Каде да си најдам партнер/ка

Дискусија во 'Сингл' започната од Peco, 11 јануари 2015.

  1. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    92.110
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите.
    Нов сум на форумов, па ако кажам или направам нешто погрешно, бидете нежни со мене :)
    Најпрво голема пофалба за форумот и за неговите членови, за сето она што го работат, односно за советите и за корисните информации. Знам за постоењето на овој форум одамна, но никогаш не сум го посетил, затоа што мислев дека се разговара само за фризури, шминки и рецепти, но тука има многу, многу повеќе. Затоа решив и јас да се зачленам и да побарам помош од вас.
    Како што можевте да заклучите до сега, јас сум припадник на машкиот пол, имам 43 години, моментално сум single и не можам да си најдам партнерка. Не сакам да сум сам цел живот, моја најголема желба во моментов е да имам свое семејство, сопруга и дечиња. Да имам некоја личност покрај мене што ќе ме сака исто колку што ќе ја сакам и јас неа.
    Престанав да излегувам во кафичи и дискотеки, затоа што на тие места излегуваат многу помлади од мене. Имам неколку пријатели што се во брак и имаат деца, но не сакам да се дружам со нив, затоа што нивна најголема преокупација е кафаната и алкохолот, додека нивните жени и деца седат дома.
    Јас таков живот не сакам. Не сум богат, работам просечна работа за мала плата, доволно колку да си ги платам сметките за струја, вода, телефон, не останува многу за други работи. По природа сум мирен и повлечен, можеби и срамежлив. Во животов сум имал само неколку сериозни врски, од кои само една релативно долга, околу 5 години, а после тоа, ништо.
    Ги напишав овие работи за полесно да разберете каков сум и што сакам.
    Моето прашање до вас е, каде би можел да запознаам женска личност, дали има некои места во Скопје каде што излегуваат повозрасни? Или можеби има и други што се single, и не излегуваат никаде, а би сакакле да запознаат некого како мене? Можеби некоја ваша пријателка, роднина или соседка?
    Што мислите вие за мојов проблем? Секое мислење е добредојдено.

    P.S. Ги прочитав правилата на форумот, и таму пишува "Специјално за машките членови, Фемина не е место за да си барате партнерка."
    Доколку модераторите сметаат дека моево прашање не е за тука, слободно нека ја избришат мојава порака, нема да се налутам :)
     
    На Milobebence, WildMk, Beki3b и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Брате со стројници само.
    Не се зафркавам со тебе најсериозна сум.Тие повозрасните што излегуваат сами, бараат да лапнат некое богато парче иако е старо вампириште, за да ги спаси од бедата таканаречен животец.

    Тешко е да си сам, ама пак ако не излегуваш како ќе запознаеш некого А!? Велиш ни со другари не излегуваш, никоја нема сама на врата да ти тропне и да каже: Еве дојдов да ти бидам жена.

    Движи се повеќе помеѓу народ, доколку ти дозволуваат можностите, или пак некој нека те запознае со некоја со слична судбина на твојата.
     
    На Alisa22, Samara Morgan, vladimir janev и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.183
    Далеронќе ме исплаши, јас па реков ти си распишала оглас.
    Во денешно ввреме да неможе човек да најде девојк треба да е со извинение многу или ептен глуп.
    Човече, девојки на сите страни а он јаден кука како неможе да најде. Па и нетреба да најдеш, после ќе треба да те учиме и што треба да правиш со неа. За талви и не е девојка.
     
    На Peco му/ѝ се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.540
    Допаѓања:
    231.958
    Пеце не си глуп...само секој со среќата и судбината.
    Си имал ете повеќе врски, од кои и една подолга ама не била вистинската, што е уствари подобро одколку со погрешна личност да го минеш животот несреќен.
    Жалосно што во Македонија нема места за испаѓање на сингл личности од оваа генерација и општеството им дава чуство на несигурност како нешто да не е во ред со нив.

    Ми се допадна советот на Далерон.
     
    На Alisa22, Valerin, Peco и 3 други им се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    105.017
    Пол:
    Женски
    Drsh se sega prijatele.Ne ima sekakvi ovde.Vo koza da ne ti e
    covek dokolku se aktivira temava.A ti veruvam deka sakas da e taka,ako ne drugo,ako e poinaku nema da go dobies toa sto go sakas,pa makar i odgovor.
    Iskreno malku vo dilema sum sto da ti odgovoram zasega ama nemozev da se vozdrzam a da ne te predupredam.
     
