Каде може да најдете евтина здрава храна?

Дискусија во 'Диети' започната од StefChef, 19 февруари 2014.

  1. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Сигурно сте запознаени дека треба да јадете здраво,па одредени група на луѓе ќе речат дека тоа е прескапо или не е убаво.
    Јас сакам да го побијам тој мит и сакам да ве известам каде може да ги најдете овие храни кој се доста ефтини и може во секој момент да ги набавите.
    Можете исто да споделувате рецепти со калории и макронутритивна вредност.
    Почнуваме од најпотребните продукти за една исхрана:

    1.Протеини:

    Пилешки стек,копани,инер филе (Стокомак,Кам Маркет 199,209 денари)(копани не купувам нека постира некој колку им е цената)
    Мискиркин надкопан(139 денари кг)
    Туна (Тедико 45 денари,Стокомак 49 денари)
    Сардина (Кам 29,Стокомак 29)
    Ослич (115 Стокомак К-4)
    Урда нискомаслена (130 денари кг Млекара Смојмирово-Ново Лисиче)
    Јајца (Стокомак 69 денари)
    Млеко 0.9% масленост(Карефур 84 денари,Мегле Стокомак)
    Јогурт Збрегов 49 денари(највеќе протеини од сите)
    Соја шницли,трошки (Стокомак,добри за од сабајле за повеќе протеини 23 денари 200 грама)
    Леќа (Стокомак-Кибела)
    Протеин од сурутка (ПБЦ 2400 денари 2.2 кг)

    Јаглехидрати:

    Ориз (Стокомак,Кам Маркет)
    Пченка (Стокомак,Кам Маркет)
    Компир (Фрутини или пазар)
    Сладок Компир (Веро на промоција 70 денари кг)
    Јаболки (Ајдарет-Тинекс,другите видови на Бит Пазар)
    Банани (Бит Пазар)
    Други видови на овошја (Бит пазар)
    Зеленчук (Во сите маркети е скоро ефтин,тинекс има добри цени)
    Замрзнат зеленчул(Стокомак)

    Масти:

    Рибино масло(Аптеки)
    Ленено семе,семки од тиква,сусам,сончоглед,чиа (Зелен пазар)
    Јатки (бадем,орев,индиски орев,бразилски орев и сите други јатки на пазар)
    Маслиново масло ( не користам иако е полезно)
    Сите мрсни риби (крап,лосос,скуша итн)
    Кокосово масло (немам поим)
    Масло од животни (свинска маст,кокошкина маст на пазар изгледа)

    Рецепти ќе пишам покасно :)
     
    На Madalina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.338
    Каде може да најдете ефтина здрава храна?

    Зависи што значи здраво, затоа што за еден може да е избалансирана храна, а за друг органска.

    Во Македонија мислам дека многу повеќе треба да се обрне внимание на тоа како е храната одгледувана и како се приготвува, а ние како народ не сме толку зависни од брза храна како што се да речеме Американците, туку главните оброци ни се најчесто дома и готвени.

    Перцепцијата дека здравата храна е скапа повеќе важи за западните земји, каде овошјето и зеленчукот знаат да бидат доста скапи. Кај нас на пазар за 200 денари можеш да се натовариш толку што нема да можеш да стигнеш дома. Тоа се е теоретски здраво, нели овошје и зеленчук треба да се голем дел од хранта, плус житарки кои и не се скапи (ориз, пченка, пченица...).

    Е сега прашањето е како се одгледувани овошјето или зеленчукот, колку се прскани и со што се храни живината и стоката што се одгледуваат за јадење. Ако сакаме да внимаваме на тоа, треба да бараме органски производи (или некои други стандарди), а тие се поскапи и поретко се наоѓаат.

    Друг проблем е како ги подготвуваме. Истиот оброк може да биде многу поздрав ако не му ставиме запршка со 2 прста сончогледово масло и брашно, туку само малку кокосово масло, или откако ќе биде термички обработено, да му ставиме ладно цедено маслиново. Вегетата (и други слични зачини од други производители) ни е еден од главните зачини, а се употребува речиси во секое домаќинство.
     
