Искрено не успеав да најдам ваква тема никаде по форумов, а и по други интернет страни,па викам да ја отвориме овде, за да си поделиме совети и искуства, како да се храниме здраво, да придонесеме кон повеќе млеко, за доилките, помалку грчеви кај бебушките наши, а и губење на килограмите што не ги сакаме ... па пишете што јадете и како... Јас денес на мени имав : Доручек : 200 грама сутлиаш со една чаша млеко после доручек : две шишенца вода и една чаша сок од портокал Ручек : 250 грама риба сом спремен на пареа без зачини и сол , со варен компир и салата цвекло варено Десерт : две чајни колачиња и една чаша сок Сега го чекам чајот за доилки па за вечера две -три лепчиња интегрални со павлака .... Сигурно е ова малку , а се обидувам да го стимулирам млеково да дојде повеќе бидејки синчето е 95 % на Хумана а 5 % на мамината лева града .... Давајте мислење и вашите мениа , да си помогнеме за крканац и ние мамичките .... BON APETIT
Јас се` јадам, без контрола на калориите , единствено додека бебето беше помало избегнував храна и течности што прават грчеви како на пр. се` зелено-зелка, краставица, тиквица, грозје, киви, пипиерка, грашок, потоа грав и пресно млеко. Најмногу јадев компири и ориз од зеленчук, месо секакво и риба. Едновреме имав прилично еднолична и досадна исхрана. Сега се` готвам, јадам убаво и уште имам млеко, малку поднамалено ама уште не сум дала АД. Моето денешно мени доручек-3 парчиња интегрален леб на со маргарин, ајвар, печеница и околу 250 мл. јогурт ужинка-денес киндер чоколатчиња -3(манијак сум по благо) ручек-мусака со павлака и 2 парчиња леб и салата од цвекло и морков со лимон. ужинка-сникерс вечера -нејверојатно ќе биде некој убав мрсен сендвич со јогурт. Во текот на денот многу вода и густ сок од праска. Инаку секоја вечер пијам некаде околу 300-400мл. јогурт или пак јадам кутивче павлака за да имам млеко во текот на ноќта-уште ми се буди малиот и цица некогаш на 2, некогаш на 3часа. инаку јас не пиев чај за доилки туки правев дома чај од мајчина душица и ким, дневно пиев по 2 л. ова е за бебето да нема грчеви. Го пиев додека малиот не неправи 4 месеци. Потоа грчевите престанаа и престанав со чајот.
Режим на исхрана за доилка (3 рецепти). Со соодветен распоред на одмор и движење, како и со разноврсна исхрана се одржува создавањето и лачењето на млекото. Мајката која дои треба почесто да се одмара во текот на денот. Се што внесува како храна, јаде или пие, преминува во одредена мерка и во млекото. Потребата за енергија кај жената која дои е поголема од потребита во бременоста. Храната која доилката ја зима треба да ги содржи сите хранливи состојки (енергетски, градивни и заштитни), за да овозможи создавање, како и нормално функционирање на организмот на мајката. Затоа исхраната на доилката треба да биде разноврсна, а квалитетот на намирниците најдобар. Исхраната во периодот на доење мора да се прилагоди на нутритивниот статус (постоечки енергетски резерви) и на планот на активноста на мајката. За мајките кои дојат, а во текот на бременоста не добиле доволно во телесната маса, енергетското внесување мора да биде поголемо. Едно од поголемите откритиа во педијатријата, врзано за употреба на ултразвукот, покажа дека бебето кое гледа уште од раѓање, слуша уште додека е во мајчиниот стомак, на свет доаѓа со веќе оформено сетило за вкус и мирис. Тоа веќе од 4-5 ден од животот го распознава мирисот на млекото од својата мајка. На мајките кои дојат им се советува да избегнуваат намирници кои имаат јак мирис (карфиол, зелка, целер) и зачинети јадења (бибер, пиперка). На некои деца тоа им пречи, додека некои не реагираат на оваа храна. Доколку мајката примети дека на детето му пречат одредени намирници, нека ги избегнува додека трае доењето. ЧАЈ КОЈ ГО СТИМУЛИРА ИЗЛАЧУВАЊЕТО НА МЛЕКОТО Во еден литар зовриена вода се става 100г семе од аниса или комораеа. Се остава да одстои 10 минути и потоа треба да се процеди. Се пие повеќе пати во