Казни, казни, казни

Дискусија во 'Политика и настани' започната од babaDara, 2 ноември 2014.

  1. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    608
    Пол:
    Женски
    Не знам колку сте во теков со новиве правила и водење на политиката. Насекаде фрчат казни ама буквално баш за се и сешто. Последново - 2500 евра за комшијата ако врши семејно насилство ако не го пријавиш. Мене искрено ми е смешно, прво како може да се мешаш во туѓиот живот и некого да пријавуваш, а најгоре некој да ти пише казна зошто не си го направил тоа. Второ, парни непарни возила абе тон работи кои се чиста глупост. Ајде подржувам се возат во автобус без карта и да платат ама другово Господ нека ни помогне. сакам да слушнам ваши мислења. :x:x:x
     
    На sweet-star и Lovely93 им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    12.689
    Пол:
    Женски
    Имаше едно видео такво. :D
    Се дур има овци, ќе има кој да ги (нè) стриже. Такви сме ние, галамџии по форуми, а у живо нигде не нема. Си ќутиме, за ништо не се буниме.
     
    На MaryAntoaneta, feminium, Golden и 8 други им се допаѓа ова.
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    608
    Пол:
    Женски
    Да ама кој да покрене било каква иницијатива. јас не знам како ќе живееме и до кога вака ќе функционираме. одиме да ја регистрираме колата кога плаќаме 3000 денари за патишта. Е сега видете колку коли се регистрираат и колку се тоа X3000. Каде одат тие пари? Народот си ќути и до каде така, додека не дојдеме да просиме сите. Еден народ живее убаво, кафани, шетање, трошење државни пари, правила кои не важат за нив а ние не знам како издржуваме. Јас живеам со 10000 денари месечно. И до кога ми стигнуваат до 10 едвај. До каде вака, Господ само нека помага и нека гледа.
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.517
    Преку 70 казни имало во последниве две недели и тоа во Аеродром, К.В и Карпош.
    Оф земјо моја. Народ глуп. Просто македонче.

    Што не се пише некоја казна во Кондово или Чаир или Сарај?

    Е ама тамо нема закон, Удри на македончето, нека го полни буџетот.

    Од сите овие казни до сега што се донесени, во Гостивар не важи ниедна. Кај нас никој на пешачки не преминува, никој на пешачки не застанува, никој не става појас, никој не внимава на знаци и правила. Секаде се пуши БУКВАЛНО во сите кафани и кафулиња, дури и во ходниците на болницата. Да не набројувам и понатака, пошто кажав дека ништо не важи кај нас.
    Ама многу се нервирам кога ќе слушанам дека во Валандово или Кочани или Штип се лепат казни ко да се тепаат комарци во лето.

    Ете така македончиња мои, врзувајте патиките и да ве нема од државава или бар преселете се во некое аљбанско окупирано место.
     
    На WORRIED.BT, SexiLy, babaDara и 2 други им се допаѓа ова.
  5. kikitta

    kikitta Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    ќе летаат казни се додека некои се синови и ќерки на некого а сите други сме обични граѓани.

    се додека оние кои се ,,посебни,, се почитувани и се ракоплеска на муабетот за непочитувањето на правилата и за успешно неплатена казна или ненапишан прекршок, а оние кои ја признаваат грешката се потценувани никаде не стигнуваме.
    Како може законот да не важи за сите... епа се нервирам како не...

    Кога го донесоа законот за млади возачи дека несмеат да возат после 23 часот јас можев да го почитувам .. епа ако важел за мене ќе важи и за синот на градоначалникот кој пред се е граѓанин на Р. Македонија во која нели законите важат за сите.. епа се додека се замижува на вакви работи ќе се бара излез побргу од оваа пуста земјичка во која оние кои чесно и пожртвувано работат се потценувани ... казни ДА ама за сите еднакво ...
     
  6. mh23

    mh23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    46
    Како да кажам секогаш сме биле поробувани и окупирани без разлика дали окупаторот бил Бугарин Германец или Македонец. Мислев дека независна Македонија е решението и конечно сме самостојни но изгледа не че да е така. Се докажа дека поголеми фашисти од нашиве нема. Со тогаш плаќале даннок на поробувачите и сега е така, само сменати се имињата наместо паши бегој се викаат министри и влада. Решението не се казните туку едукација на народот тоа е исто како детето постојано да го тепам и ќе постигнам некоја цел освен да ме мрази??? Или ај да играме на отворени карти треба казни за да се полни буџетот за да се вратат кредитите од 2014 нели? барем нека бидат искрени и нека кажат а не да ми кажуваат дека измислиле топла вода
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    76.907
    Te молам за болдираното да ми посочиш член и од кога е влезено во сила или е само трач?

