Дечки се решив да ја отворам оваа тема по тоа што мајка ми за Божиќ направи кадаиф. Дали и како го правите? Еве ја рецептата Содржината на 1/2 кг. кадаиф изронете ја и поделете ја на два дела. Премачкајте го дното на тавчето со маргарин и нанесете го првиот дел од кадаифот, врз него се става фил од ореви, фстаци, суво грозје по желба. Потоа се нанесува и вториот дел од кадаифот, целиот се прелива со 150 мл. масло. Се пече на 250 степени околу 10 минути, потоа се намалува рерната на 180 степени и се пече додека не се добие бакарна боја. Шербетот се подготвува во 900 мл. вода се раствора 1,1 до 1,3 кг шеќер (не препорачувам многу шеќер околу 900 грама се доволни) на одредена температура по растопувањето на шеќерот се вари 3-5 минути и се додава сок од половина лимон. Се остава 1-2 минути само да здишне и потоа се прелива кадаифот, при што кадаифот да биде ладен додека шербетот топол. Се остава да искисне потоа се сече и сервира. Добар апетит. Еве ја рецептата па како го правите вие?
Sekogas i barav na mama da mi pravi neznaev kako mala kako se vika i veliv*mamo napravimi jufki so seker dodeka se razberevme. Inaku mnogu go sakam i cat pat i jas go pravam ama ne e kako mama sto mi pravise Pa koga sum doma kaj mama ona go pravi za mene
Кадаиф правиме понекогаш дома со татко ми,обично еднаш годишно за Нова Година или за Велигден или Прочка,порано додека беше жива баба ми ми правеше понекогаш.Ние го правиме само со шербет и со сок од лимон без други додатоци,но јас сепак многу го сакам поради мекиот вкус што се топи во устата.И сега кога ја видов темата и кога го прочитав рецептот погоре ми текна на вкусот и на мирисот на кадаифот и ми се пријаде!Мммммммммммммм,кадаифот е прекрасно нешто!
Ммм како малечка многу јадев кадаив мајками лесто правеше. Кога ја видов темата ми текна дека со години немам јадено 
Лелелеле мераци Посебно оноа одозгора најубаво ми е...И јас одамна немам јадено,сеа ми се пријаде.....
Сигурно има некоја цака во приготвувањето или во додавањето на шербетот, навистина не знам - рецептот изгледа преедноставно, а исходот не секогаш е таков каков што сум очекувала. Многу ретко ми се погодил кадаиф кога сум го приготвувала дома. Купечкиот ми е убав и сочен, а мојот секогаш е или премогу сув или премногу кашест.
Кадаифот како десерт е еден од специјалитетите што ме потсетуваат на детството. Иако не сум голем љубител на топени десерти, кадаифот има убав мирис и вкус, особено кога ќе се додадат рендана кора од лимон, сок од лимон и сецкани ореви. Мајка ми често го подготвуваше во зимскиот период. Не беше потребен посебен момент за да се најде на семејната трпеза.
Сакам кадаиф, убав ми е. Не го правам дома туку купувам од оној полуготовиот што е, дома само со шербет го потопувам и супер ми е.
Кадаифов никако да го трефнам. Прво ми излегуваше или пресув, или кашест. Научив дека не треба со врел шербет да го попарувам, па сега не ми излегува кашест. Ама па, ко премалку шербет да правам, сув ми беше последниот пат. Ај белки ќе научам како треба... само уште колку пати треба да го направам, се прашувам...