текот на денот. Во продажба - инстант чај за доилки. ЛИМУНАДА СО МЕД "МЕДОНАДА" Две супени лажици мед се ставаат во подлабок сад, се додава свежо процеден сок од лимун, потребно е добро да се промеша за да се раствори медот и да се добие млечно жолта маса. Потоа се додава 1л вода и постојано се меша за медот добро да се раствори. Оваа лимунада лесно ја гаси жедта, а многуте витамини и органската киселина, минералите и лесно сварливите шеќери од медот, ја прават лимунадата биолошки корисна за вашето здравје. ПИЈАЛОК ОД ПРАСКА 1 поголема зрела праска 1 лимун-сок 1 лажица багремов мед Праската треба да се излупи, изгмечете ја со вилушка, додадете го сокот од лимун и медот и измиксајте го во блендер. Извор: Енци Менци
ме погоди со сникерсов и со киндерот,не сум доилка туку бремена а го имаме истиот режим на исхрана...само што не доручкувам одма за киндер се фаќам Јас имав млеко во изобилство близнаци да дојам,највероватно зошто си собрав доста мрснотија (во првата бременост)па избегавав многу многу да јадам првиот месец зошто ми се скаменуваа градите од млеко... Пиев мнооогу вода,сокови,и супа обавезно. А кога се си дојде во нормала (со градите и доењето) си јадев нормално А за мене нормално е доручек јогурт чаша-две,ручек обилен со интегрален леб(3-4кришки) вечера никако или некое крем бананче да ме засити...па така за една година ги стопив тие 30кг што ги натепав како трудна
A навечер ако не јадеше како преку ноќ имаше млеко? Инаку јас насабајле со бебето ставаме околу 11 12 часот и тогаш зависи кога како имам време ама битно до кај 2 појадувам, и најчесто тоа е кисело млеко, или павлака, зденка со 2 кришки леб, или маргарин и мед исто со 2 кришки леб, за ручек јадам што и да било од ручек страна, и е претежно месо, а за вечера овошен јогурт или некое чоколадо, ама почесто и цел оброк имам за да имам млеко и навечер, оти син ми цица на секои саатипол до два, и во текот на денот пијам многу течности, посебно чај од брусница (оти тој од анасон го отпив многу ми стана грд), сок мултивитамин од вива, и многу вода од секогаш пиев многу вода. А вие што доите пиете ли кафе?
Ако сакаш да се напиеш кафе, направи го тоа одма после подојот. Обично не се пие пред доењето, за да не го вознемири бебето. Значи надој го сега и пиј кафе, до следното доење количината на кофеинот се намалува, па не би требало да има проблем. Јас не пиев, дури пред некој ден се напив, после година време.
јас не се хранам нешто посебно, си јадам што ми се јаде и колку ми се јаде пијам повеке течности заради тоа што чувствам жед кога цица бебушко... а во однос на кафето и јас пред некој ден се напив прв пат после речиси една година, и минатата нок пак се напив и тоа во 12х по полноќ и за чудо нависитна бебушко прв пат спиеше мирно и се разбуди само 2 пати по пола саат максимум, за разлика од претходните ноќи... кај нас изгледа има кафето спротивен ефект
И јас се си јадам без контрола на калории и баш ми е супер Сега и онака сум дома и никој не ме гледа, само имам проблем кога ќе излегуваме надвор, бидејќи ништо не ме собира, само едни труднички фармерки, а капутот не можам да го закопчам. Од јадење само не јадам луто, зелка, грав, чоколадо, кафе, друго се си јадам, не пијам газирано и чај од нане, а пијам многу течности и секој ден чај за доилки од Хумана или Хип и повремено Хумана за грчеви. Сега најбитно ми е детето да си цица и да си имам млеко. И навечер си јадам за да имам млеко во текот на ноќта и кога ќе ме разбуди сабајле бебето бидејќи немам многу време за јадење си правам чај за доилки и јадам една банана до две. Во последно време омилена храна ми се тие Кранчи-мусли и Гранола на Виталија, си ги јадам со млеко и за два дена ги нема
а зошто чоколадо не јадиш? јас имам моменти кога неможам да прекинам чоколадо додека не го изедам цело. Инаку и јас осекам многу жед додека цица бебето, ни потоа ни пред тоа туку додека цица осекам како да не сум пиела вода 2 години и јас се немав напиено кафе може 10 месеци секако, ама пред некоа ден се напив после долго време турско кафе, и денес пак се напив и не осетив некоја разлика во понашањето на бебето. може син ми е имун на кофеин ама мене многу почнува да ми се пие кафее уфф
