Не знаев каков наслов ќе биде најсоодветен. Поентата ми е: Кога ќе ви се наполни меморијата на мобилниот, каде ги префрлувате сликите и видеата? Последен пат јас изгубив сѐ од телефонот, зашто направив грешка при трансферот и тоа е тоа. Пробував со секакви софтвери, ама ништо, цела година слики и видеа отидоа во заборав. Некако, порано, албумите си беа „тоа“ место, до ден денес си ги чувам и сите слики си ги имам. Но, што е со дигиталните?
Најсигурно OneDrive на Microsoft или нешто слично. Доаѓа во пакет со лиценцата за Microsoft Office. Сликите автоматски се префрлаат од телефонот. 1TB има простор за складирање, има и можност и за зголемување. Мене тоа ме спаси последниот пат кога го скршив екранот на стариот телефон па сигурно немаше да можам да ги префрлам без да дадам 400еур за замена на екранот.
За сега на Hard Disc.. имам многу стари слики дури и од првиот компјутер што го имавме со брат ми, па некако се таму сум си ги префрлала. За cloud сеуште размислувам, знам дека е по практично и нема како да исчезнат, ама пусто old school...
Со претходните телефони ги префрлав на компјутер па по некое време за да не ризикувам ги префрлав на USB, ама со самсунгов никако не можам, единствено слика по слика да праќам на месинџер или на нешто па од таму да префрлам во папки ама ми троши многу време. Нека си стојат дур стојат, после ќе се думаме.
Моментално никаде, имам 11500 слики во телефон, секој ден ќе ги префрлав, и секогаш заборавам. Инаку во лап топ ги чувам. Ми е страв последнава тура, дека ќе го поремети и морам да најдам решение. Дали со надворешен хард диск е подобра варијанта?
Во лаптоп и на облак. Прашање: зошто веќе не можам да префрлам слики од мобилен на лаптоп со усб-кабел? Порано ми стигнуваше прашање дали да е за полнење или за префрлање, а сега само се полни
Претходно на компјутер или екстерен хард диск ги префрлав во фолдери според години. Во последно онлајн на клауд ги ставам, а некои побитни што ми се си ги печатам за да си ги имам и да си ги гледам засекогаш во албум.
Во лап топ и во хард диск. Туку телефонот ми падна во вода и немаат тука такво делче, сега користам друг телефон. Некои слики не успеав да ги префрлам и баш тие ми ги нема, немам доволно простор за бекап. Има шанси некако да ги најдам?
Пред неколку години изгубив многу слики кога ми падна мобилниот во вода, од тогаш навака редовно секој месец два ги префрлам на drive, а на крај на година или кога ќе ми се наполни меморијата ги префрлам на надворешен hard drive. Распределени ми се по години а во секој фолдер по месеци или одредени одмори настани и супер ми е вака.
Исто и јас си ги префрлав, ама ете сега од одморот не ги префрлив и баш на тие немам бекап, немам доволно простор. А мемориска картичка имав, и таа ми се оштети, не ми се префрлаа сликите.
Досега не ми се случило да ми се преполни телефонот со слики и да немам ич место, ама си направив некоја навика да префрлам слики на Х време, па така терам. Секоја година во јануари ги префрлам сите слики од телефон на хард диск и си стојат таму. Организирани ми се по фолдери, секоја година си има фолдерче и баш ми е практично да најдам нешто ако ми притреба.