    На glosipgirl, Glasna, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Органско не значи поздраво.
    Вегетата ако има МНГ(моно-натриум глутамат) кој го има во секое можно месо,јајца,млечни производи не е штетен и нема докази дека предизвикува нешто.
    Здраво е се ако се троши,ако се претера се складира.
    Не знам што толку се занимавате да е органско,кога за производство на органско земаат органски пестициди со повеќе од посигурните избори.
    http://skeptoid.com/episodes/4019
    Да не зборам за органското производство што направи во Германија 2010 година со Еширија коли.
    Did you ever wonder why Chinese drink only hot tea? They boil it to kill the bacteria. Most local Chinese farming uses organic methods, in that the only fertilizers used are human and animal waste: Without being boiled, it's basically a nice cup of E. coli. In the case of China and other poor nations, the reason for organic farming has less to do with ideology and more to do with lack of access to modern farming technology.

    The National Review reports that Americans believe organic food is healthier by a 2-1 margin, despite the lack of any evidence supporting this. When you take the exact same strain of a plant and grow it in two different ways, its chemical and genetic makeup remain the same. One may be larger than the other if one growing method was more efficient, but its fundamental makeup and biochemical content is defined by its genes, not by the way it was grown. Consumer Reports found no consistent difference in appearance, flavor, or texture. A blanket statement like "organic cultivation results in a crop with superior nutritional value" has no logical or factual basis.

    Some supporters of organic growing claim that the danger of non-organic food lies in the residues of chemical pesticides. This claim is even more ridiculous: Since the organic pesticides and fungicides are less efficient than their modern synthetic counterparts, up to seven times as much of it must be used. Organic pesticides include rotenone, which has been shown to cause the symptoms of Parkinson's Disease and is a natural poison used in hunting by some native tribes; pyrethrum, which is carcinogenic; sabadilla, which is highly toxic to honeybees; and fermented urine, which I don't want on my food whether it causes any diseases or not. Supporters of organics claim that the much larger amounts of chemicals they use is OK because those chemicals are all-natural. But just because something is natural doesn't mean that it's safe or healthy — consider the examples of hemlock, mercury, lead, toadstools, box jellyfish neurotoxin, asbestos — not to mention a nearly infinite number of toxic bacteria and viruses (E. coli, salmonella, bubonic plague, smallpox). When you hear any product claim to be healthy because its ingredients are all natural, be skeptical. By no definition can "all natural" mean that a product is healthful.

    Consider the logical absurdity proposed by those who claim conventional growers produce less healthful food. To the organically minded, conventional growers are evil greedy corporations interested only in their profit margin. What's the best way to improve the profit margin? To buy less pesticides and fertilizer. This means they must use far more advanced and efficient products. The idea that pesticides leave dangerous residues is many decades out of date. Food production is among the most regulated and scrutinized of processes, and today's synthetic pesticides and fertilizers are completely biodegradable. They're supported by decades of studies that demonstrate their total safety.
     
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.245
    Поголема глупост немам прочитано. :o :o

    Знаеш ти колку погрешни работи кажуваш, некој ќе те чита и лажно ќе верува во овие информации. Треба да те забранат на форумов. :^)

    Мононатриум глутаминат е една од водечките најштетни состојки. Баш поради неа се препорачува да се избегнуваат чипсови, смоки, конзервирана храна, сувомеснато, вегета. Зошто е прештетна !!! :x
     
    На Marossa и XMaN им се допаѓа ова.
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Што значи дека јадењето риба,млеко и млечни производи,месо,соја,мешунки е штетно?
    Ај жити се провери си ги изворите.
    Кога не знаеш што е глутамат и веруваш на рекла казала а не проверуваш научни истражувања,немаш кредибилитет да кажеш нешто.
    Ако извор ти е статија,форум или некоја фејсбук група далеку ќе стигнеш.
    Дај ми едно истражување што е направено и проверено од научници и прифатено од поголемиот круг на научници за твоите тврдења.
    The Joint Expert Committee on Food Additives (JECFA) of the United Nations Food and Agriculture Organization (FAO) and the World Health Organization (WHO), after careful review of more than 200 scientific reports evaluated glutamate as "Acceptable Daily Intake (ADI) not specified." This meant that the Committee concluded that no upper intake limit was necessary, placing monosodium glutamate in the category of the safest of all food additives.
    http://www.msgfacts.com/research/The_Sa ... amate.aspx
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.338
    ОК, нека не се вика органско, нека се вика непрскано. Никој не може да ме убеди дека непрсканото е исто здраво како и прсканото.

