Намерно ја ставив во Насмевка темава, да нема забуни оти ова е смешно Ајде да одиме сите по ќуки кај што ни должат пари, да застанеме и да протестираме
Хах, толку да ми е должен мене некој, не пред влада, и на сред езеро ако треба ќе протестирам. Може тебе ти е смешно, ама цифрава со толку нули не е за смеење. Секој си има различен начин да си го искаже револтот. Како А1 си го искажува со преноси од пред влада, така и овие. Нели демократска држава сме ?!?
А што има да протестираат пред владата? Нека наместат шатор пред А1 и таму нека протестираат. Оф Боже, овие плачат за гледаност, смрдат на очај
Македонија и се е можно. Траги-комедија, ова е нешто невидено бре луѓе, никаде го нема! АБканал, работава .........види мамо, види мамо и јас можам пред влада да привлекувам публицитет. Претераа веќе сите. Јас не ја обожавам владава ни моменталната политичка состојба, реално ги презирам........ама неможе 1,2....оп пред влада! Протестирале затоа што Велија им должел пари, ако има фактури, докази нека му ги бара по судски начин........а ако нема докази за тоа, тогаш и тоа биле нелегални должничко-доверителски односи Веќе не ги можам, само топла вода почнаа да измислуваат. Кој стигне може да прави глупости на секој чекор !
А бе точно дека плачат за гледаност. Ама еве ко што си можат А1 да протестираат пред влада, така и они си земале за право да протестираат таму. Очигледно тоа им е омилено место на сите.
Јас сега ќе застанам пред влада и ќе протестирам оти Петкана ми должи 100 денари! Ајде луѓе што чекате, сите одете таму каде што ви должат пари, застанете им пред двор и викајте УААААААА врати ми ги парите!!! Ако не таму застанете пред влада! Барем и на ТВ ќе ве има, дури можете да бирате и на која ТВ сакате да ве има
Абе ако протестираат пред влада значи дека владата им е крива и должна. Ама ним им е Рамкоски. Па, нека одат пред А1, а може и пред затвор, нели таму е Велија, па нека протестираат. ама мислам дека сакаат малку да го насмеат македонскиов народ, па седнале пред влада ко на излет. Не, сериозно, јас слатко се насмеав кога го чув ова на вестите. Или сакаат да привлечат медиумско влијание или е вистина ова дека сакаат да не насмеат. Не гледам друга причина зошто би биле баш пред влада. А, уствари, и добра идеја ми дадоа: кој ќе ми борџи и најмала сума се селам СК пред влада. Па ми борџат бе еј, дур не ми ги вратат парите не си одам !! Па кога можат од АБ канал зошто да не и јас...и сите на форумов!! Само со протести пред влада ќе си ги повратите парите позајмени!! Спојлер Аха, да, малку морген!!
Блонд мене и А1 ме нервираат што се лигават пред влада, првиот пат кога го направија тоа симболично беше ок. Беше до некаде искажување на револт и до некаде привлекување публицитет. Ама веќе ми нема резон сето ова, срамота.......Уште Сител и Алсат фалат пред влада и имаме претставници на сите политички партии хахаха А ако се работи за должење на милионски суми, тука нешто смрди! Секоја зделка која е на поголем износ треба да има фактури, потврди и соодветни документи. Ако газдата на АБ канал нема документ дека Велија му должи нешто, тогаш тој криумчарел данок. Мореее што се сите итреци, за по еден стап од прв до последен. Ама не се они криви, криви се идиотиве наши тако звани политичари што им дозволиле да си играат како сакаат!
Ако плачат за гледаност да знаете им успева . Првпат слушам за нив, еве сега ќе ги научам . Веќе ништо не ме изненадува од нашава ни државичка. Офи I have the same opinion like u :up:
Велија им го начука на сите со се ја*ца и си се смести во удобна келија. Овие сега коси нека си корнат! Проста маса, нема да ме чуди утре ако излезат некои трети каде АБ се доллжници па и тие да се наредат пред владата. Хах.. искрено ми се повраќаше од целава оваа мешаница. Сега зошто нервите ми се при крај слушајки и гледајки по сите можни телевизии се едно те исто ме фаќа едно налудничаво смеење.. Знаев дека сме заостанат народ, ама до толку ли бе?
Е не можам веќе Еве ти фин начин како да привлечеш внимание Ах, леле - дојдоа петте минути за овие тотални анонимуси Нц, нц ... АБ канал - прв пат слушам
Добија медиско внимание, добија популарност, сега нека си одат по дома. Ладничко е, да не настинат! Туку видов на фб една група, вика „Ако сакаш да си популарен исбрукај се на Идол“. Ама јас би рекла „Ако сакаш да си популарен дај на заем а после барај си го пред влада“.
Aко не се лажам сопственик на АБ е Бојо Андревски, кој е близок со Груевски, така што е баш трагикомично
На сите кога нешто не и е по ќеф одма пред влада. Абе ајде не утепаа со овие глупости. И јас од утре се селам пред влада. Сите утре пред влада таму ќе си ги решаваме проблемите ама нема врска дали се домашни, училишни или финансиски. Леле не сте свесни колку само сум му лута на штркот што ме оставил во оваа чудесна Македонија
Апла провидно е дека е нарачано од ВМРО. Комедии живи Ама треба некој да им укаже на овие вмровците да бидат малку поиновативни, а не да препишуваат само де од СДСМ де од А1, нека им текне нешто и на нив, еј више досадни станаа. ОГРАНИЧЕНИ УМОВИ: Народот протест - ВМРО контра протест. Сдсм штрајк - ВМРО контра штрајк. А1 протест пред Влада- ВМРО контра протест пред Влада. А1 собира потписи потписи за подршка - ВМРО оди со собирање на потписи против А1 (контра потписи ) Не за џабе направиле група на фејсбук ,, некој функционер од СДСМ ќе правел свадба во недела. И погодете што?!? ВМРО организира контра свадба.,, И да, какви милионски суми споменувате, смешно е и просто како грав. Па ова и слеп ќе види дека е со политичка позадина, исто како оној Александар кој закупил 6 билборди да каже дека не бил А1. Еј ти се молам, платил 1300 евра од заштедата, а земал плата 200 евра. Со 200 евра едвај можеш да се прехраниш цел месец. Ама ајде и нека штедел по 50 евра месечно, на човеков му требале 2 години да заштеди 1300 евра за да ги фрли на билборди?!? Кого лажат само незнам. А и кои испрани и болни умови останаа да им веруваат?!?
Хахаххахахха, еј ова е скроз вистина. Секако дека ВМРО ќе организира контра-свадба, па не може СДСМ да е подобра од нив и да прави свадба кога ќе им текне?!!