Значи можеби малце ви е чуден насловов но еве јас имам таков проблем можеби и некој друг го има истиот Многу често купувам облека -обожавам да се дотерувам, но сепак кога треба да одам некаде нема што да облечам,дали јас купувам непотребни работи или што е работава! Дали и вас ви се случува истото или секогаш знаете што да облечете -купувате она што навистина знаете дека ке го износите
Иста сум и јас, познат ми е тој проблем, изгледа купувам непотребни работи или пак специфични работи кои оставаат впечаток и неможам повеке пати да си го облечам ако се работи да се оди со исти луѓе и сл. Но ке почнам да практикувам да купувам работи кои се неутрални и кои можам да ги комбинирам со други и така секогаш да изгледа ко да имам нешто ново
Леле ист проблем, не мислам кога купувам, ќе ми се допаде во моментот и не мислам дали ќе можам да го комбинирам или сл. Затоа кога треба да одам некаде немам руби и незнам што да облечам -.-