    Ешерихија коли не треба да се поврзува со органско или конвенционално производство, затоа што може да се јави и во едниот и во другиот случај.

    Вегетата беше забранета во многу земји. Сега и не знам како е, искрено, не ми е ни важно. Веќе одамна користам само сол, затоа што сметам дека така е подобро. Кога јадам во ресторан секако дека не очекувам дека се е направено како што го правам јас дома.

    Гледам дома да не јадеме многу готови призводи затоа што сите содржат емулгатори. Подготвуваме домашен леб од брашно кое наводно е без адитиви. Не се држам слепо до овие работи и сигурно дека на децата на училиште им даваат јадења со вегета и прскани јаболка, ама барем дома се трудам да постигнам некаков баланс, колку што можам. Некои работи имам од каде да ги добијам природни и непрскани, што за жал не е случај со млеко, месо и јајца, и купувам најнормално. Некако не ми сеедно, ама тоа е тоа, немам друга опција. И некои работи едноставно не можам да ги исфрлам или заменам со други, како еурокрем и чоколади. Децата ги обожаваат, а не можам да ги подготвувам дома.

    Жално е што кај нас многу тешко се наоѓаат непрскани работи. Прашуваш на пазар, те гледаат во очи и те лажат. Можеби така би имале помал принос, ама луѓето би се тепале да купуваат од кај нив.
     
    На glosipgirl, Glasna, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.358
    Јас се смеам кога читам, ти па не го сфаќај озбилно, терај сеир :lol:.
     
    На Glasna и Silver.E им се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Е621 – Мононатриум глутамат – многу силно ги надразнува и стумулира нервните клетки и на тој начин трајно ги оштетува. Затоа учествува во развојот на повеќе неуродегенеративни заболување како Алцхајмеровата, Паркинсоновата и Хантингтоновата болест. Го има како подобрувач на вкусот во повеќето солени производи како чипсови и грисини, скоро во сите видови супи, како и во повеќето зачини за готвење од типот на вегета.
    Stef,имам кажано,Википедија не е веродостоен извор..


    Едит:Знаеш зошто треба да биде органско? Пошто постојат милиони пестициди и слични препарати кои не знаеш како делуваат на човечкиот организам,и можеби ефектите не се забележиви сега,но ќе бидат во иднина...
    И како што кажа Ариел,многу битно е да знаеш правилно да ја приготвиш храната и нејзиното потекло да биде добро познато.
    Здрава храна е тежок поим,за некој нешто што е здраво,за друг е штетно...
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Не цитирав од википедија,а да цитирам од неа гледам изворите на информациите.
    Плус сега реномирани универзитети пишуваат на википедија.
    Статијава е добра за мсг.
    http://www.theguardian.com/lifeandstyle ... .features3
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.245
    MSG - Мононатриум глутаминатот, произведувачите го кријат под уште над 25 имиња (‘природен вкус‘, ‘природен зачин‘, ‘агиномото‘, итн.).
    Во вегетата го има дури 15 %.

    Она што е интересено, е дека создава ЗАВИСНОСТ. Затоа го користат и во рестораните, меѓу кои и Мекдоналдс.
    Едноставно, ве полудува таа храна и пак и пак барате од истото. Зависни сте од тој вкус.

    Три пати повеќе го зголемува лачењето на иснулин од панкреасот, а крајната цел е ДЕБЕЛЕЕЊЕ. Со сите болести кои доаѓаат со дебелеењето.
    А, најмногу се загрозени децата.