    Инаку, народот функционира само ако има награди и казни. Е сеа, ако не згазиш човек кога возиш спротивно ве едносмерна нема да ти дадат бонбонче, ама ке те казнат ако убиеш некој.
    Кој згрешил, треба да се казни.

    Одамна постоеја казните, особено за „македончињата“ во странство и им беа и таму скапи, ама таму ги почитуваа. Тука плукаат и серат по улица, и да немало казна. После не било чисто. Се смееја како тоа казна за фрлање ѓубре, а сега внимаваат. Возат со 100 на саат во град, не требало да ги казнат. Она бабине се шетаат по булевар ко на модна писта, не требало да се казнат. Чудно како сите сакаат да не се крши законот, а да нема казни.

    Ако е вистина ова за пријавата за комшијата, и мене ќе ме казнат. Живеам во маало со глупачи кои секој ден се претепувани од мажите и нормално дека не ги пријавувам. Да им сметало, сами ке си пријавеле. Вака, нека ги тепаат и по два пати на ден ако сакаат. Нивен живот.
     
    На mims-89, Abeja и Daleron им се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    31.185
    Пол:
    Женски
    И треба казни во државава ама не селективно казнување а во Чаир како што кажаа не знаат веке кај тераат. Не може вечито чобаните у колите од мама и тато коа ке видат пешак на пешачи на зелено како поминува да не му застанат да го пцујат и да му свират,пошо нели они се вечито у журба и немаат време да те пропуштат ке закаснат на договореното кафе !! Не може 60 годишен слепец мене на пешачки да ми ја искрши раката затоа што од никаде нигде му текна да вози рикверц и во исто време да бамботи на мобилен па да не ме види дека поминувам. Исто сум за НАЈВИСОКИ казни за кафичиве во чаршија што урлаат гласна музика до сабајле без разлика дали е празник или делник а има стамбени згради во нивна околина и лугето во тие згради не можат да се наспијат навечер а не па да станат за на работа сабајле.

    И да казна за тие што се сведоци на казнено дело ама нејкат да го пријават. И самиот казнен закон определува активен и пасивен извршувач на казнено дело. Да слушам дека комшшите до мене ми урлаат секој ден богами ке викнам полиција. И не,не го сметам тоа за навлагање во нечива интима. Од кај да знам тој можеби ја млати жената и ја држи за ланец заврзана па не може таа сама да пријави. Граганска должност ми е да пријавам таков настан исто како што должност ми е да пријавам ако видам под прозор како некој расфрла дрога или спрема некое инкриминирачко дејство. Не ние многу културни ке се праиме . Сите комшии те знаат у колку си се прибрал од град тоа не им е срам ,ама незгодно им е ако слушаат како плачеш и молиш за помош од соседниот стан да пријават во полиција.

    Пред неколку години сред лето дека немаме клима отвараме дома навечер прозорите промаја да се напраи малце да се разладиме.Дувна посилен ветер ,се напраи промоја се скрши едниот прозор и падна надвор. Ама многу гласно удри и некој од комшииве си напраил филм во главата дека којзнае што се десило.Бап после некое време на врата 2ца цајкани-Добра вечер вака и вака добивме пријава,дојдовме да видиме што е работа .Мајка ми беше на работа 3та смена ја и татко ми дома сами.Ок , влезете не е проблем.Малце ни падна незгодно и на мене и на татко ми , влегоа овие пороварија по собите не прашаа што се десило им објаснивме -си заминаа. Јес да како што кажав со татко ми малце се стресовме коа ги видовме ама па си викаш боље така да се јави некој коа ке види дека нешто се дешава отколку да глуматаат дека ништо не знаат а со сите комшии те оговараат дека вчера од твојот стан галама и караница имало.
     
    На Ariel, mims-89, Bridget и 6 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    18.229
    Допаѓања:
    119.164
    Пол:
    Женски
    Колку е казна за плукање на џвакача во воздух ( ако на некој му падне во кафе)? :?:
     
    На babaDara му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    2.540
    Допаѓања:
    22.430
    Тоа со возењето парни непарни возила нема да се спроведе.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Има многу казни, високи цени ама и треба да има. Овој народ мора по џебот да го удриш па да се свести малку. Толку некултура нема никаде на светов.

