Кога и да излезам, гледам под 18 или над 40. Знам дека има многу заминато во странство, ама до толку да нема никој меѓу 25-35 во Скопјево?
Штом во помалите градови има, сигурно и таму има само на такви друштва моментално налетуваш. Менувај места на излегување. Не го знам Скопје па не знам што да ти предложам. Плус многу е поместена границата за мажење/женење ако ти е за девојка, така да ќе најдеш. А и лето нели сите некаде се, од есен
Секој Четврток од 18:00 има тури на Водно, пешачење од клиника до Водно. И тука најголем дел се таа возраст. Има и повозрасни ама добар дел се од 25-35.
Знам одам и јас. Тоа е добро. Стануваме спортска нација полека полека. За тие што сакаат активност и движење одлично место ем за активност ем за социална дружба или по пат или горе на забавите.
Нели има вонредна состојба со овие пожариве за забрана за движење низ шумите? Мислам дека и за Водно важе таа забрана?