    На Peco, Nausicaa и butterfly4 им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    @Bah Човеков си има мака бре. Не се сите кроени по исти аршин.
    Секакви не има помеѓу луѓето.Најсериозно човеков си кажа за скромноста, а гледајќи што се случува во денешно време, тешко дека некоја ќе се одлучи на чекор за да живее скромно.

    Ти ете излегуваш и гледаш што се случува помеѓу младинава, така да лесно е да кажеш дека во ова време лесно е да најдеш девојка, ама тешко е да го реализираш тоа поради Х околности и причини.
     
    На Alisa22, Sarasweet, vladimir janev и 4 други им се допаѓа ова.
  7. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Машки
    Има такви места... ВПШ се викаат (Ваша последња шанса), Џубокс, Мистер Џек... има, не е да нема,...
    Сеа немојте кусур да фаќате,... таму се има... понекогаш мој коментар е "што избацила поплава".
    Друже у твоја ситуација стварно најдобар совет ти е стројници.
     
    На Peco, Nausicaa, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.818
    Пол:
    Женски
    Балет, Салун, Џубокс, мислам се такви места ко што бараш низ Скопје :)
     
    На tessie, Valerin, Peco и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.183
    Од главата си патиме Далеронке, никој неможе да ма убеди дека е до парите. Има жени кои бараат само внимание и малку почит а не пари. Скромните услови не се оправдување. Јас ако знам да ја освојам деојката не во село, туку на врв на планина ќе дојде со мене и ќе се чувствува како да живее во Париз.
    Но некои мажи и не заслужуваат да имаат жена кога незнаат да се однесуваат кон неа како што треба.
    Инаку да, има и спонзоруши, но веројатно тој не би ни можел да биде во нивна близина а камо ли да ги освои, но со малку памет би можел да освои некоја скромна девојка без многу очекувања.
     
    На Peco му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.390
    Пол:
    Женски
    Колку што го разбрав одвај сметките си ги покрива, а вие му нудите да оде по кафиЌите од типот ВПШ.
    Бев еднаш и јас во Џубокс и Салун (facepalm)
    Да се разбереме не бев влечко да барам,ме одвлечкаа.
     
    На Avokado, nena2010, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  11. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Машки
    Релативно е нова, Септември 2014, а бендот е Хахаха, панк рок... мој тип музика

    САМИ МАЖИ И ЖЕНИ

    Ги сакам моите учители
    Емпириски херои улични
    Родители и маалски фајтери
    На планета земја сите родени.

    Ми кажаа дека ќе сум сам
    Додека не признаам
    Дека не знам точно сега што правам
    Дека сакам да научам.

    Сами мажи, жени,мажи, жени...сами мажи, жени.

    Им простувам на сите “другари”
    Државни клети шпиони.

    Сами мажи, жени,мажи, жени...сами мажи, жени.

    ----------------------------------------------------------

    LONE MEN AND WOMEN

    I like my teachers
    Empirical street heroes
    Parents and neighborhood studs
    We are all born on planet Earth.

    They told me that I will be forever alone
    Until I don’t have the guts to confess
    That I don’t know exactly what to do now
    That I want to learn.

    Lone men, women, men, women… lone men, women.

    I forgive all my “friends”
    Ill-fated state spies.

    Lone men, women, men, women… lone men, women
     
    На tessie, Peco и Daleron им се допаѓа ова.
  12. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.183
    Затоа има еден куп Агенции за запознавање каде сите се со иста мака и нетреба додворување ни ништо туку како на пазар, се гледаат се бендисуваат и тоа е тоа. Ако се од по заостанативе општини може ќе чќарат и некое ќило раќија како награда или некој денар за убав почеток на младенците.
     
    На Peco и BoneMachine им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.540
    Допаѓања:
    231.958
    Овој совет веќе ми се допаѓа и е добар старт за некој кој си има мака да запознае некого(y)

    На жалост не сум запознаена со ноќниот живот во Скопје или другите поголеми градови, па твојов и советот од титан се прилично корисни.
     