    НАЈОПАСЕН е кога се вари на 100 степени, или кога се печи/пржи на 250 степени.
    Затоа СОВЕТ за сите кои користат вегета или коцки за супа, да ги ставаат на крај од готвењето !!! :!:
     
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Господе боже,аман ова е дискусија за храна,ако сакате да отворите тема за МСГ слободно отворете.
    200 години јапонците го користат како зачин во нивните супи и немаат никакви проблеми и индикации,вие сега најдовте да рушите истражувања на тоа поле и да си ги ставате вашите заблуди пред фактите и истражувањата за него.
    Силвер,прво треба да разбереш дека секоја хемикалија може да биде полезна за човештвото,само затоа што звучи моно-натриум глутамат и има формула и ти звучи премногу научно и веднаш во твојата глава ти звучи штетно без да ги согледаш фактите и истражувањата на тоа поле.
    Прво не знаеш што зборуваш за инсулинот и не знаеш каков ефект има кон апетитот и кон дебелеењето,точно е дека инсулинот го спречува топењето на мастите но има и друга добра улога,не можеш се да гледаш црно бело.
    За да се едуцираш повеќе за инсулин прочитај ја статијава.
    http://weightology.net/weightologyweekly/?page_id=319
    П.С дебелеењето не е заради една причина,туку заради тоа што луѓето јадат повеќе од порано и не ги трошат тие калории.
    И кога ќе комбинираш брза храна и лежење добиваш комбинација за сите болести што ги велиш,кој нема врска со МСГ..
    Затоа како што реков коментарите се слободни,фактите се вечни.
    Кога истражуваш,земи ги фактите од журнали,истражувања од реномирани институции не од статии..
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Човек веќе не може да искоментира во темите за храна,Стеф на сите им контраш и им наоѓаш замерка,не мора за се да си во право.
    Во дискусија убаво е и да прифатиш туѓи аргументи..
     
    На GretaGarbo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Никаде никој не цитираше нешто за да си докаже своите аргументи.
    Така функционира наука,ако немаш докази и факти за твоите аргументи тоа е размислување не е факт...
     
  14. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Еве:
    http://www.globalhealingcenter.com/natu ... amate-msg/
    http://foodmatters.tv/articles-1/the-dangers-of-msg

    While it has been labeled as “generally recognized as safe” by the FDA, questions remain regarding the safety of its use in food.

    Those who hold that MSG is a culprit in health problems point out its classification as an excitotoxin, which essentially means it can "overexcite" one’s cells to the point of damage or death. As a result, it has been hypothesized that high intake of MSG could eventually lead to brain damage and even trigger learning disabilities and other disorders. They also warn that the substance can be disguised under other names and may already be present in foods claiming to not contain it.

    Сакав само да докажам поента,во секој случај темата не е за ова..
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Извор на информации.
    Source: www.naturalnews.com
    Како може анти-научна страна да биде сметана за факт жити се?
    http://rationalwiki.org/wiki/NaturalNews
    NaturalNews.com (formerly Newstarget) is an anti-science conspiracy website founded by Mike "the Health Ranger" Adams. The site promotes almost every sort of medical woo known to human history, though it specializes in vaccine denialism,[1] AIDS/HIV denial,[2] quack cancer medicine[3] and conspiracy theories about modern medicine.[4] Even other quacks think it's a quack site.[5] The site has recently broadened to include extreme environmentalism and conspiracy theorizing about Obama and gun control.
    If you cite NaturalNews on any matter whatsoever, you are almost certainly wrong.
    Како може човеков што пропагира алтернативна медицина да го сметаш за релативен.
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... jUbj8cVlSM
    Каде што збори за алуминиум и дека е штетен...
     
