Исхрана за време на менструација/ исхраната и циклусот

Дискусија во 'Диети' започната од INNERBEAUTY, 11 февруари 2023.

  1. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Менструацијата знаеме сите е период проследен со физичка непријатност и менструални болки, кај некои помалку, кај некои повеќе.
    Болката за време на менструација е поврзана со простагланидите, липидни состојки кои имаат хормонален ефект над органзимот и помагаат на матката да контрактира и отстранува делови од внтарешниот слој на матката(ендоетриумот) кој поради неоплодената јајце клетка се исфрла за време на менструацијата преку крварење.
    Простагланидите исто така се поврзани и со нивото на инфламација вo организмот, односно над нивното ниво има влијае нивото на инфламација во организмот, а исто така се наоѓаат и во ендометриумот(внатрешниот слој на матката).
    Исхраната има влијание на инфламацијата во организмот (а со тоа и менструалните болки и нивно менаџирање). Односно одредена храна (поготово за време на менструација) ја намалува болката, додека одредена ја зголемува. Идеално поготовово првиот а и првите неколку дена е да се внесуваат течости и лесна храна(смудија, овошје, зеленчук, како и хербални чаеви) и да се избегава одредена (општо нездрава) храна, храна полна со (додаден) шеќер,пржено, како и алкохохол.

    Исхрана препорачана и не препорачана за време на менструација.
    https://www.google.com/search?q=period food&hl=en&source=lnms&tbm=isch&sa=X&ved=2ahUKEwiLyarWoo79AhW3CjQIHYu4BmMQ_AUoAXoECAEQAw&cshid=1676146249285821&biw=1242&bih=568&dpr=1.1

    Како вие се храните за време на менструација?
    Колку кај нас има/ нема свест околу ова?
     
    Последна измена: 11 февруари 2023
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    9.873
    Пол:
    Женски
    Јас одкако исфрлив рафиниран шеќер од исхрана можам да се пофалам дека 90% ми се намалени менструалните болки.
     
    На SkarletOHara и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми текне школски и студентски денонви за време на одмори јадење пржено, тостови,бургери на прв ден, потоа обавезно 9те кругови на пеколот на граница на онесвестување и минимум 3-4 дена до цела недела во полу-фукционално стање и движење.
    Тело прости ми грешев.(facepalm)

    Иначе дали сте пробале еднодевеневен, 2/3 дневен или неделен пост за време на и пред менструација? Поготово прв ден? Само на течности, чаеви и смудија. Влијае не само на болката, туку и расположение, пмс-главоболки и симптоми и целокупно за удобноста овој период.
    Еве ме денес, прв ден ко ништо на нога го минам.
     
    Последна измена: 31 март 2023
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.555
    Допаѓања:
    38.559
    Пол:
    Женски
    Не. :D Ќе се онесвестам ако не јадам често особено прв и втор ден.;(
     
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.348
    Допаѓања:
    11.776
    Пол:
    Женски
    Јадам благо и мрсно постојано, во глобала се што е нездраво, а ме смирува јадам..
     
  6. gladiola37

    gladiola37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2020
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    184
    Пол:
    Женски
    Nekolku pred da dobijam ciklus mi se jade mnogu i toa mi se jade od se , a koga kje dobijam apetitot mi e namalen .
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Значи за време на овулација и за време на менструација ми се јаде многу, после тоа апетитот ми се враќа во нормала.
     
  8. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.444
    Допаѓања:
    5.396
    Пол:
    Женски
    Еве за мене.

    Обично првиот ден-два сум на течности, сокови, смудија, чаеви, евентуално салати, си го слушам телото.

    Имам спремно "мени" чисто во случај да ми се пријаде:
    Лесни сендвичи, понекогаш и со бел леб, исто и тестенини иако не е попрепорачливо, (види погоре) зошто може да ја зголеми инфламацијата, а со тоа и болката, ама имам приметено дека мене лично не ми прави проблеми.

    Благо: Темно чоколадо, некои raw бомбици и сл.

    Никако:
    Пржено и алкохол(за време и неколку денови пред да ми дојде)
    Вегетеријанец сум и месо секако не конзумирам.

    *Дополнително помагаат:
    *Вежби, т. е. пози(wall pilates, мислам имам спомнато некаде)
    *Како и техники за дишење и смирување и самоконтрола(на умот).

    И секако ако се ова е дел и од секојдневната рутина.
     
    Последна измена: 10 март 2024