1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исхраната кај вработени бремени жени

Дискусија во 'Бременост' започната од marchi-cool, 24 март 2019.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    имаме тема за исхрана на бремени жени,но што со оние кои одат и се хранат на работа?

    *ако сепак темава не е адекватна или потребна (но сметам дека ни е корисна) слободно бришете.

    Во оваа тема ќе се обидеме да дадеме одговор на неколку важни прашања кои се јавуваат кај секоја бремена жена во врска со начинот на исхрана поврзан со работата и работното место.

    Дали храната влијае на мојата ефикасност на работа?
    За да бидете во состојба да дадете сѐ од себе на работното место, неопходно е да ја прилагодите својата исхрана согласно вашите работни обврски. Вашиот нутриционист, при одредување на адекватна исхрана, ќе појде од три битни фактори: вашата здравствена состојба, здравјето на вашето бебе и видот на работа која ја вршите.

    Премногу сум уморна по работата. Дали постои можност со исхрана да го намалам заморот и стресот?
    Секако дека е можно. Најважно е во текот на денот да внесувате продукти кои имаат нутритивна вредност. Свежо овошје, сирење и кекс ќе ви помогнат да ја добиете потребната енергија. Избегнувајте слатки и масни јадења кои сигурно ќе ви донесат дремка. Од стресот постепено ќе почнат да ве ослободуваат продукти кои имаат магнезиум (житарки, зеленчук, лешници, бадеми), како и витамини од Б комплексот (особено суво овошје).

    Како да ја организирам исхраната на работното место?

    • носете ги со себе продуктите кои ги планирате како ооброк на работа. Пластичен вакуумски сад ќе собере салата од свеж зеленчук, месо, леб или кифли, компот;
    • додека јадете, не извршувајте други работи бидејќи на тој начин несвесно ќе изедете многу повеќе отколку што ви е потребно;
    • одредете час во кој секој ден ќе го започнувате својот оброк;
    • јадете споро и долго џвакајте ја храната;
    • пред да заминете на работа, без исклучок мора да појадувате;
    • пијте најмногу до 2 мали шолји кафе на ден.

    Дали е дозволено понекогаш да ручам во ресторан?
    Дозволено е, но, мора да внимавате што нарачувате.
    • во италијански ресторан изберете тестенини со шампињони или зеленчук, а избегнувајте ги јадењата со сосови и путер;
    • кинескиот ресторан е секогаш добар избор, поради малкуте маснотии (јадењата најчесто се подготвуваат со пилешко месо и морски плодови). Но, избегнувајте ги масните супи и ориз со многу калорични додатоци;
    • во фаст фуд ресторан свртете со кон сендвичи со пилешко месо и без кашкавал;
    • кога ќе нарачувате десерт, нека биде тоа пудинг или овошен колач.

    Мојата работа е главно канцелариска. Како да се хранам, а да не ја зголемам тежината?
    Со секој оброк потребно е да внесете свеж зеленчук или овошје. На тој начин ќе го поттикнете работењето на дигестивниот систем и ќе го елиминирате вишокот на течности во организмот, а со тоа ќе спречите и проблеми со циркулацијата, проширени вени и зголемена тежина.

    Како да ги спречам нападите на глад?
    Направете распоред – 3 оброка на работното место (на секои 2.5 или 3 часа). Тоа ќе ве држи сити и нема да дозволи кога ќе дојдете дома фрижидерот да ви е најдобриот пријател.

    Што да јадам за појадок или вечера ако имам обилен ручек?

    Појадокот во таков случај треба да биде лесен: чаша млеко со корнфлекс, 1 овошје и 1 шолја кафе. За вечера (ако сте имале, на пример, тестенини за ручек) земете салата од зеленук или варен зелечук со парче свежо кравјо сирење.