јас во тој контекст мислам дека имам проблем - апсолутно немам никаков апетит. Одкако се породив 3 дена на течност нели, потоа јадев само двопек и еве и до денес. пример вчера имам изедено само 4 кришки двопек со чаша јогурт и ништо друго. Денес утрово само еден кроасан еве падна ноќ уста не ми се отвора. А инаку сум буцка и секогаш сум имала здрав апетит. постојано имам некоја ниска темепратура околу 37,5. Како да си го повратам апетитот навистина немам идеја се силам со сила но едноставно нејке а дојам, почнав уште од вториот ден.се плашам дека млекото не ми е доволно хранливо иако го имам во големи количини ( бар сега за сега )
почекај со тек на време ке ти се врати апетитот. јас после царскиот на болница 5 дена бев само на сок, јогурт и вода, и кога си дојдов дома така продолжив уште една недела, јадев плус супа и по малку леб, и дури сега после 3 недели почнав да јадам нормално
и јас бев со царски и првите 2 3 недели не само што не јадев туку и немав апетит, ама сега нешто ми е многу вратен апетитот а и не само тоа туку се ми е премногу вкусно, и можам да јадам неверојатно многу и додека цица малиот ке кркам а после не ми бега орбитрекот
Не јадам чоколадо заради грчевите, чоколадото предизвикува грчеви и секогаш кога ќе каснев макар и малку после имавме 3 саати грчеви со плачење, солзички му течеа, а мене душава ми се кинеше и затоа не јадев. А многу сакам чоколадо. Јадев и уште јадам Гранола и Кранчи мусли како некоја замена. А денес јадев Lions и ништо не ни беше, ама после 3 месеци поминуваат грчевите. Добро е тоа што пиеш вода додека доиш, јас пијам вода и кога дојам, и пред и потоа, ама за доењето е баш како да се немаш напиено со години. Тоа е телото си бара течности. За кафето е во ред да се напиеш едно дневно, а повеќе не чини заради кофеинот, детето ќе биде раздразливо. Кофеинот како и алкохолот како што испарувааат од организмот така испаруваат и од млекото ама треба време затоа е добро два саати да не се дои ако пиеш кафе или алкохол, бидејќи веднаш одат во млекото. А и мене ми се пие кафе, ни трудна не пиев ни сега и мноооогу ми фали, особено Nescafe Gold со млеко, ммммм Анчетупанче знам како ти е. И мене ич не ми се јадеше првата недела и бев како утепана, ама со сила јадев за да имам млеко. Тоа е таа постпородилна депресија ама ќе ти помине. Добро е штом имаш млеко, ама за да ја одржиш таа количина и уште повеќе да ти доаѓа мораш да јадеш. Јас си купив Б-комплекс и омега 3 и да видиш после два три дена, вол мислам ќе изедев. Сега мораш да внесуваш храна и тоа помрсна заради првото млеко, колострумот, тоа е сега жолто и густо и тоа е најхранливото млеко, полно со сите хранливи материи и антитела, затоа го викаат течно злато и прва вакцина на детето. Затоа ќе јадеш и тоа со сила, а апетитот ќе си дојде. После има да си кркаш, како мене За температурата можеш да се напиеш аналгин и витамин Ц. И јас имав блага температура, се потев многу, ме тресеше ноќе ама тоа ме спаси.
Ај да ја активираме малку оваа тема.. Јас сум на цвекло и брокули денес ама мислам дека се тресеше од гасови цел ден бебуш. Инаку со јогурти и чоколадно млеко мислам дека најбргу ми се полнат градите, а и супа јадам скоро секој ден.
Исто и благо кравко млеко и чоколада предизвикуваат грчеви. Не кај сите и не мора да значи ама со овие намирници се внимава ако бебето има грчеви. Иако сите викаат се да се јаде сепак ако приметиш дека има грчеви припазувај. Јас лично не јадев зелка, цитруси и газирано. Со млечни производи внимавав и по малку чоколада јадев.
Мајка, толку имам време да смислам и направам друго за јадење. Прпратно јадам банани, јаболки, грицкам плазма, некој овошен јогурт и тазе кифлички со сиренце што имавте вие на мени денес?