55.803
    Пол:
    Женски
    Зборувајќи за Словените, неодамна дознав дека има меѓусловенски јазик, односно јазик на кој треба да се разберат сите Словени. Претпоставувам дека составуван е од зборови кои скоро секаде имаат ист корен, со што е полесно да разберат повеќе луѓе.
    Како роден говорител на македонски, знаејќи руски и разбирајќи српски и хрватски, за мене воопшто не е тешко и сосема го разбирам меѓусловенскиот. А би било и супер идеја да се научи. :D

    Оваа девојка на Инстаграм го користи и многу ми е интересно да ја слушам како зборува:
    https://www.instagram.com/tanya_inyshina?igsh=dm8yYnc4ZjY4dmo4
     
    На CameliaMiller, Realist1, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Ова му доаѓа како словенско еспреранто :D Баш она кое го велам и јас, сите имаме нешто заедничко ние 400 милиони и повеќе народ. Истите култорошки одлики ги имаме а исто и традиции особено со источните словени. За јазикот и во Полска и во Чешките зејми, Русија, Хрватска, секаде ќе се разбереме, можеби потешко е со западните словени ама ако зборуваат поспоро се разбира се, бар основното, а за читање и повеќе. Добар ден изговараат повеќе од 400 милони, во Чешка ќе речат Dobry den :)

    Точно дека се однесувало на тие отаде Хеленските градови, меѓутоа се однесувало и за словенскиот наплив на овие простори, ова го потврди Проф Д-р по Историја, сигурно нема да лаже или измислува, јас само го пренесувам тоа шо сум го слушнал. А и ден денеска грците за да не навредат не нарекуваат варвари, демек ко натрапници или непожелни.

    Сакаш да кажиш дека ние сме античките Македонци и дека од тука почнала словенизацијата нагоре и дека од секогаш сме го зборувале словенскиот јазик, како шо кажаа погоре? Океј и оваа теза држи вода, ама во историјата се вели дека: "По освојувањето на Месопотамија, Александар ја наметна хеленската култура и грчкиот јазик стана официјален за сите во Месопотамија". А не се вели дека ја наметнал словенслата култура.. И не само Месопотамија туку насекаде во античкиот свет македонските кралеви ја наметнувале хеленската култура врз другите народи.
     
    Последна измена: 26 октомври 2024
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.602
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Машки
    И македонците тогаш биле хелени, како што сме денес словени. Атина и Спарта двете се хеленски полиси ама и тоа како имаат разлика во култура пред се и во се останато. Македонците како македонци се посебен народ од овие долниве хелени Атина, Спарта и која беше уште една позначајна не можам да се сетам, ама веруваат во грчките богови, зборуваат варијанта на грчкиот јазик, имаат слична култура... Ние денешниве македонци сме истите од пред 2800 години кога е формирано македонското царство, само што сега сме словенизирани, како што многу многу народи низ светот, а сепак си ја чуваат историјата и пред .....изирањето. На пример Бугарија уште си го чува Аспарух како свој историски херој иако денешните бугари најверојатно имаат многу помала днк од татарите отколку од словените. Аспарих бил Татар нели.
     
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.910
    Допаѓања:
    7.105
    Пол:
    Машки
    Во антиката и Спарта и Атина и Македонија и сите останати биле некаков тип на Хеленски држави со хеленска култура. Е сега во шо е проблемот, кога во 6 и 7 век доаѓа преголема маса на словенски народи, овде веќе постоечките народи почнуваат да се претопуваат шо е логично. Словените во делот на тогашна Македонија само го прифатиле името Македонија и Македонци од веќе постоечките стари Македонци, ама повеќе преовладала словенската крв на некој начин и затоа повеќе сме се словенизирале отколку шо сме антички. Истото е и со Бугарите, од турско татарско потекло се словенизирале.
     
    На DS10 и Amellie13 им се допаѓа ова.