    Внимавајте па нема да ве казнат. Како мене никогаш за ништо не ме казниле? Значи и тоа може ако се однесуваш на секое соодветно место како што треба. Која е логиката на црвено да поминуваш кога ќе ти текне? Небитно дали си пешак или возач. Која е логиката пензионериве да поминуваат улица на сред булевар каде што нема пешачки? Не казни, затвор треба за такви. Уште има луѓе кои мочаат и плукаат на улица. Знаете која некултура е тоа? Знаете колку мажи имам видено во некое ќоше застанати со грб и уринираат? Страшно несовесна нација сме. Да му се згади на човек. Плуканици на сите страни. Пазам кога одам по улица, гад ми е да газам кога ќе ми текне што се' ми се лепи за чевлите. Луѓево кај нас уште каиш не врзуваат кога ќе седнат во кола. Не се свесни ни за сопствениот живот. Еден странец ми се чудеше кога виде дека при прво влегување во кола ставам каиш. Вели прв пат да видам некој во Македонија во кола одма каиш да стави.

    Татко ми само еднаш го казнија за неправилно паркирање. Колата ја оставил на сред автобуска каде што треба автобус да застане. Казна си доби, па оди сега види дали ја паркира колата пак на некое несоодветно место. За ништо друго не сме добиле казна. Таа беше една и единствена.
     
    На naturally, Sky-butterfly, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Јас сум за казни и тоа уште поголеми, да се свестиме малку што правиме.
    Возам едно утро по Партизанска за на работа, на пешачки поминува пешак и подзастанувам, кога слушам од позади трааас.Остај трас ме подбутна и пешакот ќе го изгазев.Типот со тетовска регистрација залетан како на патот Тетово-Гостивар ме тресна. Како бре да нема казни ни крива ни должна доволно беше да го потчукнам пешакот и затвор да лежам.Мо*ки насекаде кај да нагазиш г*вно, црвено за пешаци тој се однесува како на татко му да е улицата.Што барав на жолто да поминам? Па ме казнија и си платив.
    Сега да ме видите кога ме удрија по џебот како возам внимателно, а не вујко, чиче, стрина ќе ја скинат казната е неможе веќе.
     
    На SwanMay, Dust, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.282
    Допаѓања:
    49.986
    Пол:
    Женски
    Прво, сум за казни, зашто народов наш поинаку никогаш нема да се научи.
    Ама да функционираше се како што треба, подеднакво за сите. Што не е случајот. И никогаш нема ни да биде. Казнуваат само кај што можат и кај што имаат сила, од другата страна не ги чепкаат, пушат внатре, возат кај што сакаат, паркираат како сакаат. Никому ништо.
    Тие што се моќни исто никому ништо. И да им пишат казна ќе исчезне. И кој на крај пати од казниве? Истиот народ што трпи и се друго во земјава.
     
    На Ariel, K-a-t-e, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.615
    Допаѓања:
    26.975
    Пол:
    Женски
    На грбот на македончето ништо не боли. Ако боли ќе си потрпи и никому ништо. Казните се знае кој ќе ги плаќа, а кој нема. Спиеме и ништо друго.
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.923
    Премногу задужени сме и мора да се полни буџетот и да се исплаќа долгот. Од горе само трупаат нови закони, и викаат овие македончињава доле не се жалат, не протестираат супер им се законите.
     
    На DraTilHelvete и Night Rider им се допаѓа ова.
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    4.830
    Пол:
    Женски
    Претераа навистина со казниве,ако им е празна касава со паричиња не значи дека треба да ја наполнат со земани пари од казни,и казни за секоја глупост да пишуват. Жити се,Македонија е ова не е Америка.

    Инаку ме интересира колку пари е казна ако имаш 18 години а немаш лична карта?
     
  17. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    713
    Пол:
    Машки
    Казните немаат за цел `да го научат народот` да ги почитува правилата и прописите туку да се присобере некоја паричка за буџет.

    Секоја година казните се повисоки и секоја година се повеќе смртни случаи по патиштата.
    Ниедна казна на светот нема да го научи овдешниот граѓанин да не се враќа од свадба со кола бидејќи е начукан па макар вовеле и бесење.
     
    На DraTilHelvete, SwanMay и okcenzi им се допаѓа ова.
  18. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.393
    Пол:
    Женски
    Во странство сите ги почитуваме знаците правилата, па дури и во Србија ако те казни навечер ќе чекаш да утрото да платиш.Епа менталитет бе сестри МЕНТАЛИТЕТ.
    Законот ги штити пешаците, абре овци не е закон за секого на пешачки.
    Пр: Секој ден се враќам од работа позади трговски кај Холидеј ин. Ми требаат добри 20 минути да поминам релација од 200 метри, епа не е за секого закон се влечат како црева. До народот е не до законите.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.923
    Ако казните со волку големи тогаш нека ги покачат платите за да можеме да си ги платиме казните.
    Имаше на некој сајт кај што ги споредуваат германските и нашите казни. Скоро беа исти, а некои беа и поефтини кај нив. Ама кај нив плата е 1.000 евра минимум. Кај нас е 500 евра максимум. :D
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.323
    Don't do the crime if you can't do the time(pay the fine) :angel: