КСЗД одлучи дека е извршена дискриминација со предвидените училишни правила врз учениците

Дискусија во 'Образование' започната од FriendOfDorothy, 16 март 2024.

  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.642
    Комисијата за заштита од дискриминација одлучила дека три средни училишта во Штип, Струмица и Прилеп извршиле индиректна дискриминација врз учениците со предвидените училишни правила кои содржат кодекс на облекување. На тој начин го прекршиле законот за основно и средно образование.

    Во законот за основно и средно образование стои дека образованието на децата е задолжително, под еднакви услови и без дискриминација. Со забраната за пристап на „несоодветните“ ученици, се крши и член 44 од Уставот.

    Менаџментите на овие три училишта одлучиле дека несоодветно е доколку учениците доаѓаат со искинати фармерки, тренерки, кратки сукњи, шорцеви, долги нокти, обетки, пирсови, доколку девојките се со неуредна коса, а момчињата со долга коса, репчиња или со брада. Пред училиштата беа поставени табли со правила, а доколку учениците не ги почитуваа овие правила, немаше да бидат примени на настава. Дел од учениците пријавиле во погоре споменатата институција дека се дискриминирани.

    Училиштата сега треба во рок од 30 дена, да ги тргнат спорните табли (куќниот ред), а доколку не го направат тоа против овие училишта ќе биде покрената и судска постапка.

    Дали сметате дека со овие правила одредени училишта вршат дискриминација врз учениците и дека менаџментот се меша во личниот израз и печат на една индивидуа или пак не се согласувате со одлуката на КСЗД и сметате дека доколку учениците не се придржуваат според правилата на училиштето, треба да бидат отстранети од настава?

    Не знам дали постои истава тема околу новите училишни правила кои станаа актуелни пред неколку месеци во неколку македонски училишта.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.642
    Зошто редот и дисциплината мора да започнат со забраната за носење тренерки и сукња? Дел од професорките доаѓаат со големи, лакирани нокти и јака шминка, тапирани коси (во глава ја имам мојата професорка по историја). Што правиме со кадарот, нестручните психолози, педагози, професори, директори кои се назначуваат од партија? Што правиме со непотизмот, начинот на оценување? Јас ова со кодексов го доживувам популистички, како она со химните по школи.

    Зошто е спорна девојка со зелена коса, пирс и сукња или момче со долга коса и брада? Значи момче ќе мора да се шиша пошто некаков си менаџмент составен од партиски кадри одличил дека долгата коса во репче кај машки е надвор од правилата кој менаџментот ги смислил. И зошто е спорно момче со коса во репче, а не е спорна девојка со кратка коса?

    Јас во средно бев фарбан, а со мене учеше дечко кој имаше долга коса, беше фанатик по рок и метал бендови, дечкото свиреше и гитара, тоа му беше како личен печат, начин да се изрази. Денес, некаков си струмички, училишен менаџмент би го избркал од настава пошто не е по нивни вкус.
     
    На Directioner005, Маја Т, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.228
    Допаѓања:
    162.861
    Пол:
    Женски
    Во таа возраст се децата кога треба да имаат најголема себе експресија и да експериментираат со изгледот. Да забраниш одредени алишта или да воведиш униформа би разбрала иако имам многу поделено мислење за то. Ама да ограничиш нешто шо е дел од идентитетот на детето и вон училиште е лудост, како должина на коса, брада, боја на коса, пирс, нокти итн.
     
    На Directioner005, sweet-cherry, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.642
    И јас имам поделено мислење околу униформи. Баш денес разговарав со другарка, она е со став дека треба да се воведат униформи во училиштата, тоа би им било олеснителна околност на родителите. Сите би биле физички исти. Но, не постои таква униформа која ќе ги покрие класните разлики. Да земеме еден пример, две ученички со исти униформи, доволно е една од нив да извади ајфон од џеб од 90 000, живееме во мало општество каде секој знае кој на кого е. Поентата е учениците да се научат дека класната разлика не е битна, со или без униформа. За тоа е потребен стручен кадар.
     
    На JoyJoy, Mumoftwo30 и daylight им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.413
    Допаѓања:
    200.965
    Пол:
    Женски
    Мора да постои кодекс на облекување во воспитно-образовна институција, а тоа се (барем беа) училиштата. Да важи и за учениците и за персоналот. Во слободно време нека прават што сакаат, ама во училиште, сметам дека не треба да има толкава слобода. Исто како и во секоја јавна и приватна институција. Слободата на изразување нека си ја чуваат за слободното време, во училиште и на работа мора да има кодекс. Точка.
    Наречете ме старомодна, ама сметам дека мора да има норми и правила кои треба да се почитуваат. Доста е со тоа дека имало дискриминација. Ако сакаме здраво општество, мора да се постават граници, сите сме дел од тоа општество, сакаме права, ама имаме и обврски.
     
    На Simplicity, Pixi5, Amellie13 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.982
    Допаѓања:
    123.895
    Пол:
    Женски
    За другото е претерано, но за облеката е во ред.
    Во образовна институција, облеката мора да биде пристојна.
     
    На Pixi5, JoyJoy, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    48.357
    Пол:
    Женски
    Во мое време во 4та средно во Орце ни воведоа униформи и е најдоброто нешто што го направија.
    И ја како Анат наречете ме старомодна, ама училиште не е модна писта ниту е прифатливо да се оди со искинати фармерки, допичњаци, голи стомаци, шминки како за на свадба, штикли како за у град.
    Никој не го оспорува стилот на индивидуата, ама за се има место е време.
    Истите овие кодекси ги имаме и на работа, не верувам дека некој иде у тренерка или хеланки ( иако сум среќавале и такви исклучоци).
    Од увек сум била за она да се воведат униформи уште од најмали нозе за децата/учениците а модата да остане за слободно време.
     
    На christinnn, Gosh, VDT2906 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.644
    Пол:
    Женски
    А како долгата коса и брадата на машките или фарбаната коса кај девојчињата ќе ги спречи да имаат добро образование? Институција која се фокусира на надворешниот изглед на учениците наместо на реформи во образованието не е добра институција. Само дава порака дека немаат моќ и ресурси да сменат нешто суштинско, па ајде ќе удрат по она што е најлесно и небитно за адресирање за да дадат слика дека нешто работат.
     
    На Selena01, Directioner005, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.279
    Допаѓања:
    19.856
    Пол:
    Женски
    Абе облеката океј, облека се облекува/соблекува, ама брада и коса? Рили?
    Дај барем ко у Северна Кореја нека дадат список на дозволени фризури.
     
    На Selena01, 1209 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.240
    Демек ако облеката е пристојна полесно ќе учат англиски, француски, физика, биологија... :wasntme:
     
    На Selena01 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.982
    Допаѓања:
    123.895
    Пол:
    Женски
    Не мешај нешто што нема врска.
    Мора да се покажува почит кон образовната институција!
    Облеката е едниот начин.
    Не може на училиште да шетаат исто како во паркови и клубови. Освен ова, некои од нив ќе имаат професии кои налагаат да се носи униформа. А, и кај што нема униформа, мора да се носи пристојна облека. Ако за време на школувањето не научат да почитуваат кодекси, нема да ги бива како возрасни на работните места.
    Колку и да нејќат луѓето, некои правила мора да се почитуваат!
     
    На SuperGirl24, st-el и @ceci11 им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.321
    Пол:
    Женски
    Тоа што не биле пуштени на настава е единствениот начин како им се нарушува образованието.

    Овие правила им одговараат само на безобразни професори кои сакаат да биде по нивно и вената им се испакнува на челото затоа што девојче се дотерало за школо. Нема смисла.

    Мојот став е да се пуштат тинејџерите да изгледаат како што сакаат. Не сум за кратка и непристојна облека, но девојчиња што баш невкусна облека носат во школо се мнооогу малку.

    Ем што самиот образовен систем интелектуално ги форсира децата во шаблони за кој не е секој направен, сега бараме и да изгледаат исто.

    Инаку тренерки според мене сe најокеј облека за на училиште и ништо не може да ми го смени ставот. :D
     
    Последна измена: 17 март 2024
    На Directioner005, FriendOfDorothy и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    20.906
    Пол:
    Женски
    Момчињата со долга коса им сметат? Рили? Ова само им покажува на децата дека МОРА да се исти со останатото стадо овци или ќе бидат outcast на општеството.
    А за облеката..... во моето училиште се знаеше, долги панталони, блуза на куси или долги ракави, патики или балетанки.
    Зарем постојат во Мк училишта каде децата одат во сукњи или кратки панталони?? Кои се тие?
     
    На 1209, Mumoftwo30, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.228
    Допаѓања:
    162.861
    Пол:
    Женски
    +1
    Огромен дел од денот седиш на лоши и несоодветни клупи и столчиња, па згора на тоа мора да си "стегнат" во "пристојни" алишта место да се дај приоритет на комфорт кога, во средно бар, ретко кое дете е под 6 часа, башка паузи, башка физичко. Се осеќам како "џабе" да отежнуваме одредени работи.
     
    На Selena01, FriendOfDorothy и Srckata28 им се допаѓа ова.
  15. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.642
    Секогаш кога ќе се спомне средно, ги читам истите флоскули, модна писта, штикли, допичњаци, певаљки, човек да помисли дека ходниците и дворовите се полни со девојки кои имаат само ѕвезди на брадавиците и шетаат само на халтери. Во 2000-тите кога јас бев средно, помнам дека модата беше таква, низок струк на фармерки, гол стомак, штикли, па ниедна девојка во школо не доаѓаше како Кристина Агилера да речеме. :D Денес се баш кул кога станува збор за облекување, Били Ајлиш фазон, широки дуксери, маици, тренерки со интересни принтови, јас стварно не знам кои се тие кои одат на школо на штикли и миничи. 7 часа на штикли, браво за тие девојки, ако постојат.
     
    На RespectAndObey и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    8.283
    Наставник/Професор/Вработен во школо е синоним за партиски полтрон. Неретко и синоним за многу други негативни квалитети.

    Кога тоа ќе го исправиме, може да ја оправаме модата на учениците.

    Мода, која btw мене лично не ми смета бидејќи речиси 99% одат нормално облечени на училиште.

    А тој 1% ако сака да се дотерува повеќе, па да носи розева коса или пирс на веѓата, не знам како тоа ќе му влијае на тестот по математика.

    Воедно, јас лично би им дала на учениците слобода за изразување, со цел поубаво и посреќно да се чувствуваат кога одат на школо.

    Би работела на тоа како да ги привлече и да се заинтересираат за учење, а и actually да научат.

    Баш имав таков професор по математика со таков мајндсет и беше единствениот кај кој сите сакаа да одат на час, учеа и научија :*:
     
    На 1209 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.053
    Допаѓања:
    66.725
    Пол:
    Женски
    Стварно, како тренерки се проблем? Зошто би биле проблем?
    И што е неуредна коса кај девојките? Не се исчешлало сабајле детето и ќе го вратат?
    А нели ако машкото има долга коса и си ја врзе тоа си е уредно? Дали ако машкото не смее да има долга коса, женското не смее да има кратка?:wasntme:
     
    На 1209, Gosh, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.487
    Допаѓања:
    24.255
    Пол:
    Машки
    Нема да навлегувам во тоа дали е дискриминација или не, ама правилава се дебилни и тотално заостанати, впрочем кога видов кој ги предложи и кој ги воведе, се' ми стана јасно. Но, кога ги воведоа мнозинството ги поддржа безрезервно, уште не знам зошто.
     
    На theowndemon и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  19. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.642
    А кој ги предложи и воведе, немам инфо? Некое свештено лице да не е? :D
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Скроз сум за воведен ред и кодекс во училиштата. Со исклучок на тоа да се мешаат во поглед на личниот изглед на пр. Машките да не смеат да носат долга коса а девојките да имаат само прибрана,без нокти и слично,затоа што тоа е лично искажување и доживување на самата особа.
    Но од неколку причини треба да има и тоа како кодекс за облекување. Всушност добро би било и кога државата одвои од буџет и со закон да биде изгласано - носење на училишни униформи барем во основно училиште а добро би било и во средно.
    Училиштето да има забрана за користење на мобилни за време на часовите.
    -Јадење на храна за време на часовите.
    -Лошото однесување спрема наставникот/професорот.
    -За булинг да има најстроги казни.


    А од ред и кодекс да не бидат изоставени и просветителните работници.Како и за облека така и за однесување.
    Сметам дека учителот/професорот во основно и средно училиште треба пред се да биде пример за неговите ученици. И да може преку било кој предмет исто така да ги учи на учениците и за вредностите на животот. Да стопира булинг, да знае да разговара на правилен начин со секој ученик и да не се корумпирани.
    Ете ваков ред и кодекс подржувам.
     
    На Wideperpetual, SuperGirl24, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.