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Добро,ти така размислуваш,јас инаку..
    Ги имам прочитано истражувањата и процената на FDA, се базира на експерименти на животни кои реагирале негативно при инјектирање на големи дози на глутамат,а кај човекот немале ефекти.
    Оние тврдења дека ги уништуваат мозочните клетки и предизвикуваат дијабетес,дебелеење и сл не произлегле од ништо.
    Ако ги прочиташ анализите на FDA пред едно 10 години ќе видиш дека тие први тврделе дека моно натриум глутамат не е препорачлив за употреба и дека треба да се забрани.
    Важен факт е дека е присутен во многу храни кои се глобално користени се повеќе и повеќе,што станува потешко да се забрани,чисто поради економските придобивки.Има милион други адитиви кои се знае дека се штетни,а пак се користат.
    Друга работа,како што реков погоре за некој она што е здраво,за друг е штетно.Пак од страна на FDA e нагласено дека на просечно здрав човек не може да има моментни ефекти од глутаматот,ама на луѓе заболени од болести кои ја ослабуваат мозочната бариера не е препорачливо да се конзумира,бидејќи ги уништуваат мозочните клетки.
    Плус ова:
    Strategies to treat schizophrenia by reducing glutamate have been tried before, but with patients in whom the disease is more advanced. "Targeting glutamate may be more useful in high-risk people or in those with early signs of the disorder," said Jeffrey A. Lieberman, MD, an expert in the field of schizophrenia, Chair of the Department of Psychiatry at CUMC, and president-elect of the American Psychiatric Association. "Early intervention may prevent the debilitating effects of schizophrenia, increasing recovery in one of humankind's most costly mental disorders."
    In an accompanying commentary, Bita Moghaddam, professor of neuroscience and of psychiatry, University of Pittsburgh, suggests that if excess glutamate is driving schizophrenia in high-risk individuals, it may also explain why a patient's first psychotic episodes are often caused by periods of stress, since stress increases glutamate levels in the brain.
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Сите истражувања ти што ги кажуваш се правени на глувци,не на луѓе и дозата била 10 грама на секој кг,тешко некој дека ќе изеде толкава количина за да постигне негативен ефект.
    Треба да знаеш дека глутамат е амино-киселина ја има во сите протеински храни.
    Како што реков јас се фокусирам на факти се што е претерано не е убаво.
    Стравот со хемикалиите доаѓа од природната заблуда и луѓето денес ќе се тргнат од секаква хемикалија само за да се чувстуваат поздрави и почисти.
    Само ако е природно,органско или било што да пишува на етикетата не значи поздраво.
    Умереноста е клуч на се.
     
  18. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    59.338
    Кога сме кај здравата евтина храна, тоа што претходно испуштив да го пишам е дека важно е да јадеме сезонски зеленчук и овошје, кои се од ова поднебје. Во сезона тие се најевтини, највкусни и имаат најдобар состав.

    Во последно време во текот на целата година има се, па да бидам искрена, за некои работи, на пример марула, јас веќе појма немам кога им е сезона. Цела година имаме домати, краставици, пред некој ден видов и некои џиновски јагоди, имаме грозје, сливи, што ти душа сака. Ама сосема се различни од сезонските, а и многу се скапи.

    Имаме од увоз најразлични работи - авокадо, дајкун, брусница, аронија (иако веќе мислам дека и тука се одгледуваат последниве две). На странски сајтови секогаш читам дека аронијата или брусницата биле многу здрави. Не велам не, ама мислам дека пред да почнеме масовно да ги користиме, да се прашаме или подобро да испитаме што имаат овошките од овие простори. Сигурна сум дека шипинките, боровинките, дренките и другите за нас типични растенија исто така имаат многу витамини. Наместо на пазар или по маркетите, доволно е да излеземе во природа и таму ќе најдеме многу од овие плодови, и тоа бесплатно.
     
    На glosipgirl и DAngel им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    49.660
    Пол:
    Женски
    Стеф очекуваш да ги почитуваат твоите мислења, почитувај и ти. МНГ е општо познат дека е штетен ти се најде сега паметен да тврдиш дека не е, а јапонците сигурно не користат Зачинал како нас, при толку зачини кај нив сигурно не користат сув зеленчук со сол, пченкарно брашно, сода и мноооооггггуууу емулгатори.
    Убава замена за вегетата ми е сув зеленчук на Виталиа, нема сол, нема емулгатори, буквално мириса на зеленчук супата и не ја остава онаа жолта боја која ја остава вегетата. Ако сакам жолта боја на оризот ставам шафран, куркума, кари... сол морска за солење и нема потреба од штетни емулгатори да внесувам па и преку нешто толку здраво како супата ;)
     
    На Marossa и Glasna им се допаѓа ова.
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    491
    Како што реков тоа е ваше размислување основано од страв кон хемикалии.
    Ако на едно јаболко му се пише цела формула тогаш ќе го јадете или ќе речете дека е штетно.
    Читате од блогови не од журнали или истражувања направени за тоа.
    Се додека е така не може да се рече вистина,зашто прво не ни знаете што е глутамат и дека го има во телото.
    Едуцирајте се,добро место за тоа е pub med.