Не најдов ваква тема за дечиња, а кај бебињата има. Па да не полнам таму оф топик, а да немам одговор, ја креирам темава. А прашањето ми е, слатки термо хеланки за големи девојчиња, значи 7 8 години, каде да најдам?
Јас хулахопки прочитав. Умор,сори. Ја низ локалниве за деца обично наоѓам такви. Овие по моловиве не ги владеам периодов,а можда има.
Хаха затоа препрашав. Обично во локалниве наоѓам црвени, тегет и црни, со срце на едната нога од светки. Освен тој еден модел ништо шарено не наоѓам. А ми треба висок струк.
Прекрасни се вреќиве, ѕирни ги. Има розова, сива и тегет. Моето го изнашетав во ваква кога беше мал, на какви не студови, ветрови и дождови, гајле нема.
Не знам што цена се, во Оригинал Маринес да видиш, лани земав на попуст, додуша за годинка беа ама има и за големи сигурно. Подебели од стандардните, не се баш класични термо, ама се такви меки внатре зимски.
Пробај, можеби ќе сака. Јас го возев и кога беше прооден. Прооде на 13 месеци, а имаше 19-20 зимата, сакаше и во количка. Ќе ми остане вреќата сега и за второво, едвај чекам пак да ја користам, многу сум задоволна од неа
Имаш во Крш. Што баш тој? Некако се лепеше многу по раце.. Јас најубавиот од Пренатал во Ист гејт го имам земено, е не знам што фирма беше не ми е дома. Убав и од Просветно има добиено пакуван во ќесички. Е тоа не е убаво, ама го префрливме во кутивчиња.
Пиколино бутик за деца во Бисер. Внатре се како со ќебенце поставени, од надвор памучни, само со ластик горе. Ланската и оваа зима си ги носи без хулахопки во школо, лесни се соблекување за во тоалет. По 650 ден.мислам дека беа. Топ се.
Исто и јас сум задоволна од тој од Пренатал и од Просветно дело. Плеј дох во Крш има. Туку кажете play mobil играчки каде може да најдам? Теа колорс затвориле, само на нив ми текна. На 3 години се најзезнатите желби од Дедо Мраз или така ми се чини?