    На Peco и Bah им се допаѓа ова.
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.675
    Пол:
    Женски
    Neznam oti na vremeto ne si mislel za familia,neli si ima i 30godini pa togas trebalo da mislis sto vo idnina.
    Tuku aj da ne te osuduvam neli.
    Jas ne znam kako e nokniot zivot vo skojpe,taka i sam megu drugari i rodnini ke si naglasis deka sakas da stvoris familja.
    Deka sakas nekoja na tvoi godini koja bi imal familia,dokolku znat ke te upatat i oni na toj pat,neli prijateli i rodnini.
    Iskreno mislam na forumov nema nekoja na taa vozrast .
     
    На Peco му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    30.062
    Пол:
    Женски
    ^Гирл-мири нема прави години за мислење за оформување на фамилија и наогање животен партнер.Некој го наога истиот на 20 години некој на 30 некој на 40 секој со својата срека.Дом не се создава само затоа што ти дошло време за истото ако го немаш вистинскиот партнер покрај себе,а тоа е тоа што најтешко се наога.Можеш 100 години да бидеш во врска со некој и да целиш кон брак па по некој сплет на околности да се растури калимерата и да останеш сам на 30 години. Жално но вистинито.

    Пецо сфакам дека ти гори под нозе но неможеш да кренеш раце и да речеш за мене нема жена. Ако другарите твоите излегуваат по кафани оди и ти со нив без разлика што не го оправдуваш нивното однесување во поглед на жените.Движи се повеке мегу луге ,барај прво во кругот на најблиските дали познаваат некоја слободна жена,дали сопругите на твоите пријатели имаа сингл другарки со кои можат да се запознаат,можеби некоја колешка или другарка на некој колега или колешка. Сфакам дека до некаде годините се веке пречка за излегување низ град како што ние младите го правиме тоа ама па дома на врата никој нема да дојде и да ти тропне.

    Конкретни места во градов не можам да ти посочам бидејки сегде каде што јас се движам се места каде што одат млади луге но тоа не треба да ти биде пречка без разлика на твоите години. Нема место во градов каде што стриктно излегуваат 25 годишњаци или 40 годишњаци. Каде и да си треба само да знаеш да се вклопиш мегу рајата,да си сигурен во себе и да знаеш што бараш.
     
    На WildMk, tessie, Lost_L и 10 други им се допаѓа ова.
  16. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    5.449
    Како што слушам фејсбукот е одлично место за пронаоѓање партнери и партнерки. Мои 4 познаници се омажија/оженија наоѓајки партнер на фејсбук. Пробај можеби и тебе ке ти се посреќи да најдеш некоја, да почнете да комуницирате и да почнете врска. За места во Скопје,неможам да ти помогнам.
     
    На WildMk, Nightwalker, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.675
    Пол:
    Женски
    SuperGirl24 ako vo mladi godini covek ne se bori i stvori,za zal na postari godini toa odi potesko.
    Ne me svajkajte pogresno.
     
    На Peco му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.218
    Допаѓања:
    16.732
    @Peco, ќе ти дадам еден совет кој не се однесува само на тебе, туку и на оние 20 години помлади од тебе- излегувај во град за да се дружиш, да се опуштиш и да се разонодиш, не за да `збркаш` некого. Судејќи според паровите околу мене, најголемиот дел од нив се имаат запознаено преку некого, дали двајца или тројца се имаат запознаено баш онака спонтано на излегување. Замоли ги пријателите, роднините, комшиите, колегите итн да те запознаат со нивни познанички кои се сингл. Не мора тоа да биде традиционално излегување заедно од типот на`Трајанка, ова е Петре, Петре, ова е Трајанка`, доволно е да размените фб и од таму постепено да почне комуникацијата. Се надевам дека набргу ќе ја запознаеш вистинската, ти стискам палци :)

    пс
    Конкретно, во Ск твој врсници може во сретнеш во Џубокс и Салун.
     
    На WildMk, tessie, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.224
    Пол:
    Женски
    @Peco ако не успееш да најдеш купи си, брате. Ова јас, сериозна сум. Си ги носиш годините на грб, пријателе. Не дека си стар ама си пристар. Албанија ги има за 500е. Ќе си земеш 22 годишна, ќе ти готви, пере, пегла и три деца ќе ти роди. На крај и законот за трето дете ќе го фатите.
    Ама ви испланирав.....
    Ај со среќа братче
     
    На drasko, smigool, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    25.257
    Пол:
    Женски
    Абе на битпазар гледам продаваат три за сто. Прашај таму.
     
    На Winter Lady, Sunshine.Sunshine и girl-miri им се допаѓа ова.