1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исцедок

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Nicki_N, 14 септември 2016.

  1. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, јас сум нова на форумов, извинете ако има ваква тема веќе, не можев да најдам.
    Имам гооолем проблем веќе година дена. Менструацијата ми е редовна секогаш, но пред неколку месеци откако ке ми заврши менструацијата после 4-5 дена имам исцедок кој некогаш е кафеав, некогаш розев, црвен.. И тоа си трае со денови. Еден ден има, па нема, па пак има. Значи јас цела година сум секој ден со влошка на мене. Отидов кај мојот матичен гинеколог и он ми рече дека тоа е инфекција и ми даде терапија Флажил апчиња и вагиналети. Откако ја примив терапијата месец дена бев ок, но наредниот месец повторно. Инаку стомакот ми е цело време подуван како да сум седми месец трудна и имам болки во јајниците. Отидов повторно кај гинекологот и ме гледаше на ехо, брис, пап, се направи и ми рече дека нема ништо.. Отидов кај друг гинеколог во Систина. Тој исто така ми кажа дека имам инфекција и ми даде Флажил апчиња и Нео Пенетран вагиналети и ми рече дека 100% ке ми помине.. Но, пак истото.. Ова веќе не се трпи, јас не знам веќе каде да се обратам и што да направам. Дали некоја од вас го имала овој проблем или можеби знае што може да биде. Јас не верувам дека е инфекција затоа што не сум долго време сексуално активна. Со дечкото раскинав после првиот пат кога бев на гинеколог. Ако беше инфекција ке се излечеше до сега.. Мое мислење :| Психички забегав веќе... ;(;(;(
     
    На Sunnny му/ѝ се допаѓа ова.